Прослава на Собор на светиот славен пророк, Претеча и Крстител Јован во Велес

Example Super-Admin User · 1 month ago

    3 minutes, 57 seconds


На 20.01.2025 година, на празникот на Соборот на светиот славен пророк, Претеча и Крстител Јован, во храмот „Свети Јован Крстител“ во Велес, надлежниот Митрополит Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и на викарниот Епископ Стобиски г. Јаков, како и на бројно свештенство, богослужеше света архиерејска Литургија. На Божествената Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Со свое слово-проповед се обрати Митрополитот г. Јосиф, кој меѓудругото нагласи:

Во вчерашниот ден, торжествено го прославивме празникот Богојавление, а денеска го прославуваме и првиот сведок на тој настан, го прославуваме Крстителот Господов, кој се удостоил најпрво да Го види Бога во тело. Сето тоа ни го кажува денешното Евангелие. Каква чест, каков дар и милост од Бога. Затоа и денес, на само еден ден по Водици, нашата Црква одредила и величествено го прославува празникот Соборот на свети Јован Крстител и Претеча на нашиот Спасител, Господ Исус Христос. И по тој празничен повод ние архиереите на чело со вашиот владика г. Агатангел, се наоѓаме во храмот на Крстителот Христов, овде во Велес, каде со чествувањето на овој храмов празник продолжува нашата Богојавленска радост, продолжува нашата празнична радост предизвикана од Божјото јавување, од откривањето на Троичниот Бог за време на Крштението на Господ Исус Христос на реката Јордан од страна на светиот Јован, на кого сите ние денес му ја оддаваме заслужената почит како човек, кој поживел рамноангелски живот.

Почитувани, споменот на големиот Божји угодник, на претечата Јован, се прославува повеќе пати во годината. Исто така, секој вторник е посветен на св. Јован Крстител.

Култот кон свети Јован отсекогаш бил еден од најраширените во Православната Црква. Тоа го сведочат и многуте храмови посветени на него, меѓу кој и овој велелепен храм овде во вашиот град, како и многуте реликвијари што ги содржат неговите чесни мошти, распространети ширум православниот свет. Неговата икона ја наоѓаме на секој иконостас, и тоа веднаш до иконата на Господа Исуса Христа. Најпосетувани места се оние каде светиот Претеча е роден, местото каде што тој ја извршувал својата служба и местото каде што била отсечена неговата света глава. Светиот Јован Претеча го добил името Јован, што значи „дар од Бога“, од самиот Бог. Го нарекуваме Претеча, затоа што Му претходел на Христа и го подготвил патот за Неговото дело. Го нарекуваме и Крстител, затоа што тој бил удостоен да Го крсти Христа во реката Јордан. Тој е една голема личност пофалена од самиот Христос, Кој за него рекол: „Меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јована Крстител“ (Мт. 11, 11). Она што гледаме во Чесниот Претеча е последен пророк од Стариот и прв пророк од Новиот Завет, зашто самиот живеел на границата меѓу Стариот и Новиот Завет. Тој е една прекрасна врска меѓу пророците и апостолите.

Возљубени,

Чествувајќи го споменот Јованов, особено е важно да ги имаме на ум поуките на нашата света Православна Црква, која како наша духовна мајка, нè поучува и нè повикува и ние да се угледаме на повикот на светиот Јован Крстител и Претеча, кој гласи: „Покајте се, зашто се приближи царството небесно“ (Матеј 3, 2). Па сходно на неговиот спасоносен повик и ние да отфрлиме од нашиот живот секакви лоши мисли и постапки и да го подготвиме патот по кој ќе чекориме низ целиот наш живот, на патот кој води кон вечната средба со Христос, Кој од преголема љубов кон човекот, заради сите нас и заради нашето спасение благоволи да се крсти од Јована. Нашиот животен и духовен подвиг треба да е постојано активен. Ние христијаните треба како светиот Јован да сме постојано подготвени за средба со Господа. А подготвени ќе бидеме само доколку го практикуваме покајанието и исповедањето на нашата спасоносна вера.

Во тој подвиг од особена полза ни се животот, делата и проповедта на денешниот светител, во чиј храм се наоѓаме тука во убавиот Велес. Вие жителите на овој град, имајќи блиску храм посветен на Крстителот, имате едно непроценливо богатство, ја  имате можноста постојано истиот често да го посетувате и да ги упатувате своите молитви кон Претечата, кој вели: „Еве го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе“. Денес, пак, на неговиот празничен ден, сите ние да се обратиме со искрена молитва кон него да нè насочи на патот на богопознанието и просветлението, за да и ние покајани и очистени од нашите гревови, просветлени од Божјата светлина постојано бидеме Божји сведоци. Да се помолиме свети Јован да ни биде наш молитвен покровител. Тој да ни ја засили верата православна, па и ние, како верни слуги на нашата света Македонска Црква, да се преобразиме како луѓе. Да отфрлиме од нашите срца и души секаква злоба, пакост, завидливост и сите останати пороци. Да ги подготвиме нашите срца и души, за во нив да се всели мирот и благодатта Божја, па да одиме по вистинскиот Христов пат. Амин!

Ја користам оваа прилика да искажам благодарствени зборови од мое име и од името на Епископот г. Јаков до вашиот владика Митрополитот Повардарски г. Агатангел за поканата и на сите Вас за љубовта и вниманието, кое многупати сум имал прилика да го почувствувам при посетите и сослужувањата во Повардарската епархија.

На сите Вас кои го славите овој ден како куќна слава и го носите неговото име, ви честитам и посакувам многу здравје, радост и благослов во животот. Нека е за многу години храмовиот празник. Амин!

Извор: https://tge.mk/product/sobor-na-svetiot-slaven-prorok-pretecha-i-krstitel-jovan

Source: https://liturgija.mk/aktuelno/mpc/proslava-na-sobor-na-svetiot-slaven-prorok-pretecha-i-krstitel-jovan-vo-veles/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
1 month ago

ЗА ПОСТОТ – Свети Јован Кронштадски

……….. Постот е добар учител, бидејќи: 1. дава можност веднаш да се согледа (од секој што пости) дека на човекот всушност му е потребно многу малку храна и пиење, и дека ние сме лакоми – јадеме и пиеме многу повеќе отколку што ни е потребно, т.е отколку што ѝ е потребно на нашата природа;...

Image Description
2 months ago

Духовна поука за солзи

  Духовна поука за солзи Да ги негувате солзите.  Да се ​​негуваат слики, мисли кои поттикнуваат солзи.  Негував слика од мртвото тело на старецот Јосиф. Кога го бакнував и кога се сетивме на него, мислев дека наскоро ќе бидам и јас таков.  Мислев, можеби Бог нема да ме прифати, нема да ми прости и...

Image Description
8 months ago

Нејзиниот мирис, а не злобата...

 Нејзиниот мирис, а не злобатаНашите постапки, оние што излегуваат од нас, не само што излегуваат од нашите усти, туку излегуваат од нас самите, од нашиот дух и им го откриваат на другите луѓе нашето духовно битие.Луѓето ја гледаат нечистотијата на нашиот дух. Тоа нè прави нечисти. Луѓето нè гледаат...