Божјата вода и водата на ѓаволот не се вклопуваат во исто шише.
Свештеникот во Русија по Богојавленскиот благослов ги наполнил шишињата на парохијаните. Една средовечна госпоѓа му пришла и му подала прекрасно шише. Но, штом ставил Крстената вода во шишетo се скрши самото!
- Госпоѓо, што имаше во шишето? - праша збунетиот свештеник.
Жената ја спушти главата од срам и призна:
- Отец, видов едно момче и сакав да го омажам за ќерка ми. За да го постигнам тоа, отидов кај една стара бајчка и таа ми даде „вода на љубовта“, како што рече. Но, се плашев да и дадам на ќерка ми да ја испие. И да се осигурам дека нема да и смета, мислев да ја помешам со Крстена вода!
„Видовте ли тогаш“, рече свештеникот, „дека Божјата вода и водата на ѓаволот не се вклопуваат во исто шише? Затоа станаа парчиња. Потребно е многу внимание. Она што сакаме, мора да го бараме само од Бога, нашиот Татко. А Он, ако е за наше добро, ќе ни го даде. ѓаволот, пак, прави илјада и две отстапки за навидум да ни угоди, а потоа да не одведе во пропаст.
Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2025/01/blog-post_71.html