Прослава на свети Наум Чудотворец, во неговиот манастир во Охрид

Example Super-Admin User · 7 months ago

    4 minutes, 44 seconds


„Како помошник на јерархот Климента,
божествениот Наум дојде меѓу народот македонски,
и го просвети со светлината на проповедањето.
Затоа сега со него се прославува“
(песна од канонот на Утрена на
преп. Наум Охридски Чудотворец)

Нашиот преподобен Наум, нашиот заштитник кој бдее над водите од прекрасното Охридско езеро, и оваа година беше прославен со најторжествени песнопенија и поклоненија, принесени од неизбројниот верен народ, кој дојде од сите страни во Светинаумовиот манастир за да му се поклони на Чудотворецот, чии чудеса и денеска немаат број.

Празнувањето на нашиот молитвеник Наум започна на 2 јули 2024 година, со Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот и светштенослужители од Дебарско-кичевската епархија. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто подолу во целост ја пренесуваме.

Торжествата продолжија утредента, на 3 јули, кога беше отслужена света архијерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри,

Ние денеска се собравме во овој свет манастир за да го прославиме светиот наш отец Наум Охридскиот Чудотворец. Неговиот живот нѐ поучува како да растеме во нашиот христијански духовен живот. Сите ние како христијани сме повикани кон тоа духовно растење. Повикани сме да одиме по тој пат од сила во сила, по лествицата на духовното совршенство. Светиот Макариј Велики вели: Зачнувањето во мајчината утроба не го прави човекот одеднаш совршен човек, туку тој постепено поприма човечки образ и се раѓа во несовршен човек. Нему му се потребни години да расте, да се развива и дури потоа да постане маж. Исто така, и семињата што ги сееме, јачменот или пченицата, не пуштаат корења штом ќе ги фрлиме в земја туку, откако ќе помине студеното и ветровито време, по долго време пуштаат корења и стебла, и најпосле и донесуваат и плод. Така се случува и во духовниот живот, каде со голема мудрост и постапно растење човекот доаѓа до совршен маж, според мерката на растот, и онака како што нѐ утврдува Црквата.

За духовниот раст е неопходно многу трпение и многу труд. Примерот на преп. Макариј Велики е од голема полза и практичен во нашиот обичен живот. Тој се покажува како реална цел за секој возрасен човек, кој не треба да се подава на светските прилики туку да расте во светоста како младенец. На тој пат на растот треба да собира сили, да се учи и да се збогатува. Но, додека да го постигне сето тоа, мора да помине и да надживее многу непријатности и многубројни искушенија, па да се издигне во потполн совршен човек. Тој мора да преживее многу зла и слабости и од истите да се ослободи. Треба постојано да се украсува со добродетели и со ништо да не го нарушува правилниот раст и во сѐ да напредува. Зашто за да се издигне по скалилата на христијанското совршенство потребно е успешно да помине преку разни искушенија и да положи многу испити за да издејствува небесни победи. Потребно е непрестајно да се занимаваме со духовниот раст на својата душа. Нашата беда е во тоа што ние, како по некое непишано правило, многу малку време одделуваме за неа, за внатрешниот живот и за здравјето на душата. За нас е својствено поголемиот дел од времето и силите да ги посветуваме не на бесмртната душа туку на телесните и материјални суети, и на ниските човечки мисли и потреби.

Така, навистина, било отсекогаш и во сите времиња. Уште древниот грчки философ Диоген, гледајќи го животот на своите современици, ќе забележи дека луѓето не се заинтересирани и не посветуваат внимание на возвишени нешта, како што се математиката, етиката, философијата и сл, туку се занимаваат со она што му е угодно на телото. Жителите во времето на овој философ, и покрај тоа што биле мудри, сепак живееле пред раѓањето на Господа Христа и биле јазичници. Тие не ја знаеле евангелската вистина и не им останувало ништо друго освен да се посветат сецело на земјата. Небото за нив било затворено. Но, нам христијаните Евангелието ни е дадено и ние потполно владееме со целосната вистина. Воскресението Христово ни го отвори небото, и ако по сето ова сепак ја избереме земјата и својот живот го посветиме само за неа, со што ќе се оправдаме пред Бога?

Од нас се очекува да се посветиме на нашиот духовен раст и да вложиме неуморен труд. За да израсне една градина треба најпрво да се засадат во неа добри семиња, а кога семињата ќе израснат да се грижиме за цветовите. Истото е и со душата. За да израсне таа во благородна душа треба да ја украсиме со цветовите на добродетелите, та потоа да донесе плод што Господ го очекува од нас. Господ сака да престојува во секоја човечка душа. Но за да се всели во неа, потребно е таа да биде приготвена и украсена. Како што еден земен цар нема да живее во некој нечист и недоличен дом, така и небесниот Цар не доаѓа и нема да се всели во нечист и осквернет со страсти и гревови дом. Светите отци велат дека сите заповеди што им се дадени од Бога на луѓето имаат за цел да го очистат човековото срце. За тоа ни зборува и Евангелието: Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога! (Мт. 5, 8). Токму во очистувањето и украсувањето на душата со добродетелите се состои духовниот раст кај секој христијанин и смислата на неговиот живот. Да не забораваме и да се потрудиме да ги украсиме нашите души и да ги направиме храмови за Бога, па Он да се всели и да престојува во нив.

За тоа најдобро ни сведочи и нѐ поучува св. Наум Охридскиот Чудотворец, кој севкупниот свој живот го посветил на очистување на своето срце и душа. Тој Му приготвил достојно и чисто место на вечниот Бог, а сега, пак, самиот тој престојува во небесното Царство, заедно со останатите Божји угодници. Бог сега преку него ја испраќа Својата благодат врз сите кои бараат избавување и спасение на душата. По неговите молитви, и ние да постанеме чисти домови за вечниот Бог, сега и во сите векови. Амин.

Митрополит Тимотеј

Вечерна на Св. Наум Охридски
Манастир „Св. Наум Охридски“ Охрид
02.07.2024 г.

Извор: https://www.dke.org.mk/index.php/3678-svnaumleten24

The post Прослава на свети Наум Чудотворец, во неговиот манастир во Охрид appeared first on Литургија.мк.

Source: https://liturgija.mk/aktuelno/mpc/proslava-na-sveti-naum-chudotvorec-vo-negoviot-manastir-vo-ohrid/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
3 months ago

Но, ако размислиме во каква положба го доведуваме Бога со нашите страсти...

 Но, ако размислиме во каква положба го доведуваме Бога со нашите страсти... Многумина го земаат молкот Божји како знак дека Бог „не постои“, „умре“.Но, ако размислиме во каква положба го доведуваме Бога со нашите страсти, тогаш би виделе дека Тој нема друг избор освен да молчи.Го молиме Него да не...

Image Description
3 months ago

Се плашам да се соочам со мене за да можам да се соочам со тебе, мој Христе...

 Се плашам да се соочам со мене за да можам да се соочам со тебе, мој Христе...Се плашам да се соочам со мене за да можам да се соочам со тебе, мој Христе...Се плашиме да се соочиме со себе…Се плашиме да се соочиме со Христос...Зошто...?Тие поминуваат часови, денови и години трчајќи и грижејќи се мн...

Image Description
1 month ago

Човекот е создаден да биде слободен...

 Човекот е создаден да биде слободен Многумина живеат во заблуда дека времето е сојузник на гревот, убедени дека еден ден ќе се покаат кога ќе биде вистинското време.  Но, вистината е поинаква.  Како што велеше Патријархот Павле, кога човек ќе влезе во калта на гревот до глуждовите, тој може лесно д...