На нашиот портал го објавуваме во електронска форма првиот број на Службениот весник на Македонската Православна Црква, „Гласник“, од 1959 година.
Станува збор за исклучително значаен историски документ, во кој се запишани првите одлуки на тогашниот Свет Синод на Македонската Православна Црква и основните принципи на новиот црковен Устав. Весникот е објавен кога официјално е возобновена Охридската Архиепископија како самостојна Македонска Православна Црква.
Со оваа објава сакаме да им овозможиме на пошироката јавност, на верниците, историчарите и истражувачите, но и на сите љубопитни читатели, да се запознаат со еден од најзначајните документи од поновата историја на македонското црковно и духовно наследство.
Оваа објава претставува мал придонес во зачувувањето на историјата и сеќавањето на генерациите кои ја обновија Македонската Православна Црква како продолжение на древната Охридска Архиепископија и како дел од идентитетот и духовноста на македонскиот народ.
Source: https://liturgija.mk/bogoslovie/istorija/prv-broj-na-glasnik-sluzhbeniot-vesnik-na-makedonskata-pravoslavna-crkva/