Првиот и најважен извор на сите нешта е: мојата душа го благословува Господа...
... Нема излез, како што стојат работите. Денешното Евангелие: Со својата трпеливост спасувајте ги душите свои (Лука 21,19).
Изворот на лажната религија е неможноста да се радуваме, попрво негирањето на радоста, додека радоста е апсолутно суштинска затоа што, без сомнение, таа е плод на Божјото присуство. Човек не може да знае дека Бог постои и да не се радува. Само во однос на радоста, стравот Божји и смирението се правилни, искрени и плодни. Надвор од радост, сè станува демонско, подлабоко изопачување на секое религиозно искуство. Религија на страв. Религија на лажно понизување. Религија на вина: сите со искушенија и замки – навистина многу силни, не само во светот, туку и во Црквата. „Религиозните“ некако на радост гледаат со сомнеж.
Прв и главен извор на сите нешта е: мојата душа го благословува Господа... . Стравот од гревот не нè спасува од гревот. Она што не спасува е радоста во Господа. Чувството на вина или морал не нè ослободува од светот и неговите искушенија. Радоста е основата на слободата, каде сме повикани да застанеме. Каде, како и кога оваа атмосфера на христијанството се искриви и затапе - поточно, каде, како и кога христијаните станаа глуви на радост? …
Постојано доаѓаат луѓе да побараат совет (денес од 7:30 сабајле, исповед, дискусија, дискусија, дискусија, четворица со проблеми, не сметајќи ги состаноците што ги имам подоцна). И некоја слабост или лажен срам ме спречува да им кажам: Немам совет да ви дадам. Имам само изнемоштена, треперлива, но сепак за мене, непрекината радост. Дали ја сакате? Не, не ја сакаат. Сакаат да разговараат за „проблеми“ и да разговараат за „решенија“. Не, немало поголема победа на ѓаволот во светот од оваа „психологизирана“ религија. Во психологијата има се. За неа едно е незамисливо: радост!
отец Александр Шмеман
Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2024/07/blog-post_86.html