ОХ, ДУХУ СВЕТ, НЕ ОСТАВАЈ МЕ!

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 33 seconds


(Покајанието патот во Царството Божјо – Старец Филотеј Зервахос)

Со покајание се учиме во љубовта Божја.

Сите чесни и смирени луѓе кои што се послушни и воздржани и кои што се каат за своите гревови веќе се на Небото и го гледаат нашиот Господ Исус Христос во слава, ја слушаат Херувимската песна и забораваат на се` земно.

А ние скитаме по светот како прашина која ветерот ја носи и умот наш за земјата е врзан.

О, немоќен е мојот дух! Тој се гаси како пламенче од слабиот ветер; а духот на Светителите гореше силно, како несогорливата капина (2. Мојс. 3,2).

Кој ќе ми даде таков жар, што ни ден ни ноќ спокојство да немам без Божјата љубов.

Голема е љубовта Божја.

Заради неа Светителите сите неволји ги истрпувале и со неа силата на чудотворставата ги достигнале.

Тие исцелувале болни, мртви воскреснувале, по вода оделе, за време на молитва во воздухот лебделе, со молитвата своја дожд од небото измолувале.

„Помилуј ме мене Боже, малото создание Твое!“

Пишувам за љубовта Божја, а самиот недоволно го сакам Бога и затоа сум жалостен и тагувам како Адам кога беше изгонет од Рајот и плачам во вапај:

„Помилуј ме мене Боже, малото создание Твое“.

Колку ли само пати ми ја даваше благодатта на Светиот Дух, а јас не ја сочував, зашто горда е мојата душа; но, сепак, таа Те познава Тебе, Творецот и Господ свој и затоа со солзи Те бара, како што Јосиф плачеше за татка си на мајчиниот гроб, кога го водеа на ропство во Египет.

Те ожалостив со своите гревови и Ти заминуваш од мене и тагува душата моја за Тебе.

О, Духу Свет, не оставај ме!

Кога Ти одиш од мене, зли мисли ме напаѓаат, тагува за Тебе душата моја со солзи горчливи.

О, Пресвета Владичице Богородице, Ти ја гледаш тагата моја; Го разжалостив Господа и Тој ме остави; но Твојата благост ја молам:

Спаси ме мене, паднатото создание Божјо; спаси го слугата Твој.

Ако простиш, значи дека и тебе Бог ти прости.

На милостивиот човек Господ веднаш му ги простува гревовите.

Милостивиот не памети зло.

Дури и кога ќе го навредат и имотот ќе му го одземат, тој останува рамнодушен, зашто знае за милоста Божја, која што никој од луѓето да ја одземе не може, зашто таа е Висока – таа е во Бога.

Превод: М. Даниловска

Source: https://pokajanie.mk/2020/12/02/oh-duhu-svet-ne-ostavajme/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Брала учителка во добродетелта на трпеливоста! (Свети Јован Касијан Римјанин)

184. За ваквата трпеливост сакам да ви дадам барем два примера. Еден од нив е тој што ни го покажала една побожна жена, која сакала да се усоврши во оваа добродетел, па не само што не бегала од искушенијата, туку сакала да ја навредуваат. И колку повеќе ја навредувале, таа бивала се посилна и потр...

Image Description
3 years ago

Барала учителка во добродетелта на трпеливоста! (Свети Јован Касијан Римјанин)

184. За ваквата трпеливост сакам да ви дадам барем два примера. Еден од нив е тој што ни го покажала една побожна жена, која сакала да се усоврши во оваа добродетел, па не само што не бегала од искушенијата, туку сакала да ја навредуваат. И колку повеќе ја навредувале, таа бивала се посилна и потр...

Image Description
3 years ago

ЗА БОЛЕСТИТЕ….

ЗА БОЛЕСТИТЕ…. Исклучива заслуга на светоотечкото учење е своевидната концепција за полезноста на болестите. Што има полезно во страдањето? – во недоумица прашуваат многумина што првпат слушнале за ваков поглед на животот. И навистина, можеби луѓето најповеќе се плашат од смртта и тешките болести....