(текст на свети Фотиј, од Посланието до Михаил кнезот Бугарски)[1]
„ П
О
Н
(Првиот вселенски собор во Никеја го составил Символот на верата /првите 8 членови/, и донел и 20 канони, кои ги приложуваме во продолжение).
Послание на Соборот во Никеја до Египтјаните[3]
До светата и велика по Божјата благодат Црква на Александријците и до возљубените браќа во Египет и Либија и Пентапол, Епископите, кое се собрани во Никеа и Великиот и Свет Собор го сочинуваат – (ви испраќаат поздрав:) Радувајте се во Господа!
Бидејќи Божјата благодат и најбогољубивиот цар Константин (Велики: 306-324-337 год.) нè собра од разни области и градови, и одржан е во Никеа Великиот и Свет Собор, секако се покажа неопходно од Свештениот Собор и вам да ви се испрати писмо, за да знаете што сè е покренато и испитано, а што е одлучено и потврдено. Како прво од сè: испитано е сè за безбожието и беззаконието на Ариј и на оние со него, во присуство на најбогољубивиот цар Константин. И сегласно беше одлучено: да се анатемиса неговото безбожно верување, и богохулните зборови и имиња кои ги употребувал, хулејќи Го Синот Божји и велејќи: „дека е од небитие“ и „пред раѓањето не постоел“ и „имаше некогаш кога не бил“, и говорејќи дека Синот Божји со самовласноста бил приемчив за порок и добродетел[4], и нарекувајќи (Го) создание и творба. Светиот Собор сето тоа го анатемисал, не поднесувајќи ни да го чуе тоа безбожно верување, и безумие, и богохулни зборови.
И сето тоа за него, каков крај добило, секако или сте чуле или ќе чуете, да не изгледаме дека сме го наклеветиле човекот, кој за сопствениот грев примил достојна плата. А толку зајакнало неговото безбожие што ги придобил и (епископите) Теона од Мармарика (покрај Александрија) и Секунд од Птолемаида (во Пентапол), кои го добија истото како и тој.
Но, бидејќи (вас) благодатта Божја ве ослободи од тоа злословие (какодоксија) и хулење на тие лица, кои се дрзнаа да направат раздор и поделба кај отсекогаш мирољубивиот народ на Египет, остана (да се реши) и дрскоста (prop1teia) на Мелитиј (расколникот) и оние од него ракоположените; и затоа и за тоа дело ви соопштуваме вам, возљубени браќа, што одлучи Соборот. Беше благоволено, значи, откако Соборот човекољубиво се произнесе – иако по акривија (kat+ t4n #krib| l3gon – по точност) тој не беше достоен за никаква прошка[5] – Мелитиј да остане (како епископ) во својот град (Ликопол) и да нема никаква власт, ниту да поставува, ниту да хиротонисува, ниту да се појавува под тој изговор во друго населено место или град, туку само да има голо име на чест (епископ). Оние, пак, кои тој ги поставил, откако ќе бидат со таинска хиротонија потврдени (од архиеп. Александриски)[6], да се примаат во општење, под овој услов: да имаат чест (на епископ) и да литургисуваат, но да бидат втори по сите свештенослужители (епископи) кои се во секоја област и Црква (paroikjÈ kai 6kklhsjÈ) поставени од нашиот најчесен брат и сослужител Александар, така што тие да немаат никаква посебна власт да ги поставуваат оние кои им се допаѓаат, или да носат имиња (на гласање), или воопшто да вршат нешто без согласност на епископите на Католичната (Православната) Црква кои се под Александар. А оние (епиксопи) кои, по благодатта Божја и по вашите молитви, не се во ниеден раскол, туку се беспрекорни во Католичната и Апостолска Црква, тие да имаат власт и да поставуваат и да избираат имиња на достојни за клир, и воопшто да вршат сè според законот и установите црковни (kat+ n3mon kaJ qesm4n t4n 6kklhsiastik3n).
Ако се случи да почине (умре, епископот) од оние во Црквата, тогаш стапат во честа на покојниот оние кои се неодамна примени, само ако се покажат достојни, и ако народот посака да го изгласа тоа, и да го потврди Александрискиот (Архи)епископ. Ова, пак, на сите други им е допуштено, а на Мелитиевото лице уште не му е истото одлучено (дозволено), поради неговиот одамнешен неред и поради површното и нерасудно негово мислење, (затоа) да не му се даде никаква власт или авторитет, на човек кој може повторно да ги направи истите нереди.
Ова е она што е значајно и важно за Египет и за Најсветата Црква на Александријците, а ако е нешто друго канонски или догматски одлучено во присуство на господинот и најчесниот Сослужител и Брат наш Александар, тој, кога ќе дојде, поточно ќе ви пренесе, бидејќи беше и господар и учесник (kaJ kvrio~ kaJ koinwn3~) на она што се случи.
И ви благовестиме (и) за согласноста (празнувањето) на Светата Пасха: дека по вашите молитви е остварен и тој дел, така што сите браќа на Истокот, кои порано ја служеа (Пасхата) со Јудеите, отсега ќе ја служат сложно со Римјаните и со вас, и со сите нас, кои од дамнина со вас ја запазуваме Пасхата[7].
Затоа, радувајќи се, заради постигнатите успеси (to_~ katorq9masi) и заради општиот мир и согласност, и заради искоренување на секоја ерес, примете го со повисока чест и поголема љубов нашот Сослужител, а ваш (Архи)епископ, кој нè израдува со своето присуство, и во таа мера толку труд поднесе за да има мир и кај вас.
Молете се, пак, и за сите нас, та ова што е добро одлучено, тоа и да остане со надеж – преку Седржителот Бог, и преку Господа нашиот Исус Христос, во Светиот Дух, Кому слава во вечни векови. Амин“.
--------------------------------------------------------------------------------
[1] Овој, од нас додаден, текст e на свети Фотиј, види во Svntagma 1,374-388 (PG 102,632-656).
[2] Овој израз, и многу други во овој текст, го покажуваат свети Фотиј како велик богослов, за когошто теологијата е: свештенословење за Сесвета Троица.
[3] Светиот Прв вселенски собор никејски (325 год.), освен Символот на Верата, и 20 канони, го составил и упатил ова Послание до Црквата Александриска (текстот е кај свети Атанасиј, во прилог на списите „За Никејскиот собор, 36“; исто така во Les Conciles Oecumeniques, p. 56-62), со кое Послание братски и татковски сака, иако нивниот архиепископ Александар и поголем број египетски епископи биле учесници на истиот Собор, да ги извести, од почит кон полнотата на Црквата во која се појавила причината за одржување на Соборот (ереста на Ариј), за своите одлуки: расчинувањето на Ариј и двајца аријански епископи од Египет, потоа решавањето на Мелетиевиот раскол во Египет, и одлуката за заедничко празнување на Пасхата. Овој црковен, Отечки и Соборски смирен пример и денес е за следење. Зашто одлуките на Соборот се однесуваат пред сè на Полнотата на Црквата, на Народот Божји и неговото спасение во заедништвото на Вистинската вера и благодат на Светите Тајни во Црквата.
[4] Ова сфаќање од Ариј го примил и го застапувал Теодор Мопсуетски, когошто, помеѓу другото, затоа и го осудил V Вселенски собор (553 год.). Отец Јустин (Поповиќ), како професор по Догматика, оборил на докторски испит еден кандидат затоа што ја застапувал оваа заблуда на еретиците Ариј и Теодор Мопсуетски.
[5] Станува збор за Мелитиј еп. Ликополски во Тиваида (Горен Египет), кој се одметнал во раскол уште за време на светиот свештеномаченик Петар Александриски (300+311), па и потоа за време на свети Атанасиј Велики (328+373), кој Атанасиј жалел што Никејскиот собор бил снисходлив кон Мелитиј, зашто таа снисходливост ја злоупотребиле Мелитиевите епископи, здружувајќи се со Аријаните против Атанасиј.
[6] Недоволно јасен израз: musthkwt1ra ceirotonjÈ bebaiwq1nta~ (Дјејанија Вселенских Соборов: „утврдени со таинствено ракополагање“, додека В. Болотов го преведува со: „добива утврдување од подобра рака“! што упатува веројатно на друг текст), но кој секако значи дека архиеп. Александар Александриски го потврдувал (со повторна хиротонија или хиротесија) нивното свештенослужење и епископување, ако, и кога, наследувале Православен епископ, како што вели понатаму посланието. Обичајот за примање (на расколниците) со додатно „полагање раце“ на нив е практикуван и подоцна (види понатаму 8 канон и белешката 22).
[7] Никејскиот Свет Прв вселенски собор ги убедил малкуте Цркви од Крсновоскресна Пасха (на 15 Нисан, во било кој ден и да падне) да преминат на Воскресна – неделна Пасха на повеќето Цркви (која паѓа по Еврејската, празнувана во 14 ден од првиот месец (2. Мој. 12, 2; 13, 4: наречен Авив, подоцна наречен Нисан, кој го зафаќа март-април/, додека христијанското празнување се случува по пролетната рамноденица, и тоа по полна месечина по рамноденицата, и во недела/секогаш во недела/ која доаѓа прва потоа, така што Велигден никогаш да не се поклопува до Јудејската Пасха, која (т.е. 14 Нисан) може да падне во горенаведената недела, во кој случај христијанската Пасха се поместува за следната недела).
Извор: Ортодоксија ортопраксија
http://crkvaveles.wordpress.com/
Житие: Спомен на Првиот Вселенски Собор
Спомен и пофалба на Светите отци од Првиот Вселенски Собор се врши во неделата пред Педесетница или во седмата недела по Воскресение.
Соборот се одржа во Никеја, во 325 година, во времето на царот Константин Велики. Беше свикан за да ја отстрани забуната којашто ја создаде александрискиот свештеник Ариј со неговото криво учење. Имено, тој ширеше учење дека Христос е создаден од Бога во времето и дека не е предвечен Син Божји, рамен по суштина на Бога Отца.
На овој Собор учествуваа 318 Свети отци. Соборот го осуди учењето на Ариј и Ариј го предаде на анатема, бидејќи не сакаше да се покае. Уште Соборот и конечно го утврди Симболот на Верата, којшто подоцна, на Вториот Вселенски Собор беше дополнет. На Првиот Вселенски Собор учествуваа голем број значајни светители, меѓу кои особено се истакнуваа: Свети Николај Мирликиски, Свети Спиридон, Свети Атанасиј, Свети Ахил, Свети Пафнутиј, Свети Јаков Нисивиски, Макариј Ерусалимски, Александар Александриски, Евстатиј Антиохиски, Евсевиј Кесариски, Митрофан Цариградски, Јован Персиски, Аристак Ерменски и многумина други од Исток. А од Запад присуствуваа: Осија Кордобски, Теофил Готски, Цецилијан Картагенски и други.
Главната работа на овој Собор беше, значи, утврдувањето на Символот на Верата.
Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/katihizis/9735-prviot-vselenski-sobor-325-god