Се додека не почнавте да му се молите на Бога, сите бевте сакани
Додека не почнавте да му се молите на Бога, бевте сакани. И сега одеднаш во вашиот дом сте во центарот на непријателски камп.
Порано се опивавте, пушевте и крадевте малку, колневте и бевте мрзливи во работните денови и правевте се друго што е гнасно пред Бога и чесно за светот. А сепак тогаш си бил сакан од сите дома. Но, сега кога се свртевте по патот на правдата, чесноста и молитвата, сега сите се втурнаа кон вас како оси.
Радувај се, брате/сестро, стопати радувај се. Зарем не гледаш дека Евангелието се случува во твојот дом? Во истата куќа во која досега се зборуваше за данокот и тешката дневница и крадците и проневерите ,во истата таа куќа почнаа да се исполнуваат евангелските пророштва. Вашата куќа се издигна до небесата, стана сцена на христијанската драма, ја фати врската со апостолското и маченичкото време. Историјата на христијанската црква се случува во малиот простор во вашиот дом. Еве ги Христовите пророштва, кои се случиле безброј пати на оваа земна планета и кои сега почнуваат да се случуваат во вашиот дом.
„И ќе бидете намразени од сите заради Моето име, но, кој претрпи до крај, ќе биде спасен“ (Мат. 10:22).
„И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни“ (Мат. 10:36).
„Блажени сте вие, што сега гладувате, оти ќе се наситите! Блажени сте вие, кои сега плачете, оти ќе се насмеете! ; Блажени ќе бидете, кога ќе ве намразат луѓето, и ќе ве одделат и похулат, и го исфрлат името ваше како лошо, заради Синот Човечки!“ (Лука 6:21-22).
„Вистина, вистина ви велам дека вие ќе заплачете и ќе заридате, а светот ќе се зарадува; и вие ќе бидете нажалени, но жалоста ваша ќе се претвори во радост“ (Јован 16:20).
Што е појасно од овие пророштва? Ете, тие се исполнуваат и денес, покрај вашето огниште, над вас. Затоа, прифатете ги сите навреди, не како навреди, туку како подароци. Знајте дека вашите гонители ќе се покаат, вашите потсмевачи ќе замолчат и вие ќе се радувате. Денес си последен во татковиот дом, но за малку ќе бидеш и прв. Додека тие што те бркаат ќе ти служат. Ова е пророкувано и повторено илјадници пати и на илјадници места.
Мир и благослов од Господа нека е Негова слава засекогаш! Амин.
Свети Николај Велимировиќ
Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2024/12/blog-post_14.html