Соблазната е чедо на самољубието!

Example Admin User · 3 months ago

    2 minutes, 39 seconds


Св. Игнатиј Брјанчанинов –

Главен карактеристичен белег на лицемерот, првата стрела што тој ја пушта кон ближниот е соблазната, и осудувањето на ближниот кое произлегува од неа.

Соблазната во намерата на злосторникот честопати е лажна и измислена и служи како оправдан предлог за извршување на злосторството.

Соблазната кај него благовремено го приготвува злосторството и во исто време го оправдува;

соблазната пак кај оние кои се сеуште заразени со падот на Адам, и покрај тоа што тие можеби се благонамерни и се стремат кон спасението, е знак на паднатата човечка природа и е недостаток многу важен и упорит.

Овој недостаток му противдејствува на покајанието, од кое произлегува – очистувањето. Соблазната е нездрава проценка на слабостите на ближниот, при која тие слабости пораснуваат до неверојатна, неопфатна големина.

Соблазната е чедо на самољубието кое се вселило во душата. Таа е туѓа за љубовта кон ближниот и за правилната љубов кон себе. Господ го споредил овој недостаток со греда, за разлика од секој јавен грев на ближниот кој е како раска.

Не судете, рекол Господ, за да не бидете судени. Оти, со каков суд судите, со таков ќе бидете судени; со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери…

Лицемере, извади ја прво гредата од твоето око, па тогаш ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на брата си ( Мт. 7: 1-5).

Треба да се присилуваме себе си да не ги осудуваме ближните. За да го избегнеме осудувањето треба да се оградиме со страв Божји и смирение.

За да ја ослабиме и со Божја помош да ја искорениме од своето срце соблазната од ближните, треба при светлоста на Евангелието да се задлабочиме во себе, да ги набљудуваме своите слабости, своите гревовни стремежи, движења и состојби.

Кога нашиот грев ќе ги привлече кон себе нашите погледи – тогаш нема да имаме време за недостатоците на ближните, нема ниту да ги заприметиме.

Тогаш сите ближни ќе ни изгледаат прекрасни, свети; тогаш секој од нас ќе се признае себе си за најголем грешник, за единствен грешник на овој свет: тогаш наширко ќе се отвори за нас вратата и прегратките на вистинското покајание.

Великиот Пимен кажал:

“Ние и браќата наши како да сме два цртежа. Ако човекот гледа на себе, ако ги открива своите недостатоци, тогаш во братот тој ќе гледа совршенство.

Ако пак во себе гледа совршенство, тогаш кога ќе го спореди братот со себе, ќе го најде него за полош“.

Најголемите Божји угодници посебно се грижеле за да се видат себе грешници, и толку грешни, така што гревовите на ближните, дури и оние јавните и големите, им изгледале ништожни и опростителни.

Преподобниот Сисое му рекол на аввата Ор: „Поучи ме“. – „Имаш ли ти доверба во мене?“ – го прашал авва Ор. „Имам“ – одговорил Сисое. –

„Тогаш оди – рекол авва Ор – и прави го она што го правам јас“. –

„А што правиш ти, отче?“ – прашал авва Сисое.

Старецот рече:

„Јас се гледам себе си полош од сите луѓе“.


Гревот на осудување така му е противен на Бога, што Тој се одвраќа и од своите угодници кога тие ќе си позволат да го осудат ближниот:

Тој им ја одзема Својата благодат, како што се гледа тоа од многуте примери, сочувани од црковните писатели за полза и надзидување на Христијаните.

Никаква праведност не ни дава право да го осудуваме братот кој греши, на кого Господ може да му дарува вистинска праведност, на многу поголема од таа, која мислиме дека ја имаме кај себе.

Ние можеме да бидеме праведни само со правдата Божја; кога го осудуваме ближниот, токму со тоа ја отфрламе правдата Божја, ја заменуваме неа со правдата своја, или поточно со болестта – фарисејство.

Оној што го осудува ближниот, го краде она што му припаѓа на Бога: судот над Неговите созданија – го краде она што му принадлежи на Христа, Којшто ќе им суди на живите и мртвите во последниот ден.

Source: https://pokajanie.mk/2023/10/01/23947/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
3 months ago

Блажен е човекот...

  Блажен е човекот...Свети Јустин ПоповиќБлажени се оние кои плачат за повеќе добрина во луѓето и меѓу луѓето, бидејќи малку ја има;кои плачат за повеќе љубов, зашто и неа малку ја има;кои плачат за повеќе правда, затоа што и од неа има малку.Блажени се сите кои плачат за повеќе вистина, за повеќе м...

Image Description
1 week ago

Како може да поминат илјада години како еден ден

  Како може да поминат илјада години како еден денПсалм 89 е најстариот псалм за кој се вели дека го напишал самиот Мојсеј. Во него, меѓу другото, се вели: „Илјада години се пред твоите очи, Господи, како вчера што помина и како стража во ноќта“. Овие зборови збунија еден монах додека Бог на чудесен...

Image Description
3 months ago

Бог нè слуша и кога молчиме

 Бог нè слуша и кога молчимеБог не се грижи за местото. Бара само топлина на срцето и чистота на душата.Да, и апостол Павле не се молел во храмот стоејќи или клекнат, туку во затвор легнат на грб, бидејќи нозете му биле прицврстени на штицата.Затоа што, сепак, горливо се молеше, иако падна, и го урн...