Светата првомаченичка Текла рамноапостолна ( „Слугинка сум на живиот Бог.“)

Example Admin User · 4 years ago

    1 minute, 50 seconds


Светата првомаченичка Текла рамноапостолна
Родена е во Иконија, од родители прочуени, но незнабожци.

Како осумнаесетгодишна девојка била верена за некое момче во она време кога апостолот Павле дојде со Варнава во Иконија за проповед на Евангелието.

Слушајќи го Павле три дена и три ноќи, Текла се обрати целосно во Христовата вера и се заветува да живее во девственост.

Мајка ѝ , штом виде дека таа веќе ни не гледа на својот вереник ниту помислува на брак, почна најпрво да ја советува, а потоа да ја тепа и да ја измачува со глад.

Најпосле ја предаде на судија и бараше да биде со оган изгорена. Судијата ја фрли во огнот, но Бог ја зачува неповредена.

Тогаш Текла тргна по Светиот апостол Павле и отиде со него во Антиохија.

Привлечен од нејзината надворешна убавина еден градски старешина посака да ја земе кај себе со сила, но Текла се истргна од неговите раце. Тој старешина ја обвини кај кнезот дека е христијанка и дека се гнаси од брак.

Кнезот ја осуди на смрт и ја фрли пред ѕверови, но ѕверовите не го ни допреа телото на Светата девица.
Восхитен од ова, кнезот ја праша:

„Која си ти и каква сила има во тебе што ништо не може да ти наштети?“

Текла му одговори:

„Слугинка сум на живиот Бог.“

Тогаш кнезот ја пушти на слобода и таа почна да го проповеда Евангелието и мнозина успеа да ги обрати во вистинската вера. Меѓу овие беше и чесната, угледна девица Трифена.

Потоа Текла, со благослов на Св. апостол Павле се оддалечи во едно пусто место близу Селевкија.

Овде таа се подвизуваше долго и исцелувајќи болни со чудотворната благодат мнозина ги обраќаше кон христијанство.

Лекарите и жреците во Селевкија се исполнија со завист, па испратија некои млади луѓе за да ја осквернат, надевајќи се дека таа, кога ќе ја изгуби девственоста, ќе ја изгуби и нејзината чудотворна моќ.

Текла бегаше од оние дрски момчиња и кога виде дека ќе ја фатат, кога се најде пред една карпа се помоли на Бога, па карпата се отвори и ја сокри оваа Света девица и Христова невеста. И таа карпа ѝ беше скривалиште и гроб.

За оваа чудесна светителка Св. Јован Златоуст вели:

„Како да ја гледам оваа блажена дева како Му принесува на
Господа со едната рака девственост, а со другата мачеништво.“

Тропар:

Поучувајки се од Павловото словење и утврдувајќи се во верата од Петар, ти од Бога повикана Текло, невесто Божја,
се јави како првомаченица и првострадалница помеѓу жените:
поита во пламенот, како на место расцветано, ѕверовите, јунците,од тебе вооружена со Крстот истапија.

Затоа, ти која благодариш за сѐ на Христа Бога, моли се да се спасат нашите души.

Подготви С. Трајчева

Source: https://pokajanie.mk/2020/10/06/29548/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

Недела 13 по Педесетница – Ајде, да го убиеме! (Омилии)

…Кога лозјето беше како co пламеница изгорено и оградата околу него искршена, кога co незнабожечката поплава лозјето беше поплавено и кога бунарот во лозјето пресуши и кулата беше претворена во разбојничка пештера – тогаш ненадејно во лозјето дојде синот на човекот домаќин, Единородниот Божји Син. Б...

Image Description
4 years ago

Подготвителни седмици и недели пред Великиот пост

Пред почетокот на Великиот пост, Црквата одредила постепено воведување во постот преку трите подготвителни седмици, во кои си спомнуваме на карактеристични настани од Евангелието, кои, пак, се поврзани со постот и покајанието, и во кои веќе Црквата етапно нѐ воведува во постот. Најчесто нас...

Image Description
8 months ago

Светите Емерам и Волфганг од Регенсбург

СПОМЕН НА СВЕТИТЕ ОТЦИ ЕМЕРАМ И ВОЛФГАНГ, ЕПИСКОПИТЕ НА РЕГЕНСБУРГ, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 22 СЕПТЕМВРИ И 31 ОКТОМВРИ (?-652; германски: Emmeram von Regensburg) (924-994; германски: Wolfgang von Regensburg) Во првото илјадолетие, во градот Регенсбург живееле прочуени светии, кои...