Title : СВЕТИ АВСТОЛ, ЕПИСКОПОТ НА КОРНВЕЛ

СВЕТИ АВСТОЛ, ЕПИСКОПОТ НА КОРНВЕЛ

Example User · 7 months ago

    0 minutes, 4 seconds


СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ АВСТОЛ, ЕПИСКОПОТ НА КОРНВЕЛ, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 28 ЈУНИ

(VI век; Austell, Austol, Hawystill)

Преподобниот отец Австол[1] бил ученик на свети Меван, од кого и го примил светото Крштение. Најверојатно, според историските податоци, тој живеел во околината на местото, кое денес се нарекува Сент-Остел (Saint Austell) во Корнвел, во близината на округот Сент-Меван (Saint Mewan). Кога свети Меван заминал со свети Самсон од Велс во Бретанија, Австол заминал заедно со нив. Тие заедно се погрижиле да извршат христијанизација на областа Броселианд (Broceliande), а по нивната смрт тие биле заедно погребани во ист гроб. Најверојатно, според името на овој преподобен отец, наречено е и местото Ауст (Aust) во Авст (Awst), кое се наоѓа во областа Глочестер (Gloucester).

Преподобниот Австол денес е заштитник на истоимениот град во Велс, а Православната Црква неговиот спомен го празнува на 28 јуни според Јулијанскиот календар.


Австол (древноанглиски) = оној, кој потекнува од југ.

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2021/02/02/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%b0%d0%b2%d1%81%d1%82%d0%be%d0%bb-%d0%b5%d0%bf%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%b

Related Posts

Image Description
1 year ago

Велигден во затвор

Јеромонах Дамаскин Кристенсен (од животот на праведниот романски свештеник Георги Калчу) Едно доживување од детството Отец Георги ни раскажа и за едно друго допирање до несоздадената светлина – кога бил дете. Како осумгодишен, стоел загледан во нивата на своите родители и...

Image Description
10 months ago

Преподобен Теофил Струмички

Блажениот Теофил се роди од побожни родители во близината на градот Тивериопол, денес Струмица, во Македонија. Го крстија кога имаше три години. Еднаш родителите го одведоа на гората Селентија (Еленица, над Струмица) за да земат благослов од светиот старец Стефан. Тој ги благослови родителите и ни...

Image Description
10 months ago

Вечна слава! Вечно име!

Веќе навлеговме во периодот кога се менува времето, кога дрвјата се оголуваат а ние се наоблекуваме, почнува периодот на домашни слави и имендени. Како по обичај, на оние кои слават некој празник им велиме: Вечна слава или вечно името! А што значи тоа? Да трае софрата...