Шеснаесетта Недела по Педестница

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 55 seconds


Свето евангелие според светиот апостол Матеј

25:14-30

14. Зашто, Он ќе постапи како човек, кој тргнувајќи на пат, ги повика слугите свои и им го предаде својот имот;

15. и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден; секому според силата негова; и веднаш замина.

16. Оној, што зеде пет таланти, отиде, ги употреби во работа и спечали други пет таланти;

17. исто така и оној што зеде два таланта, спечали други два;

18. а оној, што доби еден талант, отиде и го закопа в земја и така го сокри среброто на својот господар.

19. По долго време дојде господарот на тие слуги и им побара сметка.

20. И кога пристапи оној, што беше примил пет таланти, донесе уште други пет и рече: »Господаре, ти ми предаде пет таланти; ете, сум спечалил и други пет.«

21. Господарот му рече: »Убаво, добри и верни слуго! Во малку си бил верен, над многу ќе те поставам; влези во радоста на својот господар!«

22. Дојде, исто така, и оној што беше примил два таланта и рече: »Господаре, ти ми предаде два таланта; ете, со нив спечалив други два.«

23. Господарот му рече: »Убаво, добри и верни слуго! Во малку си бил верен, над многу ќе те поставам; влези во радоста на својот господар!«

24. Пристигна и оној што беше зел еден талант, и рече: »Господаре, те знаев дека си жесток човек: жнееш, каде што не си сеел, и собираш, каде што не си веел;

25. па се уплашив и отидов, та го сокрив твојот талант в земја; ете ти го твоето.«

26. А господарот му одговори и рече: »Лукав и мрзлив слуго! Ти знаеш дека жнеам, каде што не сум сеел, и собирам, каде што не сум веел;

27. затоа требаше моето сребро да го дадеш на трговците, па јас, кога дојдам, ќе си го приберам своето, со добивка;

28. земете го од него талантот и дајте му го на оној, што има десет таланти;

29. зашто секому, што има, ќе му се даде и преумножи, а од оној, што нема, ќе му се одземе и она што го има;

30. а лошиот слуга фрлете го во крајна темнина: Таму ќе биде плач и крцкање со заби.« Откако го рече тоа, извика: »Кој има уши да слуша, нека чуе!«

„Бог, на сите нас ни дал по некој талант: некому му дал талант за сликање, некому за пеење, некому за пишување, некому за разни занаети, но сите овие таланти може и треба да се разработат, да се развијат, да се охристоват, да се осветат преку Црквата, и да Му се вратат и посветат повторно на Бога.

Талантот, ако не е правилно насочен, ако ни користи за гордост и суета може да биде погубен, додека, пак, ако е правилно насочен, ако се користи со смирение и скромност, и свест дека не е од нас, туку дека е даден од Бога, тогаш може да нè води кон светост.

А светоста е природен копнеж на секоја душа, најнормална и најприродна состојба на постоење на секоја личност!“

Source: https://pokajanie.mk/2020/09/22/23436/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Покров на Пресвета Богородица

Празникот Покров на Пресвета Богородица е историски настан кој се случил во 911 година, во црквата Влахерна, во Цариград. Додека патријархот со свештениците и верниот народ стоеле на молитва, во текот на бдението Пресвета Богородица му се открила на јуродивиот Андреј, а т...

Image Description
3 years ago

Слегување на благодатниот оган на Велигден

За едни, тоа е нешто што може да го наруши спокојниот живот, па затоа треба да биде отфрлено како измислица. За други, тоа е најголемото чудо на земјата, кое неспорно сведочи за вистинитоста на Православието. За православниот христијанин, тоа не е просто чудо, туку потсету...

Image Description
3 years ago

22. Недела по Педесетница – За богатиот и сиромавиот Лазар (17. 11. 2019)

Свето евангелие според светиот апостол Лука 16:19-31 19. Еден човек беше богат и се облекуваше во порфир и свила, и секој ден живееше раскошно и се веселеше. 20. Имаше исто така, и еден сиромав, по име Лазар, кој струплив лежеше пред вратата негова; 21. и сакаше да се нахрани со трошките што паѓаа о...