Свети Димитриј Солунски, моли го Бога за наше спасение. (Житие)

Example Admin User · 10 months ago

    1 minutes, 41 seconds


Свети Димитриј Солунски – Житие

Свети Димитриј Солунски бил христијански маченик зживеел во Солун во почетокот на 4. век.

Неговиот ден се празнува на 8. ноември (26 октомври по стариот календар).

Овој славен и чудотворен светител се родил во градот Солун од благородни и благочестиви родители.

Измолен од Бога од бездетни родители Димитриј беше син единец, заради што беше воспитан и однегуван со големо внимание.

Татко му беше војвода солунски, па кога умре татко му го поставија Димитриј за војвода наместо неговиот татко.

Кога го постави за војвода, христоборниот цар Максимијан особено му препорача да ги гони и истребува христијаните што беа во Солун.

Но Димитриј не само што не го послуша царот туку напротив, јавно Го исповедаше и Го проповедаше Христа во градот Солун.

Кога слушна за тоа царот Максимијан многу се огорчи на него, па еднаш враќајќи се од војна, царот сврати во Солун посебно за да ја испита оваа работа.

Го повика, значи, војводата Димитриј и го испитуваше за верата. Димитриј јавно пред царот призна дека е христијанин и го изобличи идолопоклонството на Максимијан. Разјарен, царот го фрли Димитриј во затвор.

 

Знаејќи што го чека, Димитриј му го врачи сиот свој имот на својот верен ученик Луп за да го раздаде на сиромасите и отиде во затворот весел, зашто му претстоеше страдање за Господа.

Во затворот му се јави ангел Божји и му рече: „Мир на тебе, страдалецу Христов.

Биди храбар!“

По неколку дена царот испрати војници во затворот за да го убијат Димитриј.

Војниците го најдоа Божјиот Светител на молитва и го избодија со копја. Неговото тело тајно го зедоа христијаните и чесно го погребаа.

Од телото на Христовиот страдалник потече исцелително миро, со коешто мнозина болни се излечија.

Наскоро над моштите беше подигната малечка црква. Еден илирски војник, Леонтиј, беше болен од неизлечлива болест.

Им притекна на моштите на Св. Димитриј со молитва и стана наполно здрав.

Од благодарност му подигна на Св. Димитриј црква многу поголема од старата. Светителот му се јави двапати.

Кога царот Јулијан сакаше да ги пренесе моштите од Солун во Цариград, од гробот скокнаа пламени искри и се чу глас:

„Застанете и не гибајте!“

И така моштите на Св. Димитриј останаа засекогаш во Солун. Како заштитник на Солун Св. Димитриј се јавуваше многупати и многупати го спаси Солун од големи неволји. Неговите чуда се навистина безбројни…

Source: https://pokajanie.mk/2023/10/21/36951/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

Богородичните празници

Празничниот циклус, посветен на споменот на Пресвета Дева Марија, се состои од следните главни празници: Раѓање на Пресвета Богородица (8/21 септември), Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста (21 ноември/04 декември), Благовештение (25 март/07 април), Сретение или воведување на нашиот Господ в...

Image Description
10 months ago

Што ќе ми принесеш денес, за мојот роденден?

Што ќе ми принесеш денес, за мојот роденден? Околу четири векови по раѓањето Христово, една вечер на Божик, блажениот Јероним отиде како поклоник да се поклони на местото каде што се роди Христос. Дојде во пештерата на Рождеството смирено и почна да се моли....

Image Description
4 years ago

Слегување на благодатниот оган на Велигден

За едни, тоа е нешто што може да го наруши спокојниот живот, па затоа треба да биде отфрлено како измислица. За други, тоа е најголемото чудо на земјата, кое неспорно сведочи за вистинитоста на Православието. За православниот христијанин, тоа не е просто чудо, туку потсетување, дека Он е со...