Свети Климент Охридски

Example Super-Admin User · 2 months ago

    6 minutes, 48 seconds


Со зборови си ги упатил народите во верата Божја;
со делата си се издигнал преблажен,
кон божествен и блажен живот.
Со чудеса си ги просветлил оние
што пристапуваат со вера кон тебе,
со знаменија си ја осветил темнината.
Заради тоа го славиме
твојот божествен спомен, Клименте.
(тропар на Свети Климент Охридски)

Пишува: Игумен Фотиј, манастир Св. Јоаким Осоговски

Свети Климент е македонски бесценет скапоцен камен. Свети Климент Охридски, чудотворец, велики, рамноапостол, просветител и учител е нашиот прекрасен бисер балкански. Неговото дело исто така е бесценето дело, кое претставува прекрасно богатство не само за Македонија, не само за Балканот, туку и за цела Европа. Неговиот труд е докажан во неговите несебични дела. Како што пееме во неговиот посветен тропар, неговата вера во Бог е неговиот темел за сите постигнувања кои ги остварил во својот живот. Неговиот божествен спомен е длабоко впишан во постулатите на просветителството на овие простори каде што ние живееме.

Светиот Климент Охридски е заштитникот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Тој е патронот, заштитникот на нашата помесна Православна автокефална црква. Неговата небесна заштита е нашата надеж и нашата радост. Тој е нашиот македонски духовен татко, кој постојано молитвено бдее над нас. Со својот архијерејски омофор, штитејќи ја Македонската црква, нè охрабрува во сите наши искушенија, за да не престанеме со нашата молитва поради земните неприлики. Со неговиот архијерејски жезол, се грижи и понатаму за нашата света Црква, како вистински добар пастир и архијереј.

Неговото застапништво пред Престолот Божји е преизобилно, правејќи да се оствариме како верни чеда на нашиот Господ, преку нашата Православна црква која го доби своето заслужено место помеѓу сите други автокефални, признати, Православни цркви. Сепак, Црквата е една во Духот Божји, нема разлики во светата Црква Божја, затоа што Црквата го претставува Телото Божјо. Па следствено, светиот Климент, застапувајќи се за нас пред престолот Божји, по неговите свети молитви, нè воведе во заедницата на радоста, во заедницата на еднобитието, на едноверието и соборувањето помеѓу сите православни единки со Света Троица.

Светиот Климент, несебично се трудел да го просвети секој поединец кој имал потребата за спознавање на вистината. Па така, тој, и кај другите народи, на секого му ја подарувал својата наука. Негова наука, пред сè, била неговата вера во Богочовекот Исус Христос. Преку темелот на верата, со исклучителната потреба да ја шири Божјата љубов, тој им помагал на народите на Балканот. Со чудата кои ги вршел, ја докажувал својата длабока посветеност на Бога, и затоа Господ го прославил уште додека бил жив. Господ му ја дарувал Својата небесна благодат, просветлувајќи го да биде столб во македонската земја и пошироко. Свети Климент станува чиста, мирисна, прекрасна свеќа, која е запалена со благодатната Божја нетварна светлина, за да им свети на луѓето во светот. Тој бил фенер кој светел во темнината на непознанието во светот. Тој Го прославувал Бога, па затоа и Бог него го прославил во вечните векови.

Свети Климент бил ученик на светите Кирил и Методиј, рамноапостоли, браќата Македонци, Солунци. Најистакнат нивни ученик, кој ја продолжил нивната прекрасна, просветителска мисија. Тој живеел со своите учители, учејќи се од нив, насладувајќи се од нивната благословена Божја мисија. Тој се напојувал од нетварната Божја енергија која се излевала од светите Кирил и Методиј, впивајќи ја таа вечна благодат. Хранејќи се од двете трудољубиви, медоносни пчели кои ја започнале мисијата на просветителството во Македонија, се преисполнувал со преслатката, медна Божја љубов.

Тој се родил околу 840 година во Македонија. Тој уште како млад, бил повикан од светите браќа, да им помага. Тој им помагал трудољубиво во преведувањето на богослужбените книги од грчки на црковнословенски јазик. Заедно со светите Кирил и Методиј, бил во Моравија и Панонија во мисија на просветителство. После смртта на светите браќа, тој се враќа во Македонија и се населува во Охрид, за да го поучува својот народ. Во Белица основал манастир, каде што било неговото епископско седиште. Тој станува архијереј, добар пастир на својот народ во Македонија. Ја добива титулата Велички епископ. Подоцна се преселува во Охрид, каде што ја развива својата голема архипастирска и просветителска дејност. Се упокоил 916 година.

Бил неуморен трудољубец во прославувањето на словото Божјо. Одел сам и проповедал од место до место, од село до село. Проповедал на народен јазик, на едноставен  и разбирлив начин, толкувајќи им ја верата на сите луѓе. Неговата перцепција за верата била преку трудољубивиот живот втемелувајќи го во добородетелите. Ја согледувал верата преку сознавањето и поимањето на чистото верско учење во догматските вистини. Тој ѝ придавал значење на догматиката, како фундаментален постулат кои е задолжителен за чистото исповедање на православната теологија. Доколку не ја познаваме православната вистина преку догматиката како извор на вистината, тогаш ќе бидеме како слепци кои велат дека знаат како изгледаат видливите нешта.

Како боговдахнат учител, тој го создава во Охрид првиот универзитет од таков вид на Балканот. Тој знаел дека преку образованието најдобро може да се шири учењето и вистината. Неговиот универзитет бил висока богословска институција, низ која поминале генерации студенти. Живеејќи во богосозерцание и молитва, тој бил трудољубив и неуморен. Постојано им помагал на своите ученици. Им помагал и на сите луѓе кои имале разни потреби во епархијата.

Славата за неговиот подвиг се ширела на разни страни. Уште додека бил жив, луѓето многу го почитувале. Црквата Божја го знаела неговиот подвиг и затоа го наградила со највисокиот степен на свештенослужението, со архијерејски чин и подвиг. Проповедал и пишувал толкувајќи ја православната теологија. Толкувајќи го Новиот Завет, се истакнувал во својата добра и права вера кон Господа. Се трудел педесет години во својот богоугоден подвиг, и уште додека бил жив творел разни чуда, се прославил како вистински светец Божји.

Универзитетот е подигнат на Плаошник, во Охрид, а во склоп на универзитетот, Свети Климент ја подигнал и соѕидал црквата посветена на светиот брзопомошник и лекар Пантелејмон. Светоклиментовиот универзитет и денес го прославува безвременски својот закрилник и основател. На темелите на некогашниот славен универзитет, денеска се подигнати прекрасни објекти. Стоејќи и набљудувајќи ги, се гордееме со неговата чест и слава. На местото на велелепниот универзитетски комплекс, денеска е подигнат и возобновен еден дел од тој прекрасен наш, духовен центар. Достоинствен и прекрасен локалитет. Локалитет кои ни ја сведочи нашата Македонска писменост и култура. Од тој извор започнува и писменоста кон сите други народи северно од Македонија. Тој факт е сигурен и вистински. Како што е вистината безвременска, така и светоклиментовиот универзитет, постои во архивата на европската историја. Светоклиментовото дело на просветителството е неизбришан траг во историјата на црковната дејност во светот.

Свети Климент Охридски развил богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни слова. Напишал: слово за Велики Четврток, похвала на Кирил Философ, похвала на словенските учители Кирил и Методиј, од опширното житие на Кирил Философ, од опширното житие на архиепископот моравски Методиј, похвално слово на бестелесните Михаил и Гаврил, похвално слово за четвородневниот Лазар, беседа за блудниот син и уште многу друго. Напишал многу беседи и поучни слова за многу светители.

Свети Климент Архиепископ Охридски, е заштитник на сите образовни институции во Македонија. Тој е патронот на богословскиот факултет во Скопје, исто така и на богословијата во Скопје, но и на македонскиот универзитет во Скопје. Несебичното лично дело кое го оставил зад себе во историјата, ни сведочи за темелната посветеност на светиот Климент во описменувањето на својот народ и образованието. Како кошница полна со мед, тој го раздавал тој прекрасен Благодатен мед од Охрид кон сите други народи кои сакале да се насладат со таа благост.

Сефалниот свети Климент Охридски, е добриот пастир кој е опишан во Евангелието од Самиот Господ. Господ е нашиот пример, Тој е првиот добар Пастир, но и секој кој верува во Него и го следи Неговиот пример, ќе стане духоносна икона Христова. Па така и светиот Климент, подражавајќи Го Богочовекот Христос, станува добар пастир кој се грижел за луѓето. Проповедајќи го словото Божјо, описменувајќи го народот, тој вдахнувал живот меѓу непросветените, просветлувајќи ги, луѓето здобивале вистинска светлост.

Свети Климент е светило кое светли во темнината на непознанието. Тој ја здобил нетварната светлина Божја, со која и додека бил жив светлел во светот. Тој се здобил со невенлив венец на славата Божја. Поради неговиот прекрасен живот, украсен со прекрасните заложби и трудови кои ги чинел, Господ го наградил со прекрасен ореол во вечноста. Прекрасните Божји убавини, го облекле Светиот Климент со плаштот на неземната, и вечна убавина.

Свети Климент е нашиот духовен татко кој претстои во Божјата заедница на радоста, поред Божјиот наднебесен жртвеник. Со неговиот омофор, ја штити нашата татковина и нашата света Црква. Мудроста која ја здобил од вечниот Бог, сега несебично и понатака ја излева кон нас. Да Му благодариме на Господа, што го имаме светиот Климент во својата македонска историја, како пример за нашата историска посветеност во верата Божја.

Свети Клименте, моли Го Бог за нас.

Source: https://liturgija.mk/pouka/propovedi/sveti-kliment-ohridski/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

Стани туѓ на улоги и маски

о. Хараламбос Пападопулос Добро, вчера цел ден имаше главоболки, мора ли да зборуваш цел ден за тоа? Утрото те заболе стомакот, и до утре ли ќе зборуваш за тоа? Имаше еден неуспех, до кога ќе се жалиш? Преку целиот твој живот ќе зборуваш за твоите непријатни детски години? За тоа, колку...

Image Description
3 months ago

Стресот се храни од твоите мисли

Елефтериос Елефтеријадис, психолог Стресот се храни од твоите мисли. Колку повеќе го храниш со нив, толку тој ќе расте. Толку ќе се зголемува. Колку повеќе ќе бидеш рамнодушен и нема да започнуваш разговор со помислите, толку ќе се смират во тебе. Затоа и ќе забележиш дека оние кои повеќе доживуваат...

Image Description
4 months ago

И ако се изморам во мојата молитва...

И ако се изморам во мојата молитва... И ако се изморам во мојата молитва, во моето појавување пред Бога, и ако го запоставам Бога, и ако заспијам или не разбирам или ако зборовите од молитвата ми избегаат или живеам во темнина, сигурен сум дека тоа е во моето незнаење, во мојата невидливост, во оваа...