Свети Венделин Трирски

Example User · 10 months ago

    2 minutes, 1 seconds


СПОМЕН НА ПРЕПОДОБНИОТ ОТЕЦ ВЕНДЕЛИН, ПОДВИЖНИКОТ ОД ТРИР, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 21 ОКТОМВРИ

(554-617; германски: Wendelin von Trier)

Свети Венделин[1] по потекло бил од Лонгобардија. Како мало дете слушнал за подвизите и светоста на Мартин од Тур, па во своите молитви почнал да го повикува да му биде закрилник во животот, а неговиот живот бил повод и малиот Венделин да пројави скромност и благочестивост. Откако замомчил, пројавил интерес кон науката, па започнал да го посетува локалното училиште и да се воспитува кај игуменот Аредиј. Со својот учител заминал на поклоничко патување на гробот на свети Мартин, а по враќањето во родниот дом, бил воодушевен со чудесното умножување на земјата од гробот, која ја понесле со себе.

Во 585 година Венделин пристигнал во местото Епосиј (подоцна Ивуј), при Арденските планини, во околината на градот Трир, каде што и се населил како отшелник. По примерот на свети Симеон Столпник, тој започнал да живее подвижнички живот, качен на еден столб, каде што ги преживувал сите климатски промени на Арденските планини, пребивајќи во постојана молитва. Се хранел со сосема малку храна и овошје, а неколку голтки вода биле доволни за да го помине денот. Јазичниците, кои живееле во околината, биле поразени од неговата красноречивост. Христијаните, пак, уште повеќе се зацврстиле во својата вера, а новопокрстените јазичници ја урнале статуата на богињата Дијана, на која дотогаш ѝ се поклонувале. Истата ноќ, лукавиот ѓавол, кој не можел да се помири со уривањето на статуата на лажната богиња, направил преподобниот тешко да се поболи, но откако тој се помазал со свет елеј од гробот на свети Мартин, веднаш оздравел.

Светиот имал цврста намера да го продолжи својот подвиг качен на столбот, но локалните епископи се собрале околу него со молба да се симни и да започне нормален живот со сите оние, кои сакаат да им биде духовен раководител. Преподобниот се покорил на наредбата на епископите, па се симнал од столбот. Столбот бил урнат, а светиот никогаш повеќе не го издигнал, зашто така му наредиле епископите. Заедно со своите ученици, тој почнал да проповеда по блиските села и градови, а набргу го основал и манастирот, заедно со прекрасната базилика, посветена на Свети Мартин, на врвот на една планина, оддалечена околу 8 милји од Епосиј.

По неговата смрт, преподбниот Венделин бил погребан во црквата, која тој ја подигнал. На 7 јули 979 година, неговите свети мошти биле пренесени во манастирот Карињан. Неговите ученици преминале под духовно раководство на игуменот од манастирот Орвал. Денес, во близината на местото Маргут, каде што се подвизувал преподобниот, постои римокатолички манастир, посветен во негова чест. Споменот на свети Венделин, Православната Црква го празнува на 21 октомври според Јулијанскиот календар.


[1] Венделин = патешественик.

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2022/02/03/%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8-%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BD-%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8/

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
10 months ago

Свети Адалберт, архиепископот на Магдебург

СПОМЕН НА СВЕТИОТ АДАЛБЕРТ, ПРВИОТ АРХИЕПИСКОПОТ НА МАГДЕБУРГ, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 20 ЈУНИ (910-981; латински: Adalbertus Magdeburgensis) Свети Адалберт[1] е доселеник од Лотарингија,[2] кој во 953 година стапил во служба на Отон I,[3] идниот император на Римската империја. Во 9...

Image Description
4 years ago

Подготвителни седмици и недели пред Великиот пост

Пред почетокот на Великиот пост, Црквата одредила постепено воведување во постот преку трите подготвителни седмици, во кои си спомнуваме на карактеристични настани од Евангелието, кои, пак, се поврзани со постот и покајанието, и во кои веќе Црквата етапно нѐ воведува во постот. Најчесто нас...

Image Description
4 years ago

Митрополит Методиј: Божикно послание 2016/17

Голема е тајната на побожноста: Бог се јави во плот, посведочен беше од Духот, се покажа на ангелите, беше проповедан на народите, светот Му поверува, и се вознесе во слава! (1 Тимотеј 3:16)  Возљубени духовни чеда, Да се сплотиме сите во радост и веселба на празникот на Рождеството Христово, ден...