Свети Вилфрид, архиепископот на Јорк

Example User · 4 years ago

    3 minutes, 6 seconds


SVETI VILFRIDЖИТИЈА НА БОЖЈИ УГОДНИЦИ, КОИ ЗАСВЕТЛИЛЕ ВО ЗЕМЈАТА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ ВИЛФРИД, АРХИЕПИСКОПОТ НА ЈОРК, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 12 ОКТОМВРИ

(634-709; Wilfrid)

Светиот отец наш Вилфрид[1] е роден во Нортумбрија, во семејство на прочуен кралски советник. Според преданието, неговото раѓање било проследено со особена појава. Во моментот кога Вилфрид се раѓал, неговите соседи забележале дека нивната семејна куќа е во пламен, па веднаш отрчале да им помогнат на родителите. Но, кога пристигнале до нивната куќа, тие забележале дека огнот не нанесувал никаква штета, туку на чуден начин се вознесувал кон небото, притоа никого не повредувајќи.

Уште како младо момче, Вилфрид одлучил целиот свој живот да го посвети на Бога, па на 14-годишна возраст тој пристапил во Линдисфарнскиот манастир. Потоа заминал во Кентерберискиот манастир за да се дошколува, а во 653 година одлучил да се поклони на гробовите на светите Апостоли, па заминал на школување во Рим.

Откако направил молитвен подвиг и се поклонил пред гробовите на светите Апостоли, Вилфрид заминал во Галија, каде што останал три години, па потоа се вратил во својата татковина. Во 661-665 година бил настојател на манастирот во Рајпон, каде што, наместо да се богослужи според традиционалниот келтски обред, тој за првпат го вовел континенталниот устав и римските обреди.

Вилфрид имал 30 години, кога набожниот крал Алфред од Јорк, во 664 година го поставил за епископ на истиот град. Бидејќи во тоа време биле кризни односите со келтската ерархија, Вилфрид своето ракополагање го примил од 12 франечки епископи. Не можејќи да дојде до согласност со месното келтско свештенство, тој започнал да го интензивира влијанието на континенталните обичаи среде месното население. На Соборот во Стренесгал, во 664 година, Вилфрид одиграл клучна улога во прифаќањето на решенијата во корист на Римската Црква.

Во 678 година тој бил разрешен од епископската должност и посакал да замине за Рим, па таму да поднесе жалба за таквата одлука. Но, наместо да замине за Рим, тој пристигнал во Фрисландија, каде што проповедал цела година, обраќајќи многумина во христијанството. Дури потоа го продолжил својот пат за Рим, каде што бил оправдан од папата, но по своето враќање во татковината, тој повторно бил прогонет во 680 година и заминал во Сасекс, каде што со уште поголема ревност проповедал до 686 година.

Во 686 година тој повторно се вратил во Јорк и повторно седнал на епископскиот трон, сè до 691 година. Како епископ водел постојани спорови со државната власт. Во 692 година уште еднаш бил принуден да замине во прогонство и повторно стигнал во Рим за да бара оправдување за своите постапки. Во 703 година, Соборот во Остерфилд, повикан и одржан под покровителство на Бритвалд, повторно заклучил дека на Вилфрид треба да му биде одземена епископската катедра. Не земајќи ја во предвид одлуката од Рим, која била во негова корист, сепак, во 705 година, Вилфрид се покорил на одлуките од локалниот Собор и прифатил да биде епископ во градот Хексхем.[2]

Со пристигнувањето на Хексхемската епископска катедра, свети Вилфрид започнал нова мисија во основање и подигнување на велелепни манастири и цркви. Самиот светител, како прекрасен неимар, давал свои предлози и сугестии како треба да изгледаат новите цркви, а се грижел и за нивното благоукрасие.

Свети Вилфрид се прославил и како чудотворец. Во неговото опширно житие е опишан и еден случај, кога една сиромашна женичка го замолила да ѝ го воскресне нејзиниот мртов син.

Последните години од својот живот светителот ги поминал во Рајпон, каде што и починал во 709 година и тука чесно и достоинствено бил погребан. Во 940 година, дел од неговите свети мошти биле префрлени во Кентербери.

Свети Вилфрид денес е почитуван не само од Православната Црква, туку и од Римокатоличката и Англиканската, а неговиот спомен се слави на 12 октомври според Јулијанскиот календар.

[1] Вилфрид (староанглиски: wil и frio) = мироносец.

[2] Хексхем (Hexham) е град во североисточна Англија, во грофовијата Нортумберленд, на бреговите на реката Тајн. Во 2001 година во градот живееле околу 11.000 жители. Најблизок административен центар е Њукасл (околу 40 км.). Градот бил формиран во околината на Хексхемскиот манастир, кој бил основан од свети Вилфрид во 674 година. Од 678 година постоела и Хексхемска епархија.

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2017/06/16/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%b2%d0%b8%d0%bb%d1%84%d1%80%d0%b8%d0%b4-%d0%b0%d1%80%d1%85%d0%b8%d0%b5%d0%bf%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d0%be%

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

13. Недела по Педесетница – евангелие за лошите лозари!

Свето евангелие според светиот апостол Матеј Свето евангелие според светиот апостол Матеј   21:33-42 Чујте друга парабола! Имаше еден човек домаќин, кој насади лозје, го загради со плот, ископа бунар, направи кула и, откако го предаде на лозарите, си отиде. И кога наближи времето за берењ...

Image Description
5 months ago

Црковното Предание учи дека Богородица се упокоила како и сите луѓе

На Маслиновата Гора, на местото каде се вознел Христос, плачејќи се молела Бог да ја земе од овој свет. Тогаш ѝ се јавил Архангел Гавриил и ја известил дека по три дена (на 15.08./28.08) ќе биде упокоена. Тој ѝ донел една рајска гранка од палмово дрво, која светела со светлост од небесната благодат...

Image Description
3 years ago

Св. вeл. маченичка Eкатeрина – Православен календар за денес

Св. вeл. мччка Eкатeрина. Ќeрка на царoт Кoнстантин. Пo смртта на таткoтo живeeла сo свoјата мајка вo Алeксандрија. Мајка ѝ била тајна христијанка, кoја прeку свoјoт духoвeн oтeц ја привeла и Eкатeрина вo вeрата Христoва. Вo eдна визија св. Eкатeрина примила прстeн oд самиoт Гoспoд Исус вo знак на п...