Светиот дух живее во Вас …

Example Super-Admin User · 2 months ago

    1 minute, 9 seconds


Светиот дух живее во Вас …

Светиот дух живее во Вас …

Кога чувствувате радост и полнотата на животот, без обѕир на успесите или неуспесите.

Кога сте среќни, иако не сте ги решиле сите  проблеми во својот живот.

Кога не очекувате сѐ да е „совршено“ за да би живееле и да би уживале во Божјите дарови.

Кога во малку и во незначително гледате големо и божествено.

Кога со малку ќе направите многу.

Вие го имате духот Божји…

Кога ќе одлучите да се насмевнете и да го прославите Бог во свет кој знае само да се жали и да се облекува во бојата на кукањето и тагата.

Кога во другиот може да ги видете даровите и убавината на уникатноста нагласувајќи ја светлината, наместо темнината на неговото постоење.

Кога на другиот можете да му простите и да му дадете уште една шанса, сфаќајќи дека неговото отсуство боли повеќе отколку неговата грешка.

Кога љубовта не е само доблест или морален избор, туку начин на кој гледате и толкувате сè што се случува во вашиот живот.

Кога може да сакате без да калкулирате.

Кога критиките и зборовите од светот не доаѓаат во вашето срце, бидејќи духот Божји ви ја открива бескорисноста и минливоста и на оние кои ве обвинуваат и на оние кои ви аплаудираат.

Кога се надевате и тогаш кога сите ве жалат.

Кога ќе станете веднаш штом ве турнале.

Кога го разбирате она што другите само го гледаат.

Кога молчите таму кадешто сите зборуваат.

Но, дури и да немате ништо одгоре наведеното, сепак Светиотдух е оној кој ве просветлува да ја барате Светлината, а мракот да не ве разочара.

П. Ливиос

Извор-https://zivereci.com/8926

https://www.tiveriopol.mk/svetiot-duh-zivee-vo-vas/?fbclid=IwAR0-hBBSf6Gj1pz7Q4VC2tcFsBSCuVqcFNyJbUy6j5Dt6wQPiA2IWZF8_ps

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/25270-svetiot-duh-zhivee-vo-vas

Share:

Example Super-Admin User

Perferendis aliquam velit aut non qui voluptas. Velit est voluptatem qui eum rem laboriosam ut. Blanditiis magni earum quo unde repudiandae sequi. Delectus autem quis dolores. Ut rerum aut illum possimus. Officiis placeat ducimus aut harum quos. Est in aspernatur animi. A aut et esse ex dolore sed. Incidunt rerum sed modi culpa. Expedita quia inventore iure aliquam. Itaque laboriosam vel fugiat aut.

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

Хиландарски колач, Благодатен оган…

Онаму каде што нема здрава вера, природно е да се појави нездрава религиозност. Таму каде што Православието е слабо, таму се јавуваат суеверија, бајачи и секташи. Пред 20 години се појави на Балканот (најпрво во Србија, па оттаму и во Македонија) некој „Хиландарски колач“, „Острошки колач“,...

Image Description
2 years ago

Светите Андроник и Атанасија

Во времето на византискиот цар Теодосиј Велики(1) во Антиохија живееше некој си човек по име Андроник, златар по занает. Андроник се ожени со ќерката на златарот Јован, која се викаше Атанасија, што значи бесмртност(2). И навистина, Атанасија со својот свет живот стекна бесмртна слава, како...

Image Description
4 months ago

Ватопедска чудотворна икона на Богородица Парамитија (Утешителка)

Ватопедска чудотворна икона на Богородица  Парамитија (Утешителка) ИКОНАТА КОЈА ГО ПРОМЕНИЛА СВОЈОТ ЛИК Преданието раскажува дека во 807 година на Света Гора дошле банда од морски разбојници. Тие имале намера в`зори, после отворањето на капијата да влезат во Ватопед,  да ги заколат монаси...