Светоста на семејството и молитвата
Во време кога се почесто се уриваат темелите на семејството и кога многумина лесно се откажуваат од она што го заветувале пред Бога, неопходно е да се потсетиме што значи да се биде член на семејството и колкава одговорност сите ние имаме.
Бракот не е само договор меѓу двајца луѓе; тоа е светилиште, тајна во која двајца стануваат едно тело, а Бог е нивни сведок и заштитник.
Свети Николај Велимировиќ не учи:
Семејството е мала црква. Како што во големата Црква Христос е глава, така и во семејството таткото е глава. Како што Црквата е под заштита и љубов на Христос, така и жената и децата треба да бидат под заштита и љубов на таткото на семејството.
Одговорност пред Бога и децата.
Децата кои растат во семејство каде и мајката и таткото се присутни и се сакаат, имаат неспоредлива предност. Тие учат што е љубов, што е почит, како да простуваат и како да го носат товарот на животот.
Свети Јустин Поповиќ не потсетува:
Двојната молитва на татко и мајка за нивните деца ги руши сите пречки. Децата ни се дадени како дар од Бога, но и како одговорност. И најдобро се воспитуваат кога родителите клекнуваат заедно во молитва.
Брак - пат на трпение и љубов.
Ниту еден брак не е лесен.
Има искушенија кои доаѓаат со сечиј карактер, со околностите на животот, со притисоците на светот. Но, тука се покажува големината и силата на верата.
Кога ги земаме нашите завети во брак, ги кажуваме пред Бога зборовите дека ќе останеме заедно и во добро и во лошо, во здравје и во болест, во богатство и во сиромаштија. Тоа не е поетска формалност, туку ветување што си го даваме не само еден на друг, туку и на самиот Господ.
Патријархот Павле еднаш рекол:
Нема брак без Крст. Но, токму тој Крст е извор на радост. Оној што го носи брачниот Крст, со љубов и молитва, ја доживува и радоста на воскресението во своето семејство.
Порака за сите:
Ако сте во Православен брак, ако сте родител, ако некогаш сте се почувствувале слаби или сте помислиле да се откажете, запомнете дека откажувањето од семејството е најголемата загуба.
Тоа е загуба не само за вас, туку и за вашите деца, за идните генерации.
Не заборавајте, семејството е вашата Црква, вашиот Крст и вашата радост.
Бракот е пат на жртва, но и пат на љубов.
И љубовта никогаш не доаѓа без молитва. Молете се за вашето семејство, за вашиот сопружник, за вашите деца.
Зашто, како што рекол Свети Пајсиј Светогорец:
Молитвата го тера Бога да влезе во нашите домови и да реши сè што не можеме.
Не дозволувајте вашите деца да растат без љубовта на двајцата родители.
Не дозволувај твојот завет пред Бог да стане празен збор. Со молитва, трпение и труд се е можно. Затоа што кој останува со своето семејство, останува со Бога.
А со Господ се е победено
Свети Пајсиј Светогорец често велел:
Детето кое ја гледа љубовта меѓу своите родители во куќата, го гледа и Бога. Тоа дете полесно станува христијанин, бидејќи љубовта е првиот јазик што го учи да зборува.
Меѓутоа, што се случува кога семејството се раздели, кога едниот или двајцата родители се откажуваат од заедничкиот пат?
Децата потоа стануваат жртви. Нивната душа чувствува празнина што само љубовта и заедништвото на нивните родители можат да ја пополнат.
Можеби не секогаш разбират што се случува и секогаш ќе почувствува кога нешто недостасува.
Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2024/11/blog-post_43.html