Title : Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Example User · 3 months ago

Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки познатиот шампион во спортско качување, Адам Ондра. 25-годишниот Адам, кој е родум од Брно, неколку години е дел од Чешката спортско-качувачка репрезентација и омилен спортски лик не само во својата земја, туку и низ целиот свет. Според експертите во оваа област, Адам е најдобриот и досега најнаградуван спортски качувач, но и единствениот кој успеа истовремено да ги освои Светските купови и Шампионати во различни climbing категории.

Имено, Адам моментално ја реализира својата повеќемесечна Balkan climbing турнеја, која опфаќа посета и споделување искуства низ неколку спортско-качувачки локалитети во повеќе земји, како Романија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Грција и секако Македонија. Во консултација со неговиот домаќин, претседателот на Спорстко-качувачката Федерација на Македонија, Владимир Трповски, Адам во нашата земја ги избра за качување најсложените насоки во прекрасниот и инспиративен мавровски крај. Својот единствен ден за одмор Ондра го искористи за да ги посети Бигорскиот и Рајчичкиот манастир, од чијашто мисија и активност беше особено воодушевен, па трогнат од топлото гостопримство на кое наиде, тој заедно со својата екипа, го поминаа буквално целиот ден во дружба со монасите. Она што е особено интересно е тоа дека од оваа негова rock-climbing турнеја ќе произлезат и документарни записи во неколку продолженија, а голем дел од кадрите се снимани токму во Бигорскиот и Рајчичкиот манастир. Адам, кој во светот важи за многу популарен и крајно посветен на големите предизвици што ги нуди оваа атрактивна спортска дисциплина, но во суштина е едноставен, скромен и позитивен човек, не пропушти со монасите да ги сподели и своите интересни искуства и впечатоци, како и идни професионални предизвици.

Фотографии: Pavel Otevrel

 

 

 Извор: Бигорски манастир

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/nastani/20729-svetskiot-prvak-adam-ondra-vo-poseta-na-bigorskiot-i-rajchichkiot-manastir

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 months ago

Избран местобљустител на тронот на Киевската Митрополија

ИЗБРАН МЕСТОБЉУСТИТЕЛ НА ТРОНОТ НА КИЕВСКАТА МИТРОПОЛИЈА Во понеделник, 24 февруари 2014г., се одржа заседание на Светиот Синод на Украинската православна црква (МП), со кој според Уставот на Украинската православна црква претседаваше најстариот по хиротонија член на Синодот, г. Агатангел, Митрополи...

Image Description
2 months ago

Австралиско-новозеландската епархија стана одобрен провајдер за Специјално верско образование (СРЕ) на Министерството за образование на Нов Јужен Велс

Македонската православна црква – Епархија за Австралија и Нов Зеланд, на 17 септември, стана одобрен провајдер за православна веронаука во рамките на програмата „Специјално верско образование (СРЕ)“ на Министерството за образование на Нов Јужен Велс. Од Православните цркви во Австралија, покрај наш...

Image Description
3 months ago

Во Париз се одржа протестен митинг

ВО ПАРИЗ СЕ ОДРЖА ПРОТЕСТЕН МИТИНГ На 2 јуни оваа година, во Париз се оджа протестен митинг. На плоштадот Трокадеро, кој е познат и под името Плоштад за заштита на човечките права, христијаните од повеќе националности, кои живеат во франција, барале ослободување на двајцата заробени епископи во Сири...