Треба да вложиме во сега и овде! (Дедо Наум)

Example Admin User · 4 years ago

    1 minute, 31 seconds


Дејствување СЕГА и ОВДЕ

Сѐ нешто чекаме да се случи, па да преземеме некакви конкретни чекори кон подобрување на нашиот духовен живот.

На пример, подобри услови за молитва.
Или, чекаме работите во нашиот живот да станат поедноставни и полесни, па да преземеме нешто, во правец на негово подобрување.

Или, чекаме да ни помине мрзата, па да почнеме да работиме на нешто.

Како Бог да не знае што нам точно ни треба, па сега ние тоа го немаме. Не, сѐ што треба ни дал, наше е само да ја исполнуваме Неговата волја, во послушание.

Важно, тоа што го чекаме никогаш нема да дојде ако веднаш не смениме нешто на подобро. Барем, ние сигурно нема да бидеме поподготвени.

Треба да вложиме во сега и овде, пред сѐ, во себеси, за да се случи некоја промена кон подобро во иднина, а не да чекаме пасивно некоја подобра иднина, за тогаш да направиме нешто со себеси.

Значи, еден од најголемите проблеми на модерниот човек, а кој истовремено е и најмалку освестен, е замислениот и очекуваниот, па дури и пророкуваниот живот таму и некогаш, наместо конкретниот живот овде и сега.

Важно е и тоа таму и некогаш, доколку припаѓа на она што обично го нарекуваме план, визија, цел, мотив; но тоа е неостварливо, па дури и повод за очајание, ако не успееме во она што се нарекува живот овде и сега.

Само восогласениот начин на живот со степенот на духовниот развој, како и со нашето реално место во Црквата, претставува православен духовен живот овде и сега.

Само така можеме да живееме во мир и покајание и да бидеме радосни.

Сѐ друго е гордоста, темнината, стравот и немирот на таму и некогаш.

Последици од умислениот живот таму и некогаш се: очајание и напуштање на конкретниот подвиг, апокалиптични проекции во кризни ситуации, зависност од социјални мрежи, неуспех, неблагодарност, незадоволство, незнаење итн…

Има и друго актуелно за зборување, ама не спаѓа во животот сега и овде. Да, спаѓа во она што би било – кога би било, таму и некогаш…

Едноставно, животот сега и овде е живот во Богочовекот Христос, кој во себе ја содржи и иднината – останатото време, христијанскиот крај и Царството Небесно.

Пресвета Богородице, спаси нас!

Митрополит Наум

Source: https://pokajanie.mk/2021/01/30/30579/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

  Митрополит Струмички Наум:Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57) Од денешното евангелие (Лука 18, 18–27) можеме да извлечеме неколку поуки.Страста што Лекарот на нашите души и тела ја посочува како пречка за очистување и просветлување на младичот е среброљубиет...

Image Description
3 years ago

Митрополит Наум -Вам ви е дадено да ги знаете тајните на Царството Божјо!

Вам ви е дадено да ги знаете тајните на Царството Божјо             Почвата на којашто Богочовекот Исус Христос го сее семето, односно Своето слово, е човековото духовно срце; таму е суштината на нашиот ум. Го сее преку оние луѓе на Црквата кои...

Image Description
5 days ago

Старец Ефрем Филотејски: Гревот не е само нарушување на Божјите заповеди; ако не се молиме за другите луѓе, тоа е исто така грев

Благословени мои чеда! Нашиот Бог е љубов, и кој пребива во љубовта, во Бога пребива, и Бог во него (1. Јн. 4, 16). Христијанин кој во своето срце нема Божја љубов нема ни Христов живот во душата. Тоа е големо дело на Божјото човекољубие! Тоа, што Бог Логос слезе на земјата, стана Човек и прими […]...