Умееме да ги маскираме своите страсти

Старец Никон Светогорец
За страстите знаеме многу работи. За нашите страсти знаеме многу, така што можеме и магистерски труд да направиме. На пример, земете ги филмовите, во кои има сосема природни детални сцени на убиства.
Луѓето кои создаваат конкретни филмови, тие сцени ги опишуваат со таква автентичност така што за нив се нешто познато. Но за киното особено е тешко да покаже некој добродетелен човек, а во светот – не гледаме ниту еден. Пред неколку години група поклоници дојдоа во мојата ќелија. Меѓу нив имаше еден маж, кој со себе носеше лист хартија, на кој беа запишани неговите гревови. „Дојдов да се исповедам кај било кој духовник и што да кажам? Пак истото – минатогодишните гревови!“ – воздивна тој. Во тој момент некој, кој беше блиску, дофрли: „Леле, денешните луѓе немаат никаква фантазија!“ Да си измислиме нови гревови – очигледно тој човек имаше бујна фантазија.
Има два вида на страсти – телесни и духовни. Гладот, жедта, желбата за плотски односи, се оние страсти, кои се поврзани со телото. А духовните и душевните – извор на сите тие е гордоста. Од нив се раѓаат сите останати – злопамтењето, зависта, омразата кон ближниот, осудувањето, среброљубието, маловерието… Почеток на сите тие страсти е гордоста. Светите отци велат телесните страсти кај нас постојат на природен начин – само Бог ги поставил во човековата природа, но страстите во душата не се природни. Телесните страсти ни се неопходни за наше зацелување. За да живееме – јадеме, пиеме, имаме желба од контакт со другиот до нас. Затоа Бог ги поврзал со наслада, така што сакаме да јадеме, сакаме да пиеме вода, сакаме да спиеме, сакаме да имаме плотски контакт, за да не исчезне човечкиот род. Затоа тие страсти се нарекуваат непорочни и никој не може да обвини никого затоа што јаде, затоа што си ја гаси жедта, или затоа што сака да има плотски односи. Тогаш каде е проблемот? Велиме, Бог ни ги дал, за да живееме и да се множиме. Злото се крие во тоа што, ја отфрливме целта, но ја задржавме насладата, со која Бог ги сврзал. На пример, во епохата на Нерон готвачите биле извонредни, како и денес. Знаете ли што правел Нерон? Раскошни трпези. Римјаните јаделе, буквало се тепале, целосно се предавале на задоволството на јадење, и после тоа правеле нешто ужасно – до нив имало садови (вомитории – садови или специјални места назначени за повраќање), во кои ја повраќале изедената храна, за да можат да почнат да јадат од почеток. Ете како ја отстраниле целта на храната, за да се предадат единствено на насладата од неа. Истото го правиме и со плотскиот контакт, ја отфрламе целта за која ни е дадена, која е за подобро да го запознеме другиот, за да се родат деца, а ја задржуваме само насладата. Знаете ли колку е апсурдно човек да вели: „Штом ми е дадено – ќе го исползувам!“ Колку е логично полицаецот да си рече: „Зошто ми е даден пиштолот? За да го употребам?!“ И да почне неконтролирано да пука! Сите тие наслади се дадени, но со конкретна цел, со конкретна смисла. Јадењето не е зло, жената не е зло, парите не се зло, зло е чревоугодието, блудството, среброљубието, вели еден човек од Црквата. Погрешната употреба на Божјите дарови е грев и страст, кој го отвора патот до адот, а не Божјите дарови сами по себе.

Се предаваме на нашите страсти или поради мрзливост и немарност, или по Божјо допуштање за да се смириме. Последното е добро и полезно за нас, но првите две се срам. Но да имаме предвид и нешто друго. Страстите постојат. Но, постои и некој кој ги распалува. Не е само нашето невнимание, тука е и ѓаволот. Да го имаме превид и тоа дека постои бес на блудство, бес на чревоугодие, бес на злопамтење. Работите кои ги чувствуваме во нас, не секогаш се природни. Ѓаволот се обидува секоја наша природна потреба, да ја насочи кон погрешен пат и да ја преобрати во грев. Затоа отците, кои го знаеле тоа во борба со страстите велат – искорени го трнот и ќе ја видиш змијата, која се крие во коренот. Кога страстите се засилуваат и ја востановуваат својата власт, разумот згаснува. Умот на поробениот од страстите човек не работи правилно.
На Света Гора дојде еден монах од светот. Кој знае какви проблеми го мачеле неговиот ум… Отците му дале ќелија, но потоа зажалиле за избрзаната постапка. „Требаше првин да го испитаме, да провериме кој е!“, – велаа тие. Тој имал една страст – бил многу среброљубив. Раскажуваат за него дека имал куќа, полна со скапи предмети, со вредни слики итн. Еден ден двајца работници странци отишле да работат кај него. После отците ги прашале дали сѐ е во ред, тие одговориле:
– Каков е тој човек?
– Зошто, нели ви направи јадење? – прашале отците.
– Направи, но зеде една салфетка, ја подели на две, ја даде едната половина на едниот, другата на другиот и ни посочи: „Салфетките коштаат пари!“
Ете како страста го обзема и го заслепува човекот. Сите ни се чудат, додека ние се чувствуваме потполно комфорни во тоа кое го правиме во умопомрачението од страста. И што доби од половина салфетка тој човек? Ако ограбиш некого, ако му украдеш 100 евра, тоа е грев, но ти си „добил“ 100 евра од него. А од половина салфетка што добиваш? Наскоро тој човек се преселил од скитот и од Света Гора. Гледаме како страста го заслепува умот. Всушност нели е големо заслепување на умот на коцкарот?!… Не уништува ли тој сѐ околу себе, нели го уништува семејството, нели ги остава жената и децата на улица?!…
Божјото слово ни вели, дека тоа од кое си бил победен, ќе се врати како твој господар, кому ќе му служиш. Тој ќе е твој господар, а ти негов роб. Парите не се лошо нешто, има и светители кои биле богати – Авраам, на пример, не бил сиромав, дури бил многу богат, но отишол во рајот. Во Атина се запознав со еден човек, кој ми рече: „Старче, секогаш внимавам да не онеправдам некој од тие, кои работат во мојата фирма. Секогаш внимавам и велам: „Пресвета Богородице, просветли ме да не оштетам некој од тие кои работат кај мене!“ И на крајот на месецот, кога им плаќам, понекогаш си мислам дека сум онеправдал некого – и затоа им давам нешто повеќе“. „Добро правиш – му реков – но, внимавај, да не ги навикнеш постојано така, зашто горко ти следува!“ Тој е богат и тоа нема да му попречи да отиде во рајот! Зошто? Затоа што не се залепил на парите, не се разболел од страста на среброљубието, кое е зло, а не парите сами по себе. Другиот може да е сиромав и дури да не ти дава вода да се напиеш, да е завидлив, односно да не го пронајде патот до рајот. Важно е каде се прилепени нашите срце и ум. Тоа е нашиот проблем. Без да разбереме, му даваме слобода и дејство на ѓаволот.
На прв поглед изгледа дека нема врска меѓу едното и другото, но да знаете дека од моментот, во кој изговарате лоши зборови, седите и клеветите некој, може да очекувате плотска војна. Бесот на осудувањето ќе му „шепне“ на бесот на блудот… не знаеме какви душевни механизми постојат, но духовниот опит покажува, кога ќе осудиш некого, треба да очекуваш плотска војна…
Ние имаме еден посебна особина – да ги претвораме сопствените страсти во добродетели, на немоќта да си придаваме благодетни имиња како „успех“; „штедење“; „загриженост“… Ако го прашаш монахот за кој зборував претходно, зошто ја разделил салфетката на две ќе каже: „Не сум штедлив. Едноставно тоа е економија!“, нема да рече: „Скржав сум!“ Така и двајца, маж и жена, кои ги изнверуваат своите сопружници, ќе речат: „Природна потреба!“ Тоа ќе биде далеку од вистината. Му даваме право на ѓаволот и потоа тој ја распалува страста. Природно е да јадеме, но да јадеме со мерка…
Треба да внимаваме, да не очајуваме, да го држиме умот буден кон духовните страсти. Тие се поопасни од телесните – зашто не можеш лесно да ги разбереш и почувствуваш како се прикрадуваат во тебе, но и затоа што многу добро знаат да се маскираат. Св. Ефрем Сириски затоа вели: „Лошите навики ме сплетуваат како мрежа, и јас се радувам што сум врзан. Ѓаволот секој ден ги обновува јажињата, понекогаш гледа колку се радувам на разнообразието“. Тоа е лукавството на ѓаволот – да ги разгорува нашите страсти, да ги маскира. Кога Марија ги измила нозете на Исус со скапоцено миро, Јуда не рекол: „Јас сум скржавец!“ туку рекол: „Зошто е тоа растурање на мирото и да се мијат нозете на Исус, да се продаде и парите да се разделат на сиромаси?!“ Тој кој потоа го продаде Христос. Неверојатно сме талентирани да ја маскираме нашата беда во добродетел. Кога некој осудува некого, не вели: „Се претворив во судија!“ туку: „Јас сум за вистината, вистината е над сето тоа, сѐ што зборувам е во име на вистината!“ И отвора гроб за другиот и е подготвен да го турне во него, верувајќи дека ѝ служи на вистината. А кога осудува, не помислува, дека ни Бог не осудува. Св. Пајсиј вели Отецот го предаде целиот суд на Синот. Бог Отецот целиот суд го остави на Христос, а Христос вели „…не дојдов да му судам на светот, туку да го спасам…“. Бог не суди, Христос не суди. Не е потребно да си мудрец философ, за да разбереш, дека ти кој судиш наместо Христос, се претвораш во антихрист! Се упатуваш кон адот, без нешто друго да ти е потребно. Секогаш ни се допаѓа вистината, кога таа ги засега другите. Сакаме ли друг да ја разоткрие кога таа нѐ засега нас? Вистината за нас, коишто ја сакаме вистината?! Затоа да внимаваме со духовните страсти. Колку е повозвишена душата од телото, толку потешки се душевните и духовните страсти од телесните.
Го избегаваме блудот. Тоа е добро. Знаете ли кој друг блуд е поужасен? Израил бил поробен од непријателите, освојувачите ги измачувале Евреите и еден пророк се молел – „Боже, спаси го народот од непријателите!“ Но, Бог му рекол: „Престани да се молиш за тој народ. Затоа што тие блудствуваат!“ Какво е тоа блудство на цел народ? Тие тргнаа по други богови и ме оставија Мене. За тоа духовно блудство цел народ бил поробен. Да слушаме слово на еретици, да читаме еретички книги – е тоа е такво блудство. Човекот кој не е христијанин, може да блудствува од незнаење, но христијанин кој чита будистички, хиндуистички книги, за да најде спасителна вистина, знае Кого Го остава и каде оди. Ќе читаме и од тие книги за да го задоволиме нашето знаење. Но не и за да го бараме спасението во нив…
Ѓаволот паднал, но паднал само духовно. Човекот е паднат и духовно и телесно. Паѓањето на човекот е поголемо од паѓањето на ѓаволот, затоа што паднал и телесно и духовно. Но, Бог како што нѐ учат отците, е снисходлив кон човекот, затоа што може да е паднат, но ѓаволот е паднат доброволно, тој тоа самиот го посакал. Човекот бил измамен и привлечен од ѓаволот. Затоа никогаш нема да се разочаруваме, да паѓаме во униние, а ќе се бориме со високо крената глава, ќе живееме радосни, знаејќи дека во рацете држиме моќно оружје. Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен – вели Господ – ќе наследи вечен живот. Тој пребива во Мене и Јас во него. Кога војуваме со некоја страст, ние се бориме со неа. Кога се причестуваме, Христос се бори со неа во нас. Стануваме членови, дел од Христовото тело, стануваме Христови. Затоа свети апостол Павле вели: „Сѐ можам преку Исуса Христа, Кој ме крепи“ (Филип. 4,13). Но треба да бидеме внимателни. Не можеме да се спасиме надвор од Христос, не можеме да Го придобиме Христос надвор од Таинството на Црквата, надвор од исповедта, далеку од Светата Причест, од покајанието. Немало поголема блудница од преподобна Марија Египетска. Таа го извршувала својот грев, се вели во синаксарот, без да зема пари, само за наслада. Одела во Ерусалим и плаќала со плотта. Има ли поголем грев од тоа? Познато е, на Света гора не само што не е дозволено да одат жени, туку и светителки не се фрескоживописуваат. Тоа е така, не затоа што не ги почитуваме доволно или дека се плашиме од нив. Каков страв за мене би бил ако видам изобразена на ѕид во црква лик на света Параскева или пак лик на света Варвара?! Нема изобразување на светителки, затоа што Света гора е посветена на Пресвета Богородица и затоа таа е единствената жена, која е фрескописана таму како и нејзината мајка – света Ана. Но знаете ли и која друга? Света Марија Египетска. Ние, цела војска светогорски монаси имаме за пример една жена – да се уподобуваме на неа во покајанието.
Никогаш не се разочарувајте, никогаш не очајувајте. Никогаш нема да запре ѓаволот, едноставно, бидете внимателни. Еден светител на Црквата вели, оној кој тврди дека сака да ги одбегнува страстите, но не бега од причинителите и средствата, кои ги подгреваат, се подигрува со самиот себе. Не е доволно само да ги избегнеме страстите, но и пространствата и местата, кои нѐ фрлаат во грев.
Во едно време помагав на млади со зависности од дрога. Еден ми рече: „Старче, дај ми благослов да отидам да го видам старец Пајсиј!“ „Ајде оди!“ – му реков. Тој отиде и се врати со наведната глава. „Што се случи?“ – го прашав. Ете што му рекол старец Пајсиј: „Ти си од оние кој сака да прекине да пуши цигари, но сѐ се врти во круг. Нема да пушиш првиот пат, нема да купиш цигари вториот пат, и на третиот ќе земеш“. Одалечи се од местата и друштвата, кои те снабдуваат со тоа, кое е твојата смрт. Страстите, вели еден отец, се победуваат со практични добродетели. Чревоугодието – со пост, блудството – со воздржание, гневот – со кротост. И сето тоа надополнето со смирение.
Тоа не се незначителни ситници. Некој си вели: „Бог го интересира ли што ќе јадам? Дали е можно точно сега Бог да го интересира дали ќе јадам јајца во среда или сирење во петок? Нема ли да врши други големи дела, а се занимава со тоа што ќе влезе денес во мојот стомак“?! Бидете внимателни! Тоа, кое изгледа мало, всушност, не е мало. Неслучајно првата заповед, дадена на човештвото е постот. Бог му кажал на Адам во рајот да јаде од секое дрво, но од тоа нема да јадеш. Зошто? Отците велат, нема значење какво било тоа дрво, можело да биде дрво како сите други дрвја. Значајно е тоа дека, ако не јадел од тоа дрво го запазил постот, ние го држиме Бог во умот, ги слушаме Неговите заповеди, постојано мислиме на Него, не живееме независно од и без Него. Според тоа, она малку и незначајно нешто станува толку големо и значајно.
Кој започнува духовна борба со пост, многу брзо ќе заклучи дека не е возможно во исто време да постиш и да гледаш непристојни филмови. Не може да постиш само со стомакот, ќе постат и очите и ушите – ќе внимаваме и на тоа, кое го слушаме и гледаме. Ќе пости и јазикот. Во време на Великиот пост еден отец на Света гора ми кажа: „Денес постев, јадев без масло!“ А само што беше се скарал со еден друг отец. Во таков случај завршено е со постот! Трудот во борбата со телесните страсти, кој го вложуваш се претвора во сила, насочена кон духот. Ако некој ви каже дека постот не принесува никаква полза, можете да му го одговорите следното: „Ако направите повеќе чуда, отколку што направил Христос, ако исцелам повеќе парализирани, ако дадам вид на повеќе слепи луѓе, ако воскреснам повеќе мртви, отколку Христос, тогаш ќе го оттргнам постот од мене. Зашто дури и Самиот Христос постел. Ако постот на Христос му бил од духовна полза, тогаш за мене уште повеќе!“ Повторно ќе го споменам примерот, што ни е даден со животот на света Марија Египетска, се спасила со покајанието. Покајание кое е покажано на дело. Не само во нашиот ум, но и на дело треба да се покаже покајанието. Ќе отидеме во адот, зошто да не се покаеме за гревовите, зошто да не го покажеме тоа покајание на дело, не се бориме. Покајте се! – така започнува проповедта на благата вест (Евангелието). Покајте се, зашто се приближи царството небесно! Не постои безгрешен човек. Познавате ли некој што е безгрешен? Само Христос. Ние започнуваме да се исповедаме од моментот кога тргнуваме кон храмот, на исповед кај отецот, тогаш си го умртвил ѓаволот, си му ги отсекол рацете. Затоа тој ќе ти наложи помисли против свештенството, против духовникот, за да те држи далеку од вратите на црковното Таинство. Не се оддалечувајте од свештениците, од Црквата, од парохијата. Не нѐ спасуваат нашите добродетели, а нѐ спасува тоа што се подвизуваме за Христовата љубов, нѐ спасува тоа што во моментот во кој чувствуваме дека се гневиме, си ги спомнуваме оние евангелски зборови на Христос: „Поучете се од Мене бидејќи сум кроток и смирен по срце…“ Ѓаволот трепери од смирението, кое се раѓа од исповедта, тој трепери од епитрахилот на свештеникот. Држете ги свештениците „за расото“, и оставете го ѓаволот да си зборува што сака. Умот може да има безброј аргументи, но животот ќе ви покаже дали тоа има вистина или не. Понекогаш го живееме сето тоа, затоа и го знаеме, а не затоа што го читаме или слушаме. Христијаните веќе две илијади години опитно го живеат Христовото учење и знаат каква е силата на постот, на исповедта, што значи свештеникот да ти прочита разрешна молитва.
Неопходно е трпение. Не очекувајте од денес до утре да се преобратите во добродетелни – во Пајсиј, во Порфириј, во Ефрем Филотејски. Зашто и ѓаволот е многу трпелив. И не го губи трпението, сака да нѐ придобие, дури и во последен момент. Не го интересира тоа што треба да чека. Тоа ме потсетува на еден случај со еден свештеник, кој сретнал некој пустиник странец и го прашал:
– Отче, како си? Како оди подвигот?
Монахот само ја занишал главата и продолжил нешто да повторува на глас – името на една девојка која ја познавал од младоста.
– Но, отче на 80 години уште ли мислиш на неа? – зачудено прашал свештеникот.
– Снага – стара, срце – младо! – одговорил пустиникот, за да се види дека ѓаволот не се изморува да војува. Похотта не старее заедно со телото.
Во разговор со еден друг отец, кој веќе 20 години беше во манастир, тој ми сподели дека многу долго време го мачи една мисла: „Да останам или да заминам? Да останам или да заминам?“ Јас останав со подотворена уста – еден од најдобрите отци на монаштвото беше измачуван од такво прашање. Ѓаволот му го вложил тоа во умот: „Оди си! Оди си! Оди си! Зошто седиш тука? Да си затворен и да се навикнуваш на каприците на секој, со секакви искомплексирани луѓе кои доаѓаат! Исчезни колку што е можно побрзо!“ Тој преземал решение, за да остане монах, целиот имот го дал на сестра му и браќата, за да нема ништо, што може да го задржи во светот. Оттогаш поминале 30 години, но и до денес тој продолжува да ја води таа битка…
Ѓаволот не се изморува, ниту ние ќе се измориме. Преку таа борба ќе се спасиме, а не преку тоа, кое сме го постигнале. Ако нешто сме постигнале, тоа не зависи од нас, туку од Божјата благодат. Ако Бог ја испрати, ќе успееме, ќе победиме една или друга страст, ако не ја испрати, нема да успееме. Тогаш сме ја завршиле борбата, заради која ќе одиме во рајот. Особено е важно со радост да го правиме сето тоа, со радост, за да не го губиме трпението. Св. Јован Златоуст вели, ако ние заборавиме дека сме деца на Бог, за среќа, Он не заборава, дека е наш Отец и не нѐ остава. Никого нема да разочарате, а ќе го натерате ѓаволот да пукне од мака, бидејќи нема да му поминат плановите.
Еден старец умирал во еден скит – тој се мачел, но душата долго време не го напуштала телото. Нешто необично за монах. Минувале четири, пет дена… другите отци се растревожиле што се случува, зошто братот не заминува во мир. Повикале еден свештеник (самиот тој ми ја раскажа историјата), го ставил епитрахилот и започнал да го исповеда. „Додека седев до него, разбрав дека тој ги гледа демоните наоколу. Таман завршивме со исповедта, кога тој се сети дека заборавилл да исповеда уште нешто, и така неколку пати. Кога видов дека нема веќе ништо за кое може да биде обвинет му прочитав разрешителна молитва, го симнав епитрахилот излегов надвор и им кажав на собраните отци: „Подгответе се за кратко ќе почине!“ Од каде знаеме дека ќе е така? Како монах кој од дете е на Света гора, како човек може и да паднал во некои гревови, можеби покажал и небрежност, слабост или невнимание, но целата борба што ја водел не била напразна. Христос, Пресвета Богородица не го оставиле да почине пред да се избришат и најмалите гревови, кои ги направил во земниот пат и кои можеле да му попречат. На излегување од скитот, свештеникот ја слушнал камбаната – монахот починал.
Не сме сами, во Божјата прегратка сме, во прегратка на Пресвета Богородица, која го успокојува нашето измачување. Не сме сами. Да внимаваме повеќе во малите страсти – низ нив нѐ гори ѓаволот, тој не се труди да нѐ фрли во големите. На тој кој се подвизува, тој нема да му рече: „Блудствувај! Кради! Претепај некого!“ туку, ги гледа малите. Чамецот не се потопува само од еден голем камен, фрлен внатре, може да потоне и од песок, кој ќе се претвори во голем камен, кој ќе го потопи. Да го измиеме животот со желби за да ги победиме страстите, а не да им правиме место во срцето. Не можеме да го оставиме срцето и умот празни, треба да ги дадеме на ближниот и на Христос. Што ни вели Он во приказната за талантите – на еден пет таланати, на втор – два, на третиот – еден. Кога после некое време се вратил, првите двајца ги преумножиле таланитите, а тој кој имал еден, не го загубил, го чувал. Од него Господ го земал и она што го имал. Зошто? Какво зло направил? Не направил зло, а не направил ни добро, кое можел да го направи.
Пред некое време на мејл ми испратија една убава историја. Еден предавач влегол во салата, држејќи во раката празна тегла, се обратил кон студентите со прашањето:
– Колеги, таа тегла празна ли е според вас?
– Празна е! – одговориле студентите.
Тогаш тој зел неколку топки пин–понг и ги ставил внатре. Се собрале пет или шест.
– Сега полна е или празна? Прашал повторно.
– Полна! – бил одговорот на студентите.
Предавачот зел ситни камчиња и започнал да ги пополнува празнините околу топчињата. Камчињата ја пополниле празнината меѓу топчињата.
– А сега полна ли е?
– Да! – рекле тие.
Потоа зел песок и започнал да ги исполнува празнините меѓу камчињата, додека не го исполнил садот до горе.
– Сега, полн ли е?
Студентите не се двоумеле. Секогаш бил полн. На крај предавачот зел чаша со кафе и внимателно ја излеал течноста внатре. Младите луѓе продолжиле да го гледаат со чудење. На крај стасало и објаснувањето:
– Таа тегла е нашиот живот – пинг–понг топките се сѐ што е големо, со кое можеме да го исполниме битието: љубовта кон ближниот, верата во Бог, љубовта кон татковината… Прво тоа ќе го ставиме внатре. Камчињата се нашата работа, различните занимања, нашите секојдневни цели, кон кои брзаме. И тие се вклопуваат после тоа. Песокот е забавата, хобито, кое ни претставува задоволство – никој не ти вели да не се забавуваш. И за песокот има место. Но ако првин започнете со песокот – со хобито и забавата, ништо друго нема да се собере. Ако започнете со незначајните работи и го исполните животот со нив, после тоа нема да остане место за ништо значајно и големо.
– А кафето што е? – љубопитно прашале студентите.
– Е, колку работа и грижи да имаме, секогаш ќе остане време да испиме по едно кафе со пријателите!
Тоа е реалноста. Ќе се подвизуваме со радост, затоа што Христос дојде да им подари радост на луѓето, да им донесе изобиле во животот. Така започнува и Евангелието со радосна вест.
„Голема радост ви благовестам“ – им кажал ангелот Господов на пастирите во ноќта на Рождеството. Затоа и христијанинот кој не доживува радост, всушност не може да се нарече христијанин. Евангелието започнува со тој призив и со тој призив завршува. По Вознесението Христово учениците се вратиле со голема радост, ни напомнува еден евангелски стих, а Христос вели: „…никој нема да ви ја земе радоста…“ Се надевам сите ние да ја добиеме таа радост преку покајанието во Црквата. И така радосни и среќни да живееме на земјата и да се упатиме кон рајот…
Превод: Протоереј Игор Пармачки
Православна светлина бр. 61
Умееме да ги маскираме своите страсти

Старец Никон Светогорец
За страстите знаеме многу работи. За нашите страсти знаеме многу, така што можеме и магистерски труд да направиме. На пример, земете ги филмовите, во кои има сосема природни детални сцени на убиства.
Луѓето кои создаваат конкретни филмови, тие сцени ги опишуваат со таква автентичност така што за нив се нешто познато. Но за киното особено е тешко да покаже некој добродетелен човек, а во светот – не гледаме ниту еден. Пред неколку години група поклоници дојдоа во мојата ќелија. Меѓу нив имаше еден маж, кој со себе носеше лист хартија, на кој беа запишани неговите гревови. „Дојдов да се исповедам кај било кој духовник и што да кажам? Пак истото – минатогодишните гревови!“ – воздивна тој. Во тој момент некој, кој беше блиску, дофрли: „Леле, денешните луѓе немаат никаква фантазија!“ Да си измислиме нови гревови – очигледно тој човек имаше бујна фантазија.
Има два вида на страсти – телесни и духовни. Гладот, жедта, желбата за плотски односи, се оние страсти, кои се поврзани со телото. А духовните и душевните – извор на сите тие е гордоста. Од нив се раѓаат сите останати – злопамтењето, зависта, омразата кон ближниот, осудувањето, среброљубието, маловерието… Почеток на сите тие страсти е гордоста. Светите отци велат телесните страсти кај нас постојат на природен начин – само Бог ги поставил во човековата природа, но страстите во душата не се природни. Телесните страсти ни се неопходни за наше зацелување. За да живееме – јадеме, пиеме, имаме желба од контакт со другиот до нас. Затоа Бог ги поврзал со наслада, така што сакаме да јадеме, сакаме да пиеме вода, сакаме да спиеме, сакаме да имаме плотски контакт, за да не исчезне човечкиот род. Затоа тие страсти се нарекуваат непорочни и никој не може да обвини никого затоа што јаде, затоа што си ја гаси жедта, или затоа што сака да има плотски односи. Тогаш каде е проблемот? Велиме, Бог ни ги дал, за да живееме и да се множиме. Злото се крие во тоа што, ја отфрливме целта, но ја задржавме насладата, со која Бог ги сврзал. На пример, во епохата на Нерон готвачите биле извонредни, како и денес. Знаете ли што правел Нерон? Раскошни трпези. Римјаните јаделе, буквало се тепале, целосно се предавале на задоволството на јадење, и после тоа правеле нешто ужасно – до нив имало садови (вомитории – садови или специјални места назначени за повраќање), во кои ја повраќале изедената храна, за да можат да почнат да јадат од почеток. Ете како ја отстраниле целта на храната, за да се предадат единствено на насладата од неа. Истото го правиме и со плотскиот контакт, ја отфрламе целта за која ни е дадена, која е за подобро да го запознеме другиот, за да се родат деца, а ја задржуваме само насладата. Знаете ли колку е апсурдно човек да вели: „Штом ми е дадено – ќе го исползувам!“ Колку е логично полицаецот да си рече: „Зошто ми е даден пиштолот? За да го употребам?!“ И да почне неконтролирано да пука! Сите тие наслади се дадени, но со конкретна цел, со конкретна смисла. Јадењето не е зло, жената не е зло, парите не се зло, зло е чревоугодието, блудството, среброљубието, вели еден човек од Црквата. Погрешната употреба на Божјите дарови е грев и страст, кој го отвора патот до адот, а не Божјите дарови сами по себе.

Се предаваме на нашите страсти или поради мрзливост и немарност, или по Божјо допуштање за да се смириме. Последното е добро и полезно за нас, но првите две се срам. Но да имаме предвид и нешто друго. Страстите постојат. Но, постои и некој кој ги распалува. Не е само нашето невнимание, тука е и ѓаволот. Да го имаме превид и тоа дека постои бес на блудство, бес на чревоугодие, бес на злопамтење. Работите кои ги чувствуваме во нас, не секогаш се природни. Ѓаволот се обидува секоја наша природна потреба, да ја насочи кон погрешен пат и да ја преобрати во грев. Затоа отците, кои го знаеле тоа во борба со страстите велат – искорени го трнот и ќе ја видиш змијата, која се крие во коренот. Кога страстите се засилуваат и ја востановуваат својата власт, разумот згаснува. Умот на поробениот од страстите човек не работи правилно.
На Света Гора дојде еден монах од светот. Кој знае какви проблеми го мачеле неговиот ум… Отците му дале ќелија, но потоа зажалиле за избрзаната постапка. „Требаше првин да го испитаме, да провериме кој е!“, – велаа тие. Тој имал една страст – бил многу среброљубив. Раскажуваат за него дека имал куќа, полна со скапи предмети, со вредни слики итн. Еден ден двајца работници странци отишле да работат кај него. После отците ги прашале дали сѐ е во ред, тие одговориле:
– Каков е тој човек?
– Зошто, нели ви направи јадење? – прашале отците.
– Направи, но зеде една салфетка, ја подели на две, ја даде едната половина на едниот, другата на другиот и ни посочи: „Салфетките коштаат пари!“
Ете како страста го обзема и го заслепува човекот. Сите ни се чудат, додека ние се чувствуваме потполно комфорни во тоа кое го правиме во умопомрачението од страста. И што доби од половина салфетка тој човек? Ако ограбиш некого, ако му украдеш 100 евра, тоа е грев, но ти си „добил“ 100 евра од него. А од половина салфетка што добиваш? Наскоро тој човек се преселил од скитот и од Света Гора. Гледаме како страста го заслепува умот. Всушност нели е големо заслепување на умот на коцкарот?!… Не уништува ли тој сѐ околу себе, нели го уништува семејството, нели ги остава женат
Source: https://crkvaveles.wordpress.com/2022/05/11/%D1%83%D0%BC%D0%B5%D0%B5%D0%BC%D0%B5-%D0%B4%D0%B0-%D0%B3%D0%B8-%D0%BC%D0%B0%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B5-%D1%81%D0%B2%D0%BE%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8/
Напишете коментар