ВИТЛЕЕМ – ГРАТЧЕТО КАДЕ ШТО СЕ РОДИ ХРИСТОС

Example Super-Admin User · 2 years ago

    3 minutes, 16 seconds


 3.angeli.so.truba

ВИТЛЕЕМ – ГРАТЧЕТО КАДЕ ШТО СЕ РОДИ ХРИСТОС

 
Витлеем (дом на лебот) (1. Мој. 35:19, Михеј 5: 1, Мат. 2: 1, Рут 1: 2) се нарекува и Витлеем на Ефрат. „2. И ти, Витлееме Ефратов, иако си најмал меѓу илјадниците Јудејци, од тебе ќе излезе Оној, Кој треба да владее во Израилот и чие потекло е од почетокот, од Вечноста. (Михеј 5: 2). Тој бил многу мал и безначаен град во племето на  Јуда и не бил ни споменуван во општите списоци на градовите на Јуда (Нех. Глава 11). Светиот крал и пророк Давид е роден во овој град (Лука 2: 4-11).
Селото Химкам, близу Витлеем, било вообичаено место од кое патниците се упатувале кон Египет (Јер. 41:17). Градот се наоѓа на еден рид, на околу 10 км јужно од Ерусалим. Поклониците отсекогаш го посетувале Витлеем. Од далечина, погледот кон Витлеем е многу убав. Меѓу плодните полиња, опкружен од сите страни со ридови, тоа е навистина едно од најживописните места во Палестина.
Со него се поврзани многу историски текстови. Рахил беше погребана тука. „ И отиде Јаков потаму од Ветил, и го распна шаторот свој подалеку од кулата Гадер. А кога им преостана уште маку пат до Ефрат, Рахил роди, и породувањето ѝ беше тешко. “(1. Мој. 35:16). Рут собирала класје на полињата во Витлеем. Градот беше родно место на Давид, пророк и псалмопејач, па оттука и неговото второ име, град на Давид (Лука 2: 4-11).


3.angeli.so.truba
 
Полињата каде пастирите ги паселе стадата кога ја слушнале добрата вест од ангелите


Најзначајниот настан за Давидовиот град беше раѓањето на Спасителот Христос. Пресвета Богородица живеела во Назарет, но заради пописот во Рим била обврзана да замине во Витлеем затоа што потекнувала од куќата и семејството на Давид. Во времето кога таа се населила таму со Јосиф, се родил младенецот  Исус, завиткан и ставен во јаслите, бидејќи во гостилницата немало места. Овој славен настан му придава посебно, свето значење на Витлеем и на неговата околина, бидејќи „Словото стана тело и живееше меѓу нас, полно со благодат и вистина; и ја видовме неговата слава, славата како  Единороден  на Отецот (Јован 1:14).Среде Витлеемските полиња се појавиле ангели на пастирите, кои ги пасели своите стада и во “чудната ноќ”, от небесата се слушнало ангелското славословие:„Слава на Бога во висините, и на земјата мир, меѓу луѓето добра волја“ (Лука 2:14). На ова место, предводени од необичната ѕвезда, дојдоа мудреците од Исток за да се поклонат на новородениот Спасител на човештвото.

3.angeli.so.truba

Базилика на Рождеството Христово во Витлеем


Денес, Витлеем е познат како Беит Лахм. Сместено е во планините, во форма на амфитеатар, од западниот до крајот на  источниот рид е сцената на раѓањето, или пештерата на Рождеството, позната и посетена од христијаните уште од  најстари времиња. Во IV век н.е. Светата кралица Елена подигна прекрасен храм во чест на Богородица над светата пештера. Главниот олтар (во средината), се издигаше на неколку скалила, и  се наоѓаше над самата пештера. Од него, 15 мермерни скали водат кон подземната црква, што е всушност самата Пештера на Рождеството. Местото на раѓањето на Спасителот е во полукружна структура и  е обележано со сребрена ѕвезда со 14 зраци, помеѓу сребрени кандила.

3.angeli.so.truba
 
Масата, олтарот и мермерната плоча служат како престол за Божествената литургија. На неколку чекори од местото на Рождеството Христово, десно, се наоѓа пештерата со јаслите, каде лежел младенецот Исус. Јаслите  се врежани  во карпа и се обложени со бел мермер. Во овој храм има неколку други пештери и олтари како што се: пештерата во која престојувал Светиот Праведен Јосиф; пештерата во која се закопани младенците од Витлеем, невино убиени од кралот Ирод; ќелијата и гробницата на блажениот Јероним и други.

3.angeli.so.truba
 
Гробницата на Рахил


Постојат многу други обележја и стари споменици во околината на Витлеем. Во долината Ратам е домот на Симеон Богопримец. Недалеку од патот за Витлеем, се гледа стеблото на калинката, под која, според легендата, Света Дева Марија почивала на патот од Витлеем до Ерусалим. Пред Витлеем, после спуштање во долината, се наоѓаат гробот и надгробниот споменик на Рахил, над кој денес е изградена муслиманска соба за молитва. Понатаму, можете да ги видите урнатините на древниот град Рама, кој потсетува на трогателните зборови од  Светото писмо: „Така вели Господ; ”Глас се чу во Рама, плач и ридање големо; Рахил ги оплакува своите деца, и не сака да се утеши, зашто ги нема.” “(Јер. 30:15; Мат. 2:18, итн.).


Од “ Комплетна православна библиска енциклопедија” - архим. Никифор Бажанов
Извор - zadrugata.com


За Преминпортал Симеон Стефковски

06.01.2021

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/23794-vitleem-gratcheto-kade-shto-se-rodi-hristos

Share:

Example Super-Admin User

Perferendis aliquam velit aut non qui voluptas. Velit est voluptatem qui eum rem laboriosam ut. Blanditiis magni earum quo unde repudiandae sequi. Delectus autem quis dolores. Ut rerum aut illum possimus. Officiis placeat ducimus aut harum quos. Est in aspernatur animi. A aut et esse ex dolore sed. Incidunt rerum sed modi culpa. Expedita quia inventore iure aliquam. Itaque laboriosam vel fugiat aut.

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

Јеромонах Димитриј Першин: Времето на овој гнил свет

  Пештера на откровението, Патмос Времето на овој осиромашен свет ќе помине кога, според зборовите на Спасителот, љубовта ќе осиромаши… Никакви светски катаклизми и социјални немири, војни и епидемии не се дораснати пред претсмртната дијагноза: љубовта ќе осиромаши… Луѓето ќе се отуѓат, дури и...

Image Description
4 months ago

Се бореше со луѓето а се радуваше со ангелите ╫ Св. Јован Златоуст за Свети Стефан

  Се бореше со луѓето а се радуваше со ангелите ╫ Св. Јован Златоуст за Свети Стефан╫ Свети Стефан. Првомаченик за Христа           Да ја овенчаме пофалбата на Стефан со цвеќиња и да го опсипиме со рози и пофални песни. Самиот тој веќе се крунис...

Image Description
2 years ago

Ретроспектива (2005-2020):„ Покајанието почнува од јазикот - Старец Сампсон (Сиверс)-6

  Додека јазикот не е зауздан, нема ништо од покајанието. Јазик во домот, јазик на работа, јазикот насекаде. Објавете скржавост на јазикот. Секој нека знае од каде треба да почне...      Вие кажувате (многумина од вас) дека мислите ве вознемируваат. Не може да се војува против...