Светителите не се вонземски битија – Од библиографија до агиографија

Example User · 10 months ago

    2 minutes, 38 seconds


ikonaСветителите не се езотерични, вонземски битија, туку конкретни луѓе од крв и месо – прави, целовити и вистински личности – кои преку макотрпни деноноќни богочовечки подвизи човечката егзистенција ја издигнале на повисоко ниво на постоење. Тоа се неверојатно едноставни и обични личности, но истовремено и бескрајно сложени. Тие и таквите личности низ вековите биле патоказ за христијанските народи, ѕвезди водилки, духовни ориентири, единствени примери по кои оделе народните водачи и народот. Владеело убедувањето и сознанието дека народот кој нема живи светители – е духовно мртов народ.

Денес сите вредности се „превреднувани“. Таа свест е потисната. Нови примери веќе не се светителите, туку авторитарните личности, националните водачи, партиските лидери, музичките, естрадните и фудбалските ѕвезди. Меѓу светителите и новите водачи има голема провалија.

Светителите секогаш се мерат и се прилагодуваат себеси на Богочовекот. Современите примери на Христа и најголемите светители ги прилагодуваат на својата, со ништо ограничена, волја за моќ и поседување.

Светителите никогаш немаат убав збор за себеси, туку само за другиот. Сегашните лидери никогаш немаат убав збор за другиот, туку само за себеси.

За вистински правите луѓе (светителите), секој друг човек е икона Божја, брат, светиња, и ништо не може да му се претпостави. Другиот човек е неопходност. За денешните лидери другиот човек е „пекол“ (Сартр), и треба да се искористи, да се потчини или уништи. На другиот човек сѐ може да му се претпостави: партијата, кариерата, нацијата, државата…

Светителите ја чувствуваат болката и тагата на целиот свет. Себе се сметаат за виновни и одговорни за сите маки и несреќи. Модерните народни примери ја чувствуваат само својата болка и мислат дека за сѐ е виновен другиот.

Светителите пишуваат и говорат на својот јазик, но мислат и чувствуваат за целиот свет. Новите примери, често пишуваат и говорат на туѓ јазик, а мислат и чувствуваат само за себе.

Светите Божји луѓе настојуваат постојано да се менуваат само себе. Лидерите од ова време настојуваат да ги променат сите, само не себе.

Некогаш народните водачи ги подражавале светителите, умни и духовни луѓе. Од нив и водачите и сиот народ барал совети. Нив ги следеле. Денешните водачи по плоштадите и халите ги подвргнуваат најдуховните и најумните луѓе – живи светители – на подбив и потсмев. Од нив императивно бараат да се „покајат“ и да го следат нивниот пат. Живописите на светителите сведочат дека еден човек, или народ, може да стане слободен ако се ослободи од злото кое е во него. Модерните (авто)идолописи на водачите сведочат дека тоа е возможно со кревање споменик на слободата и (држење) огнени говори за неа.

Светителите се грижат како да му служат на народот. Самонаречените или со измами избраните водачи (се грижат) како да владеат со народот.

Светителите се секогаш во „опозиција“ кон гревот, насилството, теророт, злобата, омразата, социјалната и секоја друга неправда, сквернавењето на човековото достоинство. Денес многумина мислат дека е доволно да се биде во „опозиција“ кон Бога, кон другиот човек и народ, или луѓето што се на власт.

Светителите секогаш „колаборираат“ и се во „коалиција“ со Бога и со секоја човечка личност, а против ѓаволот и злото. Нашите нови „божества“ се често во „коалиција“ и „колаборираат“ со ѓаволот и злото, а против Бога и човекот. И тоа под паролата дека тоа е во името на Бога, во името на човекот и народот.

 

Проф. д-р Радован Биговиќ

Од предговорот на новото издание на Житија на светиите од преп. д-р Јустин Келијски



Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/od-bibliografija-do-agiografija/ 

15.07.2018 лето Господово

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/katihizis/20259-do-agiografija

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Јеротеј Влахос: ГОСПОДОВИТЕ ПРАЗНИЦИ - ПЕДЕСЕТНИЦА

Детали Духовност 20 Јуни 2021 Посети: 5297 Слегувањето на Светиот Дух – фреска во Марков манастир ПЕДЕСЕТНИЦА Христос пред да се вознесе на Небесата им даде заповед на Своите Ученици по Неговото Вознесение...

Image Description
10 months ago

ДЕЦАТА И ЦРКВАТА!

Николај Е. Пестов- ПРАВОСЛАВНО ВОСПИТУВАЊЕ НА ДЕЦАТА СВЕТИ ТАЈНИ Оставете ги децата да приоѓаат кај Мене. Мк. 10,14. Ние знаеме колку Господ ги љубеше децата. Тој заповеда на Своите Апостоли да не им бранат на децата да доаѓаат при Него. Да не бидеме и ние пречка нашите деца да добијат вечна Божја...

Image Description
10 months ago

Лазарова сабота

На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар, во она време извршено од Богочовекот Исус Христос. Како што сведочи Светото Евангелие, овој настан бил многу непосредно (или шест дена) пред предавството и убиството на Исус Христос на Голгота. Толкувачите гледаа...