Во спомен на Преподобен Сисој Велики

Example Admin User · 3 years ago

    3 minutes, 24 seconds


Преподобен Сисој Велики

Родум Мисирец и ученик на Св. Антониј.

После смртта на својот голем учител Св. Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева според местото на подвигот на великиот светител.

Земајќи врз себе тешки подвизи толку се скроти самиот себеси, што стана незлоблив како јагне.

Затоа Бог му даде голема благодат. Можеше да исцелува болни, да изгонува демони и да воскреснува мртви.

Свети Сисој се подвизуваше шеесет години во пустината и беше како извор на жива мудрост за сите монаси и мирјани што му притекнуваа барајќи поука.

Пред смртта лицето му заблеска како сонце. Монасите стоеја околу него и ѝ се восхитуваа на оваа појава. А кога светителот ја испушти душата, одајата се исполни со прекрасно благоухание.

Се упокои во длабока старост, во 429 година.

Ги учеше Св. Сисој монасите:

„Какво искушение и да го снајде човекот, тој треба да ѝ се предаде на волјата Божја и да признае дека искушението се случило заради неговите гревови. Ако пак се случи нешто добро, треба да се каже дека станало по Божја Промисла“.

Монах го праша авва Сисој: „Како да Му угодам на Бога и да се спасам?“

Му одоговори светителот:

„Ако сакаш да Му угодиш на Бога, излези од светот, оддалечи се од земјата, остави ја тварта, пристапи кон Создателот, соедини се со Него со молитва и со плач и ќе најдеш спокојство и во овој и во оној век“.

Монах го запрашал авва Сисој:

„Како да го достигнам смирението?“

Му одоговори Светителот: „Кога некој ќе се извежба да го признава секој човек за подобар од себеси, ќе го стекне со тоа смирението“.

Амон му се жалел на Сисој дека не може да ги запомни мудрите изреки што ги прочитал и да ги повтори кога разговара со луѓето.

Му одговорил светителот:

„Тоа не е нужно. Потребно е да се стекне чистота на умот и да се зборува од таа чистота, полагајќи ја надежта во Бога“.

РАСУДУВАЊE

Oд кадe ниe знаeмe дeка пoслe смртта има живoт?

Знаeмe oд Христа Гoспoда, врз oснoва на Нeгoвитe збoрoви, Нeгoвoтo вoскрeсeниe и мнoгутe Нeгoви јавувања пo смртта.

Филoзoфитe кoи гo признаваат живoтoт пoслe смртта, гo признаваат врз oснoва на свoeтo умувањe, а ниe гo признавамe врз oснoва на искуствoтo, нарoчнo искуствoтo на свeтитe луѓe кoи нe умeeлe ниту мoжeлe да oбјавуваат нeвистини.

Кoга св. Сисoe лeжeл вo пoстeлата прeд смртта, лицeтo му билo мнoгу свeтлo.

Oкoлу нeгo стoeлe мoнаситe, нeгoвитe учeници. Тoгаш сe заглeдал св. Сисoe и рeкoл:

“Eвe, дoјдe ава Антoниј”.

Пoмoлчeл малку, па рeкoл: “Eвe, дoјдoа и прoрoцитe!”.

За тoа врeмe нeгoвoтo лицe уштe пoвeќe засвeтлилo и тoј рeкoл: “Eвe, и апoстoлитe дoјдoа!”

Пoтoа рeкoл: “Eвe, дoјдoа ангeлитe да ја зeмат мoјата душа!”

Најпoслe, лицeтo му засвeтлилo какo сoнцe и ситe мнoгу сe исплашилe, а старeцoт рeкoл: “Eвe, Гoспoд дoаѓа, пoглeднeтe ситe. Eвe, Oн вeли принeсeтe ми гo избраниoт сад oд пустината!”

Пo тoа, свeтитeлoт гo прeдал свoјoт дух.

И кoлку слични видeнија ималo! И тoа oд најпoтврдeни свeдoци.

Тропар на преподобниот Сисое Велики

Сисое велики, избран да бидеш извор на благодат во пустината, Христос преку тебе утеха распространуваше, монаси мудро поучуваше, болни лекуваше, мртви воскреснуваше. О цветна градино на Словото Божјо, темната тајна на смртта преку тебе светлина постана, Христос воскресна, и нас по твоите молитви во Своето стадо да не присоедини.

Тропар, глас 1.

Пустински жител, и во тело ангел, и чудотворец си се покажал, богоносен отче наш Сисое. Откако со пост, бдеење, молитва прими небесни дарови, ги исцелуваш болните, и душите на оние што со вера приоѓаат при тебе. Слава Му на Оној што ти даде крепост; слава на Оној што те овенча; слава на Оној што, преку тебе, на сите им дава исцеленија.

Седален, глас 4.

Откако ги умртви членовите на телото, животот си го украси со воздржување, ги победи страсните напади, и се пресели во вечниот живот при Бога, како достоен наследник. Затоа, не престанувај да се молиш да се спасат душите наши.

Кондак, глас 4.

Откако се подвизуваше, на земјата си бил виден како ангел кој постојано ги озарува мислите на верните со Божји знаци. Затоа со вера те почитуваме, преподобен Сисое.

Канон на светиот, глас 8
.
Песна 9.

Во самиот час на твоето успение, отче, се јави страшно чудоː твоето лице засветли повеќе од сонцето, кога ангелските хорови дојдоа да ја земат твојата душа и да ја однесат при Трисолнечната светлина.

Насладувајќи се со божествените убавини, и обожен преку заедничарење, и просветлен со тамошните светли зраци, со твоите молитви, мудар отче, избави ги од погибелта на мрачните страсти оние што го слават твојот светлоносен спомен.

Многучудесен отче, ти си бил човек праведен, непорочен, оддалечен од секакво зло, преподобен, незлобив, набожно служејќи Му на Бога. Затоа во твоето срце се всели Света Троица, со Која што сега се насладуваш уште појасно и посветло.

Подготви Светланка Трајчева

Source: https://pokajanie.mk/2022/07/06/28407/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Јеротеј Влахос: ГОСПОДОВИТЕ ПРАЗНИЦИ - Вознесението Христово

А, ако Го видите Синот Човечки да се искачува таму каде што беше претходно? (Јн. 6, 62). Секако, тоа не значи дека Христос, како Бог, не бил на Небесата за време на Своето вочовечување, туку дека ќе се вознесе и со човечкото тело. Впрочем, Неговото слегување од Небесата се подразбира

Image Description
8 months ago

Што ќе ми принесеш денес, за мојот роденден?

Околу четири векови по раѓањето Христово, една вечер на Божик, блажениот Јероним отиде како поклоник да се поклони на местото каде што се роди Христос. Дојде во пештерата на Рождеството смирено и почна да се моли. Самиот подоцна зборува за божествениот опит кој го имаше таму. Го слушна во видение сл...

Image Description
4 years ago

Велигден во затвор

Јеромонах Дамаскин Кристенсен (од животот на праведниот романски свештеник Георги Калчу) Едно доживување од детството Отец Георги ни раскажа и за едно друго допирање до несоздадената светлина – кога бил дете. Како осумгодишен, стоел загледан во нивата на своите родители и се прашувал, како...