ВОСКРЕСЕНИЕ НА НАРКО ЗАВИСНИК

Example Super-Admin User · 7 months ago

    1 minutes, 53 seconds


  ВОСКРЕСЕНИЕ НА НАРКО ЗАВИСНИК




За едно чудо на Свети Гаврил Грузијски

Оваа се случи на 14 октомври 1998 год.во Мцтхети,древна престолнина на Грузија. Ѓорѓи главниот јунак раскажуваше:

- Во оваа тешко време живеевме со својото семејство во Тбилиси. Бев наркоман.

Тој ден мојот пријател ме повика да појдам со него.

Бев во состојба на опиеност со дрога,земав хероин. Тогаш бев рамнодушен спрема Црковните празници: се согласив да одам со нив тој ден. 

Бевме на концерт,седевме во ресторан.

А кога се спремавме да заминеме,неговата сопруга Тамара,кажа дека тука во близина е гробот на чудотворецот старец Гаврил, и дека сакаше да оди на неговиот гроб и да се помоли.

Бев ме присилени да застанеме,но не влеговме во манастирот Самтавро, во чиј двор тогаш се наоѓаше гробницата. Се сеќав дека повикав по неа: Запали една свеќа и помоли се за мене!

Навечер, кога пиев чај дома, дојде еден мој познаник и ми покажа "одличен" хероин.

Тогаш бев опиен од дрога, но одбивањето беше под мое достоинство...

Не се сеќав што понатаму се случи.

Ме извлекоа од кујната. Родителите кои беа дома повикаа итна помош.

Докторите безуспешно пробуваа да ми помогнат. По првото возило дојде и друго, па трето, четврто...покрај мојата куќа беше колона од возила на итната помош. 

Мојот брат влета. Сите викаа.

Ми вбризгаа 20 мг.Наркан. Тие кои се разбираат од медицина знаат дека таквата доза може и покојникот да го воскресне, но ништо не се случи.

Потоа ми вбризгаа адреналин во срце, применија електрошок, но се беше залудно...

Поминаа 45 минути од мојата смрт.

Четири лекарски тимови залудно пробуваа да ми помогнат...

Еден час подоцна, сликата беше следнава: јас целиот поцрнет, со раце заврзани со завој, лежев на подот под белиот чаршав.

Тогаш мојата мајка ја изгуби свеста а татко ми ослепе. Вратата беа отворени.Во дворот се собраа соседите. Жените плачеа. Докторите го пишуваа посмртниот лист.

Некои од нив тивко шепотеа: тоа не е првиот млад човек кој умре од таа проклета дрога. Колку оваа може да трае...

Во тој момент Манана, сосетка која беше верничка која беше парохијанка на манастирот Самтавро, тивко влезе низ отворената врата на собата во која лежев.

Манана ми го тргна чаршавот од лицето и со масло од гробот на Старецот Гаврил ми направи Крст на челото.

Се надеваше дека оваа некако ќе ми помогне пред Севишниот...

И јас...веднаш рипнав со завој на рацете!

Младиот доктор кој го пишуваше посмртниот лист падна во несвест.

Настана невидена мешаница. Веднаш ме одвезоа во болница и бев три дена на прегледи.

....И понатаму ја чувам посмртница.

Поминаа веќе 26 години од смрта на големиот старец Гаврил, но чудо- прво на неговиот гроб, а сега и на Светите мошти - не престануваат...




Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2024/09/blog-post_90.html

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 months ago

Молитвата е патување кое започнува со темнина и завршува со светлина...

 Молитвата е патување кое започнува со темнина и завршува со светлина.  Тоа не е момент на утеха, туку момент на предавање.  Кога се молиме во темнина, во чувство на одвоеност од Бога, го нудиме најдлабокиот дар - нашата ранливост.  Во таа тишина и во таа смисла на напуштање се појавува Бог.  Не за...

Image Description
4 months ago

Детето е најголемиот Божји дар...

 Детето е најголемиот Божји дар, бисер кој бара љубов, внимание и трпение за да се развие во личност која ќе ги осветли другите со светлината на својата душа.  Родителите се првите учители на тоа мало суштество и нивна одговорност е да го водат детето по патот на доблеста, вистината и љубовта. Детет...

Image Description
3 months ago

Делото на молитвата е првата задача во христијанскиот живот

Делото на молитвата е првата задача во христијанскиот живот. Молитвата е здив на духот. Има молитва - духот живее; нема молитва - нема живот во духот.   Стоењето пред икона и поклонувањето сè уште не е молитва, туку само додаток на молитвата; читањето молитви - од сеќавање или од книга, или нивното...