Стоењето пред икона и поклонувањето сè уште не е молитва, туку само додаток на молитвата; читањето молитви - од сеќавање или од книга, или нивното слушање - сè уште не е молитва, туку само молитвен инструмент или начин за нејзино откривање и поттикнување. Самата молитва е појава во нашите срца на едно по друго благочестиви чувства кон Бога - чувства на самопонизување, посветеност, благодарност, прославување, молба, скрушеност, потчинување на волјата Божја, вредни сеџда итн.
Целата наша грижа овде треба да биде за време на нашата молитва овие и слични чувства да ни ја исполнат душата, за да не ни биде празно срцето. Кога сите тие чувства или било кое од нив ги има насочено кон Бога, тогаш нашата молитва е молитва, а кога не, сè уште не е молитва.
Свети Теофан Затворник
Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2025/01/blog-post_30.html