Византија, неодоливата историска кокета во политичкиот опортунизам на средновековна Европа, несовладливиот бастион на православието и етерната ознака на софистицираниот трепет на духовното творештво во книгата „Неседалната химна низ слово и фреска“ од Софија Грандаковска доби уште една вредна научна студија. Наменета за литерати и лингвисти, историчари и теолози, есеисти и публицисти, поети и артисти, поддржана од пријатели и продуцирана од филантропи, таа го носи читателот низ деликатните креативни хоризонти на средновековието, таинствено, возбудливо и мегапотентно по својот творечки капацитет. Инспиративна и живописна, вдахновена и убедлива,
Source: https://preminportal.com.mk/nauka-kultura/nauka-i-religija/23384-za-akatistot-niz-slovo-i-freska-od-d-r-sofija-grandakovska