За осудувањето (2)

Example User · 2 years ago

    1 minute, 32 seconds


Ава Исак Тивејски дошол во киновијата и видел еден брат кој паднал во грев, па го осудил. Кога се вратил во пустината, дошол ангел Господов, застанал пред вратата на неговата ќелија и му велел: нема да те пуштам да влезеш. Авата го молел, велејќи: која е причината за ова? Ангелот му одговорил: Бог ме прати кај тебе, велејќи: прашај го, каде заповеда да го фрлам братот што падна? Ава Исак во истиот миг паднал на земја и рекол: згрешив пред Тебе – прости ми! Ангелот му рекол: стани, Бог ти прости, но понатаму пази се да не осудуваш некого пред Бог да го осуди.

Раскажуваа за ава Марко Египетски: тој проживеал триесет години, без да излезе од својата ќелија. При него имало обичај да доаѓа презвитер и за него да извршува свет Принос (Литургија). Ѓаволот, гледајќи го цврстото трпение на мажот, му намислил зло и решил да го искуша, па му внушил на еден бесомачен да отиде кај старецот, божем за молитва. Страдалниот, уште пред да се изговори нешто, му се раздрал на старецот, велејќи: твојот презвитер е грешник – не му дозволувај веќе да доаѓа кај тебе. Ава Марко му рекол: чедо мое! Во Писмото е речено: не судете, за да не бидете судени (Мт 7,1). Впрочем, и да е грешник, Бог ќе му прости – и јас самиот сум поголем грешник од него. Откако го рекол ова, тој се помолил, го изгонил демонот од човекот и го исцелил. Кога, според обичајот, презвитерот дошол, старецот го примил со радост. И Бог, гледајќи ја незлобивоста на старецот, му јавил некаков знак. – Зашто, кога презвитерот имаше намера да пристапи кон Светата Трпеза, видов – раскажувал самиот старец – ангел кој слезе од небото; тој ја положи својата рака врз главата на презвитерот и овој стана непорочен, стоејќи при светиот Принос, како огнен столб. Кога се восхитував на видението, слушнав глас што ми говореше: што се чудиш, човеку, на ова јавување? Ако и земниот цар не им дозволува на своите благородници да стојат пред него во валкана облека, туку од нив бара благолепие, зар Божествената сила уште повеќе нема да им дозволи на служителите на Светите Тајни да претстојат (гнасни) пред небесната слава? И блажениот Марко се удостоил со ваков знак заради тоа што не го осудил презвитерот.

Source: http://mistagogia.mk/za-osuduvanjeto-2/

Share:

Example User

Sit illo et occaecati blanditiis minus. Explicabo quia eius porro earum quis. Et nesciunt et nobis autem aut quod dolorem. Cumque est quas provident nemo nihil. Perferendis sequi in ipsa consequatur voluptatibus voluptatem. Sed assumenda ut cupiditate. Saepe et fuga maiores optio. Doloribus ea iusto dolore. Sed deserunt suscipit reprehenderit magni voluptatibus dicta. Unde aliquam sunt deserunt itaque. Nesciunt tempore molestiae qui et distinctio. Dolor quae aliquam nobis minus.

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

Свети бесребреници и чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи…!

СВЕТИТЕ БЕСРЕБРЕНИЦИ И ЧУДОТВОРЦИ КОЗМА И ДАМЈАН УТРЕНА Тропар, глас 8. Свети бесребреници и чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи; бесплатно примивте, бесплатно давајте ни. Седален, глас 4. Откако во светот стекнавте богоугоден живот, богосветли Козмо и Дамјане, нам, кои се научивм...

Image Description
11 months ago

Христос се раѓа – прославете го! Христос на земјата – пресретнете Го!

БОЖИК КАКО ПОСЛАНИЕ ЗА ЖИВОТОТ „Bo Hero имаше Живот и Животот им беше светлина на луѓето. и Светлината свети и мракот не ја опфати” (Јован 1,4-5) Овие евангелски зборови укажуваат на вистинскзта смисла на прззникот на Рождеството Христово. Тие се и самата суштина на радоста која Црквата ја воспева в...

Image Description
1 month ago

23. Недела по Педесетница (Зошто злите духови во свињите?) Омилии

…„И Он им рече: »0тидете!« И тие излегоа и отидоа во свињите. И одеднаш cите свињи се сурнаа низ стрмнината во морето и се издавија во водата.” Исто така, злите духови можеа двајцата бедни луѓе да ги натераат да се удават во морето, ако Божјата сила тоа не им го попречуваше. Меѓутоа, се случува, и т...