Замислете, „како договорени“!? (Митрополит Наум)

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 26 seconds


Како договорени

„Еден човек приготви голема вечера и покани мнозина; и кога беше време за вечерата, го прати слугата свој да им каже на поканетите:

’Дојдете, оти сè е готово!‘ И почнаа сите, како договорени, да откажуваат…“ (Лука 14, 16–24).

Во денешното евангелско четиво гледаме, во суштина, исплашени луѓе кои поради приврзаноста со овој свет се откажуваат од Богочовекот Христос и од Неговата „голема вечера“ – односно од причестувањето со Телото и Крвта Христови.

А што гледаме во житијата на сите свети маченици, на преподобните отци (монасите) и на јуродивите заради Христос?

Гледаме незамолчливо сведоштво на храбро и екстремно одрекување од овој свет – заради Христос.

Ги потенциравме горенаведените крајно спротивставени примери за да ја избегнеме осредноста:

„Ги знам делата твои: ти не си ни студен ни жежок; о, да беше студен или жежок! Така, бидејќи си млак, а не жежок, ниту студен, ќе те изблујам од устата Своја“ (Откр. 3, 15–16).

Но, моето внимание посебно го привлече оваа реченица: „И почнаа сите, како договорени, да откажуваат“.

Замислете, „како договорени“!?

Сигурно овде не се мисли на некаков конкретен и осмислен договор, туку на неосвестено, но воедначено човеково однесување.

И, сигурно не се работи толку за однесувањето, колку за еден и ист дух што го раководи тоа однесување – паднатиот дух.

Оти, кој друг дух би се одрекол од Христос?

И кој друг дух би можел, и денес, толку различни (етнички, партиски) и неповрзани луѓе да ги поврзе во едно те исто однесување – во противење на Христовиот Дух, освен духот на антихристот?

Така и во нашиот случај, луѓе – странци меѓусебно, со различни гревовни навики и индоктринирани од различни колективни несвесни гревовни шеми, ги гледаме дека восогласено дејствуваат како под команда, кога е во прашање поткопувањето на единството на Македонската Православна Црква – ОА, како и кога е во прашање обидот за оневозможување на единствената „голема вечера“ од Богочовекот Христос, преку неа, подготвена.

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Source: https://pokajanie.mk/2020/12/27/30260/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Митрополит Струмички Наум: Како да станеме богати до синовство (06.12.2020)

Митрополит Струмички Наум:Како да станеме богати до синовство (06.12.2020 12:40) „На некој богат човек нивата му беше родила многу; и мислеше во себе, велејќи: ’Што да направам? Немам во што да ги соберам плодовите свои‘. Па рече: ’Вака ќе направам: ќе ги урнам амбарите свои и ќе соѕидам поголеми...

Image Description
3 years ago

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Митрополит Струмички Наум:За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020 )Десетмината лепрозни Го молат Господ Исус Христос и бараат исцеление, а Он им вели: „Отидете и покажете им се на свештениците!“ (Лука 17, 14). Христос на сите им го покажува најпрво патот на смирението и на послушанието.Деветмината Ју...