Зошто ја палиме свеќата?
Прво : Затоа што нашата вера е светлина. Христос рекол: „Јас сум светлината на светот“.Светлината на свеќата не потсетува на светлината со која Христос ги осветлува нашите души.
Второ : Да не потсети дека и нашите животи мора да бидат светли како светиите, односно луѓето кои апостол Павле ги нарекува „деца на светлината“.
Трето : Да биде проверка на нашите мрачни дела и на нашите лоши спомени и желби. И така сè да се врати на патот на светлината на светото Евангелие.
За да „нашата светлина свети пред луѓето, за да ги видат нашите добри дела и да го слават нашиот Отец небесен“.
Четврто : Тоа е наша мала жртва, знак и примерок на благодарноста и љубовта што му ја должиме на Бога за големата жртва што ја направи за нас.
Со оваа и со нашата молитва му благодариме за животот, за спасението и за сето она што ни го дава неговата божествена и бескрајна љубов.
Петто : Да биде ужас за силите на темнината, кои нè напаѓаат со посебно лукавство пред и за време на молитвата и сакаат да ги оддалечат нашите мисли од Бога.
Демоните ја сакаат темнината и треперат од светлината Христова, но и светлината на оние што Го љубат Христа.
Шесто : Да не мотивира на саможртвување. Како што фитилот гори во свеќникот со маслото, така и нашата волја треба да гори од пламенот на љубовта кон Христа и секогаш да се потчинува на волјата Божја.
Седмо : Да научиме дека: Како што свеќата не свети без нашите раце, така и внатрешниот свеќник на нашето срце не свети без рацете Божји.
Трудот на нашите доблести се горивото (фитилот и маслото), на кои им треба „огнот“ на Светиот Дух за да се запали и осветли.
Свети Николај Велимировиќ
Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2024/07/blog-post_44.html