ЗОШТО УВОТО НА СВ.ЈОВАН ЗЛАТОУСТ Е НЕТЛЕНО

Example Super-Admin User · 2 months ago

    1 minute, 35 seconds


3.angeli.so.truba

ЗОШТО УВОТО НА СВ.ЈОВАН ЗЛАТОУСТ Е НЕТЛЕНО


            Во светогорскиот манастир "Ватопед" се чува чесната глава на св. Јован Златоуст.
Едно од чудата поврзани со оваа светиња, во кое секој поклоник може сам да се увери е нетленоста на десното уво на светителот. Тоа е непроменетo со распаѓање и тоа се поврзува со една конкретна епизода од животот на светиот отец. Свети Јован Златоуст имал ученик - свети Прокло, кој подоцна станува патријарх цариградски. Тој додека бил негов ученик, му помагал и ги пречекувал посетителите кои доаѓале кај него.
           Еднаш еден големец бил наклеветен пред царот,и затоа бил сменет од функцијата и протеран од палатата. Тој побарал застапништво од св. Јован Златоуст и договориле ноќен час за посета, за да не биде забележана посетата. Кога големецот пристигнал, Прокло отишол да го повика св.Јован, се приближил до вратата, но однатре се слушнал разговорот. Во житието на свети Прокло се раскажува како тој бил збунет и се прашувал кој може да влезе без негово знаење. Ѕирнал во клучалката и видел дека зад св. Јован стои благовиден маж кој му диктира нешто, а тој пишува. Прокло рекол на големецот дека св. Јован сега е зафатен.
           Разговорот сепак продолжил сè до зори. Големец си отишол огорчен, без да биде примен од патријархот.
Утрото св. Јован Златоуст го запрашал својот помошник не е ли доаѓал еден големец да го бара. Прокло одговорил: - Да, доаѓаше, но јас не се осмелив да го пуштам, бидејќи со тебе разговараше некој друг речиси цела ноќ. - Со кого сум разговарал? - се изненадил се свети Јован - Никој не е доаѓал кај мене оваа ноќ.
           Прокло му го опишал изгледот на човекот, како тој стоел блиску до него и му зборувал нешто на уво. Потоа, кога ја погледнал иконата на свети апостол Павле, која била на ѕидот, и рекол: - Еве, овој беше човекот кој беше кај тебе ноќеска! Самиот св. Ап. Павле се јавувал ноќно време на св. Јован Златоуст и му ги појаснувал посланијата свои, кои во тоа време Светителот ги толкувал и запишувал

3.angeli.so.truba

Православие.Мк †

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/23695-zoshto-uvoto-na-sv-jovan-zlatoust-e-netleno

Share:

Example Super-Admin User

Perferendis aliquam velit aut non qui voluptas. Velit est voluptatem qui eum rem laboriosam ut. Blanditiis magni earum quo unde repudiandae sequi. Delectus autem quis dolores. Ut rerum aut illum possimus. Officiis placeat ducimus aut harum quos. Est in aspernatur animi. A aut et esse ex dolore sed. Incidunt rerum sed modi culpa. Expedita quia inventore iure aliquam. Itaque laboriosam vel fugiat aut.

All author posts

Related Posts

Image Description
1 year ago

Митрополит Николај Месогејски: Како да влеземе во Божјата логика – II дел

На едно друго место, Апостолот Павле вели: „Нашето жителство е на небото“. На што се однесува зборот „жителство“ овде? Ќе си дозволам една преведувачка грешка, ве молам простете ми, желба ми е да го поведам разговорот во посакуваниот правец. Во суштина, нашето срце е упатено да ја прими пораката на...

Image Description
2 years ago

архимандрид Павел Пападопулос: ИСКУШЕНИЈАТА НЕ БУДАТ

  архимандрид Павел ПападопулосИСКУШЕНИЈАТА НЕ БУДАТ   Проблемите и искушенијата што ги имате во вашите животи нека станат ваши скалила кои се издигнуваат до Небесата. Како ќе се случи тоа? Кога преку искушенијата, ќе му се предадете на Бога, кога ќе се соочите со искушението како со...

Image Description
2 years ago

Архимандрит Андреј Конанос: Вoздвижение на Чесниот Крст Господен – V дел

 Кога ќе стигнеш до тоа да кажеш дека другите страдаат повеќе од тебе, тоа значи дека си напреднал, дека си созреал, дека си се утврдил ,дека болката успеала да ти ја предаде својата лекција, да те научи на љубовта, да те научи на големината на твојата душа, да те научи да проштеваш на сите, да...