Свето евангелие според светиот апостол Лука
8:5-15
5. Излезе сејач на семе; и кога сееше, едно падна покрај патот и беше изгазено, и птиците небески го исколваа;
6. а друго падна на камен, па штом никна, се исуши, оти немаше влага;
7. едно, пак, падна меѓу трње; и израсна трњето, па го задуши;
8. а друго падна на добра земја, и кога изникна, донесе стократен плод.” Откако го рече ова, извика: „Која има уши да слуша, нека чуе!”
9. А учениците Негови Го прашаа, велејќи: „Што значи таа парабола?”
10. Он рече: „Вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството Божјо, а на другите ќе им се зборува во параболи, та гледајќи да не виѓаат, и слушајќи да не разбираат.
11. А оваа парабола значи: семето е словото Божјо.
12. Она, што падна покрај патот, се оние, кои слушаат; но потоа доаѓа ѓаволот и им го зема словото од срцата нивни, за да не поверуваат и да не се спасат;
13. а она на камен – се оние, кои кога ќе го чујат словото, со радост го примаат; но немаат корен и веруваат некое време, па штом дојдат искушенија, тие се откажуваат;
14. тоа, пак, што падна меѓу трње, се оние, што го слушаат словото, но кога отидат, се подаваат на грижи, богатства и наслади од овој живот и не донесуваат плод;
15. а оние на добрата земја, се тие што го слушаат словото и го пазат во добро и чисто срце, и принесуваат плод со трпение.” Штом го рече тоа, извика: „Кој има уши да слуша, нека чуе!
+++
“Излезе сејач да сее ceме”.
Колку едноставен, толку и свечен почеток на приказната. Значи: дојде времето за сеидба, мразевите и снеговите ја подготвија земјата, орачите ја изораа, пролетта настапи, и – сејачот излезе да сее.
Излезе сејачот од домот свој, на нивата своја, да го посее семето – не туѓо, туку своето. Toa e надворешната едноставност; a внатрешната длабочина e: сејачот е Христос, семето e евангелската животодавна наука.
Човекот е подготвуван co илјадагодишните маки и страдања, co беспаќа и лелеци да го прими божественото семе на животодавната наука. Пророците jа изораа нивата – душите на луѓето, a Христос засветли како пролет по долготрајната студена зима и како сејач излезе да сее.
Пророците се орачи, a Toj e сејач. Ако пророците посеале понекаде нешто, тоа не било нивно семе, туку од Бога позајмено. Но Христос излегол да го посее своето семе. Лажните учители пред Христа земаа семе од ѓаволот и го сееле по светот како свое.
Христос не позајмува од никого, туку навистина сее од своето. „Излезе сејач…” – но од каде излезе и каде тргна?
Излезе Синот Божји од вечната прегратка на својот Татко, а сепак не се одвои од таа прегратка. Излезе во човечко тело. за како човек да им послужи на луѓето.
Излезе како светлината што излегува од сонцето, a сепак не се одвојува од него. Излезе како дрво од својот корен, не одвојувајќи се од коренот.
Душите на луѓето се неговата нива; a Toj излезе на својата нива.
Example Admin User
Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.
All author posts
Related Posts
11 months ago
За Акатистот - Што е тоа акатист, и зошто се чита во црквите?
Во Неделата на св. Марија Египетска-
Недела 5-та на СВЕТИОТ ПОСТ (Посен триод)
Во овој ден празнуваме неседална песна – Акатист на Пресветата Владичица наша Богородица, од овие причини: Кога Ираклиј управуваше со византиското царство, персискиот цар Хозрој, гледајќи дека моќта на Грците знач...
4 years ago
Шеснаесетта Недела по Педестница
Свето евангелие според светиот апостол Матеј
25:14-30
14. Зашто, Он ќе постапи како човек, кој тргнувајќи на пат, ги повика слугите свои и им го предаде својот имот;
15. и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден; секому според силата негова; и веднаш замина.
16. Оној, што зеде...
4 years ago
Воведение во храм на Пресвета Владицича наша Богородица и Приснодева Марија
Воведение во храм на Пресвета Владицича наша Богородица и Приснодева Марија
УТРЕНА
Тропар, глас 4.
Денес е почеток на милоста Божја, и навестување на човековото спасение. Во храмот Божји Дева јасно се покажува, и Христа на сите им Го предвестува; нејзе и ние гласно да ѝ запееме: Радувај се, исполнув...

Example Admin User
Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.
All author postsRelated Posts

За Акатистот - Што е тоа акатист, и зошто се чита во црквите?
Во Неделата на св. Марија Египетска- Недела 5-та на СВЕТИОТ ПОСТ (Посен триод) Во овој ден празнуваме неседална песна – Акатист на Пресветата Владичица наша Богородица, од овие причини: Кога Ираклиј управуваше со византиското царство, персискиот цар Хозрој, гледајќи дека моќта на Грците знач...

Шеснаесетта Недела по Педестница
Свето евангелие според светиот апостол Матеј 25:14-30 14. Зашто, Он ќе постапи како човек, кој тргнувајќи на пат, ги повика слугите свои и им го предаде својот имот; 15. и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден; секому според силата негова; и веднаш замина. 16. Оној, што зеде...

Воведение во храм на Пресвета Владицича наша Богородица и Приснодева Марија
Воведение во храм на Пресвета Владицича наша Богородица и Приснодева Марија УТРЕНА Тропар, глас 4. Денес е почеток на милоста Божја, и навестување на човековото спасение. Во храмот Божји Дева јасно се покажува, и Христа на сите им Го предвестува; нејзе и ние гласно да ѝ запееме: Радувај се, исполнув...