26. Недела по Педесетница (И твојата последна минута може да отчука уште денес…)

Example Admin User · 2 years ago

    3 minutes, 56 seconds


… „Па рече – вака ќе направам: ќе ги урнам амбарите свои и ќе соѕидам поголеми и таму ќе го соберам сето свое жито u сите свои добра”.

Ете, тоа e главната работа на неразумниот човек. Наместо да го урне стариот човек во себе и да го подигне новиот, тој ги вложува сите свои сили во уривање на старите и во подигање на нови амбари.

Доколку и идната година биде толку родна, тој ќе мора повторно да се мачи околу проширувањето на старите или подигање на нови амбари. Така неговите амбари од година на година ќе стануваат сѐ пошироки и понови, a неговата душа сѐ потесна и постара.

И неговата стара пченица ќе стане неупотреблива и ќе се фрли како отпадок, исто како и душата негова. Hero ќе го опкружува зависта, него ќе го засипуваат клетвите.

Оти сиромашните луѓе ќе гледаат co завист во неговото богатство, a гладните ќе го проколнуваат поради скржавоста и себичноста.

И така неговото богатство ќе придонесе за пропаѓањето негово и на неговите соседи. Неговата душа ќе пропаѓа поради скржавоста и себичноста, a душите на неговите соседи поради зависта и проколнувањето.

Погледнете како безумниот човек го употребува Божјиот дар и за свое и за туѓо пропаѓање. Бог му дал богатство заради благослов и заради негово спасение и спасението на неговите соседи, a тој го употребува за сопствено проклетство и за проклетство на другите.

Свети Јован Златоуст ги советува сите оние што се достапни на совет:

„Kora ќе се наситиш – сети се на гладниот. Kora ќе ја згаснежедта – сети се на жедниот.

Kora ќе се згрееш – сети се на тој што се смрзнува.

Ако живееш во дом што e голем и богато украсен – доведи во него и бездомник.

Ако се веселиш – развесели го тажниот и жалосниот. Kora ќе ти оддадат чест како на богат човек – посети ги сиромасите.

Kora ќе излезеш радосен од твојот кнез – направи ги радосни и сите твои слуги. Ако бидеш милостив и сожалителен спрема нив, ќе добиеш милост кога душата ке го напушта твоето тело”.

Се раскажува за двајца големи испосници во египетската пустиња кои го молеа Бога да им открие дали постои некој на светот што подобро му служи од нив двајцата.

И навистина, тоа им се исполни, им беше заповедано да одат на едно место кај еден непознат човек и дека ќе дознаат тоа што го бараат.

Тие дојдоа, како што им беше кажано, најдоа еден прост човек, по име Евхарист, кој се занимавал само co сточарство. Бидејќи испосниците на овој човек не видоа ништо необично, тие го запрашаа на кој начин се грижи да ja исполни Божјата волја?

По подолго воздржување Евхарист им кажа дека сѐ што ќе добие од својот добиток го разделува на три дела: еден дава на бедните и сиромасите;

вториот дел го употребува за гостопримство на странци;

a третиот дел го задржува за себе и за својата мудра сопруга.

Откако го слушнаа ова, испосниците се вратија, пофалувајќи jа добродетелта на сточарот. – Погледнете, милосрдието e дури поголемо и побогоугодно од најстрогиот пост.

Ho, овој лаком богат човек, за кој станува збор во денешното евангелие, не помислувал ниту на Бога, ниту на својата душа, ниту пак на милосрдието. Тој исклучително мислел како да ги прошири своите амбари и како да ги собере сите плодови од својот имот. Што потоа тој ќе прави?

… „Ho Бог му рече: Безумниче, ноќеска ќе ти ја побарам душата твоја; тоа, што си го приготвил, кому ќе му остане”?

Така му рече господарот на животот и на светот, и заповедникот на времето и на смртта, на кој му e во рака душата на сѐ што е живо и духот на секоја човечка плот (Jов 12, 10).

Безумнику, оти не мислиш co умот, туку co стомакот?

Како што не беше во твоја власт денот на твоето раѓање, така не е ни денот на твојата смрт. Господ ги запали свеќите на земниот живот кога Тој сакаше, Господ ќе ги згасне кога Тој ќе сака.

Како што твоето богатство не можеше да го забави часот на твоето доаѓање на овој свет, така тоа не може ни да го одложи твоето заминување од овој свет.

Дали од тебе зависи разденувањето и стемнувањето на денот? Дали од тебе зависи кога ветерот ќе почне да дува и кога ќе престане?

Исто толку од тебе зависи рокот твој на земјата!

Исто толку од тебе се зависни житните полиња, амбарите и трлата. Сѐ e тоа Божја сопственост, исто како и твојата душа. Секој ден и секој час Бог може да го земе своето од тебе и да го даде на други.

Уште за време на твојот живот сѐ e Негово; сѐ ќе биде Негово и по твојата смрт.

Во неговите раце e твојот живот и твојата смрт. Зошто тогаш зборуваш за многу години однапред? Во минути е изброен твојот живот човеку!

И твојата последна минута може да отчука уште денес.

Затоа не се грижи за утрешниот ден, што ќе јадеш и што ќе пиеш и во што ќе се облечеш; туку грижи се повеќе, многу повеќе, co каква душа ќе излезеш пред Бога, создателот и господарот свој.

Грижи се повеќе за царството Божјо, оти тоа e храната за твојата душа (Мат. 6, 31-35).

Пренесено од книгата “Омилии” Недела дваесет и шеста

Подготви Мина Даниловска

+++

Свето евангелие според светиот апостол Лука

12:16-21

16. И им кажа парабола и им рече: „На некој богат човек нивата му беше родила многу;

17. и мислеше во себе, велејќи: »Што да правам? Немам во што да ги соберам плодовите свои.«

18. Па рече – вака ќе направам: »ќе ги урнам амбарите свои и ќе соѕидам поголеми, и таму ќе го соберам сето свое жито и сите свои добра,

19. и ќе ѝ речам на душата своја: душо, имаш многу добра, приготвени за многу години; јади, пиј и весели се!«

20. Но Бог му рече: »Безумниче, ноќеска ќе ти ја побарам душата твоја; тоа, што си го приготвил, кому ќе му остане?«

21. Така бива со оној што собира добра за себе, а не се богати во Бога.”

Source: https://pokajanie.mk/2021/12/10/25269/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Боже, Моето срце е подготвено: нека Ми биде според Твоите зборови – (прв дел)

Те величаме, Пренепорочна Мајко На Христа нашиот Бог, И сеславно го славиме Твоето успение.Почитувана и прославувана на земјата, Божествената Марија не престанувала да се стреми кон небото и да се моли за преселување во небесните живеалишта, за да се насладува од гледањето на Синот и Бог Свој. Како...

Image Description
3 years ago

Успение на Пресвета Богородица! (Втора статија)

ВТОРА СТАТИЈА Глас 5. Достојно е, Животодавче да те славиме,Ти Кој го возвеличи успениетона Твојата Мајка Чиста. 73. Твоите раце ме создадоа и меизградија: вразуми ме, и ќе се научам наТвоите заповеди. Достојно е, да те величаме, Богородице,тебе која душата божествена и непорочнаво рацете на Бога ја...

Image Description
3 years ago

„Непријателот најдобро се поразува со љубезност“ (19. недела по Педесетница)

„Туку вие љубете ги непријателите свои…“ (Лука 6, 31 – 36) Деветнаесетта недела по Педесетница Лакмусовиот тест на љубовта не е дали ги љубиме своите пријатели, туку дали ги љубиме своите непријатели. Еден голем руски светител прашал: „Како знаеме дали човек пребива во Бога и е искрен во својата хри...