33 –та недела по Педесетница (по Богојавление)

Example Admin User · 2 years ago

    1 minute, 21 seconds


33 –та недела по Педесетница (по Богојавление)

Апостол од Послание до Ефесјаните (4, 7-16)

Потребно е да се одржува единството на Духот и да се оди по новиот пат.

7 А на секого од нас благодатта му е дадена според мерката на дарот Христов.

8 Затоа е и речено: »Издигајќи се на височина, плени плен и им даде дарови на луѓето«.

9 А што означува »издигајќи се«, ако не тоа дека Он слезе пред тоа во најдолните места на земјата.

10 Слегнатиот е Истиот, Кој се издигна повисоко од сите небеса, за да исполни сѐ.

11 И Он постави едни за апостоли, други за пророци, трети за евангелисти, четврти за пастири и учители,

12 за усовршување на светиите во делото на служењето, за изградување на Христовото тело,

13 додека сите не стигнеме до единство во верата и познавање на Синот Божји, до состојба на совршен маж, до мера на полната возраст на Христовото совршенство,

14 та да не бидеме веќе мали деца, што ги лула и занесува секој ветар на лажните учења, по лукавството на луѓето, по итрото искуство на измамата,

15туку со вистинска љубов во сѐ да растеме во Оној, Кој е глава, Христос,

16 од Кого целото тело, составено и склопено и сврзано преку сите дарувани врски, при дејството на секој дел, поред силите негови, нараснува за да се изградува во љубов.

Евангелие од светиот

апостол Матеј (4, 12-17), зачало 8.

12 Акога чу Исус дека Јован е предаден, отиде во Галилеја;

13 и, кога го остави Назарет, дојде и се насели во Капернаум приморски, во пределите Завулонови и Нефталимови,

14 за да се исполни реченото преку пророкот Исаија, кој вели:

15 „Земјата Завулонова и земјата Нефталимова, на пат кон морето, оданде Јордан, незнабожечка Галилеја е.

16 Народот што седеше во мрак виде голема светлина и на оние што седеа во пределот, и во сенка смртна, им изгреа светлина“.

17 Оттогаш почна Исус да проповеда и да говори: – Покајте се, зашто се приближи царството небесно!

Подготви С. Трајчева

Source: https://pokajanie.mk/2021/01/21/30486/

Share:

Example Admin User

Numquam earum rerum voluptas dolorum est est dolore. Sint aliquid provident voluptas laboriosam in id tenetur. Natus reiciendis voluptates ipsum itaque et nulla at. Explicabo et qui dolorem a odio placeat minus. Debitis delectus expedita voluptatem dicta earum aut. Quia ut maxime voluptatem voluptas. Doloribus tempora repellendus at voluptas.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 weeks ago

Свети Стефан, моли го Бог за повеќе вера во нас!

Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан Роднина на апостолот Павле, Евреин од Евреите што живееја по елинските области. Беше прв од Седумте ѓакони коишто Светите апостоли ги ракоположија и ги поставија на служба на грижа за сиромасите во Ерусалим. Затоа и го нарекоа архиѓакон. Со силата на својата ве...

Image Description
2 years ago

Св. Фануриј – Заради оваа молитва мнозина добиваат помош…

Светиот маченик Фануриј Календар Кој бил и кога живеел овој светител не се знае. Многу се почитува на Родос и на Крит. Од нашите краишта во Прилеп и Битола. Во 1500 година им се јавил на некои на островот Родос и таму покажал чуда и исцеленија. Таму е пронајдена и една негова стара икона. На неа Фан...

Image Description
2 years ago

Покрај огнот

Секоја година, без исклучок, пред Божикните празници, се распалува дебатата околу коледарските огнови. Свештенослужителите велат тоа е пагански обичај, а ревносните коледари, на кои огнот, ракијата и колбасите им се најголема светиња, започнуваат со рафали против цела Црква. Сиот клир е про...