Акатист на Свети Василиј Велики
Кондак 1
Избран служител на Царот Небесен и голем светителу на Црквата Христова,кој во целиот свет си заблескал со исповедањето на вистинската вера,имајќи голема смелост пред Света Троица,од сите неволји огради ги оние што со умиление ти воскликнуваат:
Радувај се,свети Василије,голем архиепископу и вселенска светилко на Православието!
Икос 1
Творецот на ангелите од искона те избра,блажени оче Василије,да бидеш голем светилник на Неговата Црква и те покажа како човек подобен на Ангелите.Си се подвизувал живеејќи во Богомислие и постејќи во пустина,воздигнувајќи се на височина на доблести.Бидејќи прими голема слава на небото,прими го од нас,смирените,кои се осмеливме да те фалиме,овие пофални зборови:
Радувај се,свети Василиј,бидејќи носиш исто име како Царството!
Радувај се,бидејќи ги голем јерарх Христов!
Радувај се,бидејќи си непоколеблив столб на Црквата!
Радувај се,бидејќи си пречесен изданок на светиот род!
Радувај се,бидејќи од младоста на Царот Небесен сесрдно си му служел!
Радувај се,бидејќи со оваа земна,а уште повеќе Небесна мудрост умот свој си го обогатил!
Радувај се,бидејќи со другарот свој,Григориј Богослов,во мудрољубие си напредувал!
Радувај се,бидејќи учителот свој Евула,со премудри зборови кон Христа си го обратил!
Радувај се,прекрасен чувару на чистотата и целомудреноста!
Радувај се,патеводителу на верните кон спасение!
Радувај се,разорителу на душепогубните ереси!
Радувај се,Богомудри учителу на Вселената!
Радувај се,свети Василије,голем архиепископу,вселенска светилко на Православието!
Кондак 2
Гледајќи дека Црквата Христова е нападната со аријанското зловерие,покорувајќи се на Божјиот повик,си ја напуштил,свети оче Василије,пустината која толку си ја сакал и си дошол во градот Кесарија.Таму си примил благодат на свештенството и поставен за архиепископ,благовестејќи ги громогласно зборовите за спасение по сите краеви земски и по цели денови поучувајќи ги верните на Бог ,Создателот,достојно да му воскликнуваат:Алилуја!
Икос 2
Просветлувајќи го разумот на верните со Богопознание,голем Богознаец Василије,ја толкуваше природата на суштествата и ги научи да го спознаат Неводливиот Бог во созданието на Неговите раце!Затоа и ние,со Твоето Богомудро учење просветлени,вака ти воскликнуваме:
Радувај се,бидејќи врните ги озари со познанието на Бога кој се создаде за шест дена!
Радувај се,бидејќи ги научи да ги фалат достојно Неговите прекрасни дела!
Радувај се,изобилна ризницо на Богословието!
Радувај се,бидејќи нас не научи во цел свет тајната на премудроста Божја да ја видиме!
Радувај се,бидејќи не поучуваше во малите работи да се наѕира величината Божја!
Радувај се,бидејќи нас не научи во се да ја видиме светата тајна на Божјата премудрост!
Радувај се,бидејќи си изобразил убавина на првосоздадена светлост!
Радувај се,бидејќи на жителите им ја покажа големата сила на првото Божјо слово!
Радувај се ,бидејќи зборувајќи за полските растенија го покажа брзото уништување на земската слава!
Радувај се,бидејќи покажа дека во величенственоста на невесните светила се гледа Христос,Сонцето на Правдата!
Радувај се,зашто со разјаснување на трудољубивите творби,го одврати твојот народ од мрзеливоста!
Радувај се,зашто тебе,човече,цару на сите созданија,ти е аповедено да владееш нас страстите!
Радувај се,свети Василије,голем архиепископу,вселенска светилко на Православието!
Кондак 3
Зајакнат со Силата на Севишниот,свети оче Василиј,ти се спротистави на отстапникот Јулијан,и го молеше Господа и Неговата Пречиста Мајка да ја спречат неговата зла намера спрема Христијаните и сите благодарно да воскликнат на Единствениот Бог:Алилуја!
Икос 3
Имајќи голема ревност по Бога Седржителот и мечот Негов во рака добивајќи го,брзо си го посекол плевелот на безбожноста на паганскиот Јулијан и ги утврди верните во побожност.Научи не и нас,преподобен оче Василије,со чист живот да му служиме само на Единиот Бог,повикувајќи те вака:
Радувај се,зашто храбро ја уништи гордоста на Јулијан во богоотстапништво!
Радувај се,зашто ги уништи неговите Христомразни потфати!
Радувај се,зашто со плачлива молитва како копје го победи!
Радувај се,бидејќи ја навести неговата блиска пропаст!
Радувај се,зашто си го ослободил Божјиот народ,како некогаш Мојсеј Израилев,од идолопоклонството!
Радувај се,зашто си го искоренил плевелот на безбожноста!
Радувај се,зашто изобилно ги насити верните со храната на Божјите зборови!
Радувај се,зашто со благодатните потоци им ги напои срцата!
Радувај се,зашто си ги советувал цврство да ги држат плочите на заповедите Христови!
Радувај се,зашто учењето на устата своја го потври со животот!
Радувај се,добар и верен слуга Божји!
Радувај се,ревносен гласник на лозјето Господово!
Радувај се,свети Василије,голем архиереју,вселенска светилко на Православието!
Кондак 4
Со силата на Духот кој во Тебе живеел,ја смири бурата на гневот на цаот Валенс,кој беше обземен од ариевата ерес,светителу Божји Василије.Со своите свети подвизи и топли молитви кон Бога и подари мир на Светата Црква,и радувајќи му се Нему,постојано си пеел:Алилуја!
Икос 4
Слушајќи како стоиш во вистината,архиереју Божји,и како сите верни се покоруваат на твојот глас,безбожниот Валент посака да те одврати од вистинската вера.Поради тоа,епископот ти ја испрати својата скромност,а потоа и самиот дојде во Кесарија.Ти,богоносен оче Василије,не се плашеше ниту од царскиот гнев,ни од страшните закани на неговиот војвода.Ние пак,прославувајќи го твоето цврсто исповедање,вака ти воскликнуваме:
Радувај се,непоколеблив поддржувач на вистинската вера!
Радувај се,пастиру,спремен да ја положиш душата за овците свои!
Радувај се,зашто ја покажа цврствата исповед на Петар!
Радувај се,зашто ја покажа ревноста на свети Илија за славата на Света Троица!
Радувај се,зашто гневот на безбожниот цар со Божествена служба го смири!
Радувај се,зашто со богомудри зборови му ја заузда устата на злобниот командант!
Радувај се,зашто не се уплаши од заканата од прогон и мачење!
Радувај се,зашто сакаше да ја прифатиш смртта за Господа Христа!
Радувај се,зашто си претпрел прогон заради верата!
Радувај се,зашто низ многу таги влезе во радоста Господова!
Радувај се,зашто пред царевите и епископите бестрашно ја исповедаше Христовата вистина!
Радувај се,зашто со својата цврста исповед се покажа дека си верен слуга на Царот Небесен!
Радувај се,свети Василије,голем архиереју,вселенско светилко на Православието!
Кондак 5
Ти се покажа како од Бог испратена ѕвезда,светителу Христов Василије,темната ноќ на жалост ја осветли со пресветлите светла на милосрдие,ја растури маглата на неволјите и н им го покажа на сите што пливаат во бурното море на животот,вистинскиот пат кон Царството Небесно,за сите што Бог ги спасува,радосно би воскликнале:Алилуја!
Икос 5
Кога сите видоа,светителу Божји,дека си им отец чедољубив,во искушенијата и жалостите тебе те бараа.Ти пак,спрема сите милосрден беше,и со тоа им покажа живот во вистинска вера.Биди,преблаг оче Василије,брз помошник и нас,нападнатите од гревови и страсти,бидејќи со љубов ти воскликнуваме:
Радувај се,светилко на љубов,од Христа заблексана!
Радувај се,бидејќи Отецот Небесен во милосрдието си го поддржувал!
Радувај се,богата ризницо на сиромашните!
Радувај се,сигурно прибежиште на сиромашните!
Радувај се,зашто,како некогаш Јосиф,гладните си ги нахранил!
Радувај се,зашто си основал многу домови за бездомници и сиромашни!
Радувај се,зашто како добар самарјанин со свои раце си ги илекувал лепрозните рани!
Радувај се,зашто го излечи од болест твојот прогонител Модесто и те избави од јавна казна!
Радувај се,зашто ја заштити кутрата вдовица од обвинувањето на Владиката!
Радувај се,зашто за грешна жена молеше од Бога прошка за гревовите!
Радувај се,татко на сиромашните и утеха на страдалниците!
Радувај се,разбирање и поправање на оние што гинат во гревови!
Радувај се,свети василије,голем архиереју,вселенска светилко на Православието!
Кондак 6
Ти се покажа како проповедник на Христовата вистина на целиот свет,свети оче Василиј,и со силата на твоите благодатни зборови,како со остар меч,ги прободе грешните срца и ги поттикна на покајание,за сите со чисти срца да и пееме на Света Троица:Алилуја!
Икос 6
Си заблескал на сводот на Црквата како голема светилка,оче Василиј,и ги просветли сите небеса со познанието на вистинската вера и ја истера темнината на страстите на грешниците,ослободи не и нас од нив,кои вака ти воскликнуваме:
Радувај се,верен слуга на Света Троица!
Радувај се,Богопросветлен толкувач на тајните на верата!
Радувај се,зашто громогласно си ги проповедал Синот и Престолниот Дух како Едно со Отецот!
Радувај се,зашто на верните им ја протолкува вистината за вечната светлина од вечната светлина!
Радувај се,бидејќи Господ Спасителот како Бог овоплотен и Творец на сите векови си го исповедал!
Радувај се,зашто го посочи таинството на све природи во еден ипостас на Христа Бога!
Радувај се,зашто со царската сила на својата беседа на богатите им заповеда да ги отворат своите житници!
Радувај се,бидејќи со своето учење многумина одврати од неправедни придобивки!
Радувај се,зашто со збор,како со меч,си го победил душевното пијанство!
Радувај се,зашто од срцето си ја искоренил суровоста и зависта!
Радувај се,свети Василије,голем архиереју,вселенска светилко на Православието!
Кондак 7
Сакајќи да ги спасиш верните од ариевското собрание,ти,свети Божји Василије,украси се во Црквата и мудро го состави слаткиот чин на Божествената Литургија и од твојата боговдахновена уста се изеаја многу молитви,како мирисно миро.Им се молиме нив за простување на своите гревови и за гревовите на нашите починати браќа,и ја славиме Света Троица,извикувајќи:Алилуја!
Икос 7
Верните во тебе,свети оче Василиј,го видоа новиот Арон кога ја принесуваше бескрвната жртва Божја,украсен со даровите на Духот како облека од скапоцени камења.Доаѓајќи сега кај олтарот на Небесната Црква,спомни не и нас кои во умиление ти пееме:
Радувај се,архиереју Божји,бидејќи како Арон ја доби преизобилната благодат на свештенството!
Радувај се,бидејќи голема храброст во молитвите за луѓето си стекнал!
Радувај се,мудар чувар на тајните Божји!
Радувај се,украсу на Црквата!
Радувај се,зашто служењето на светата Литургија ја научи како апостол Јаков од Самиот Христос!
Радувај се,молитвениче,просветлен од Духот Божји!
Радувај се,зашто,како што видоа некои,си бил осветлен од Небесната светлина за време на службата!
Радувај се,зашто си бил опкружен со ангели како некои многу просветени луѓе!
Радувај се,зшто најнапред со твојата молитва се подготвуваме за примање на Христовите Тајни!
Радувај се,зашто со твоите зборови во пресрет на Духовден клекнуваме на молитва!
Радувај се,зашто на свештениците на целата Црква им даваш благослов од Бога во нивната служба!
Радувај се,свети Василије,голем архиереју, вселенска светилко на Православието!
Кондак 8
На преподобниот Ефрем Сириски му се откри чудесно и преславно видение за тебе,свети Василије.Еднаш Бог му те покажа како сонце огнено кое ја достигнува небесната височина,а подоцна,кога преподобниот дојде во Кесарија,ти виде како со огнен јазик ги поучуваш луѓето и во умиление му воскликнуваат на Бога:Алилуја!
Икос 8
Цел си пламтел со Небесна светлост на серафимска љубов,Богоносен оче Василије.Зборовите твои беа како молња која ги гори зборовите на еретиците,а душите на верните ги просветлува со пламенот на верата и љубовта.Подари ни и нас,оче,со твојата молитва да добиеме макар и мала искра од твојата љубов,зашто вака ти воскликнуваме:
Радувај се,столбе пламенолики,што ересите ги запалуваш!
Радувај се,запто си го запалил огнот на вистинската вера и љубов нелицемерна во себе си распламтил!
Радувај се,непоколеблив разобличителу на лагите на Ариј!
Радувај се,пламен ревнителу на верата Христова!
Радувај се,зашто ја посрами гордоста на Евномија,кој го хулел Синот Божји!
Радувај се,зашто ја спречи Македонија да хули на Светиот Дух!
Радувај се,разурнувач на лажната мудрост на Несториј!
Радувај се,усрден заштитниче на честа на Пресветата Богомајка!
Радувај се,пастиру осветлен со сјајот на Небесната љубов!
Радувај се,учителу на верата,кој објави громогласни зборови!
Радувај се,од Бога засадена маслинка,која многу светители Црквата направи!
Радувај се,лозо,од која израснаа богомудри бранители на православието!
Радувај се,свети Василиј,голем архиереју,вселенска светилнко на Православието!
Кондак 9
Сите еретички зборови не можеа да се спротиствабат на благодатната сила што се насели во тебе,свети оче Василије!Еден млад човек,што паднал во власта на сатаната,со силата на молитвата го грабна од ѓаволските стапици и покајнички го врати кон Господ Христос да му пее благодарно на Спасителот Бог:Алилуја!
Икос 9
Совладувајќи се со твојата Боговдахновена красноречивост,свети Василије,и гледајќи го чудото што му се случи на младиот човек,многу од еретиците се приклучија на едната Црквата.Удостој не да бидеме нејзини верни и послушни чеда,а ние,вака ти воскликнуваме:
Радувај се,зашто со небесното учење си ги осветлил сите краишта на земјата!
Радувај се,зашто со Христовата благодат ја победи темната сила на пеколот!
Радувај се,зашто младиот човек го ослободи од ѓаволската стапица!
Радувај се,зашто си го нахранил со Телото и Крвта Христови!
Радувај се,зашто не дозволи да пропаднат души,со крвта Христова искупени!
Радувај се,зашто бараше од Господа Христа да му прости на младиот човек,кој падна во смртен грев!
Радувај се,зашто со славно чудо ги воодушеви луѓето!
Радувај се,зашто со преобратување на заблудените Ангелите си ги израдувал!
Радувај се,зашто не научи да бараме од Господа Ангели чувари!
Радувај се,зашто ни го приблужуваш Ангелот чувар со својата молитва!
Радувај се,зашто не ослободуваш од нападите на ѓаволот!
Радувај се,во искушенијата брз застапниче!
Радувај се,свети Василије,голем архиереју, вселенска светилко на Православието!
Кондак 10
Сакајќи да го спаси книжевното творештво,Создателот те покажа како силен заштитник на верните и чувар на Својата Црква,за преку Тебе да се открие светлоста на Православието за целиот свет,и сите верни благодарно на Пресвета Троица непрестајно да и воскликнуваат:Aлилуја!
Икос 10
Ти си карпа на Црквата и цврста ограда на верните,о,голем меѓу архиереите,свети Василиј,бидејќи во градот Никеја дверите црквени со силата на молитвата своја си ги отворил и вистинската вера си ја открил,а устите на оние што хулат на името Христово ги затвори.Ние пак,кои го исповедаме православно Господ Спасителот,со твоето застапништво,оче,отвори ги вратите на Божјата милост,а да Ти воскликнуваме вака:
Радувај се,земски ангелу,чувар на Црквата Христова!
Радувај се,од Бога избран заштитник на верните!
Радувај се,зашто како Илија со молитва ги отвори небото и црковните врати!
Радувај се,земски ангелу,чувару на Црквата Христова!
Радувај се,од Бог избран заштитниче на верните!
Радувај се,зашто како Илија со молитви го отвори небото и црковните врати!
Радувај се,зашто на верните им го возобнови светиот храм,кој еретиците го одзедоа!
Радувај се,зашто си ги заштитил верните од ерес!
Радувај се,зашто не дозволи на Црквата Божја да и се наштети со лажни учења!
Радувај се,зашто името Христово,преголемо на Небото и на Земјата со чуда го возвеличи!
Радувај се,зашто во вселената го воспостави Православието!
Радувај се,зашто ја понижи гордоста на бозбожниците!
Радувај се,зашто смирението на верните ти го подигнуваш!
Радувај се,зашто во вселената го воспостави Православието!
Радувај се,зашто ја понижи гордоста на безбожниците!
Радувај се,зашто смирението на верните ти го подигнуваш!
Радувај се,зашто преку тебе се прославува верата на светот!
Радувај се,идејќи прекрасно ја украсуваш Црквата Христова!
Радувај се,свети Василије,голем архиереју,вселенска светилко на Православието!
Кондак 11
Тебе би ти доликувало пеење од Небото,а не од Земјата,преславен Василије,бидејќи на земјата си бил Небесна појава,и разумот на верните со твоето учење кон Небото си го воздигнал,додека сега од Небото милостиво ги гледаш и изобилна благодат им даваш од дарителот Христа,кој сега со ангелите на Небото пееш:Алилуја!
Икос 11
Ти беше,свети Василије,светилка кој со многу дарови Божји и со добродетели блеска,и сега просветли,и во добродетели поучи,и кон Царството Божјо управи не и нас кои вака ти воскликнуваме:
Радувај се,незалезно блескање на Црквата Христова и нејзин пресветол украсе!
Радувај се,зашто Христијаните од сите векови во вистинската вера ги утврдуваш!
Радувај се,зашто си ги умножил талантите кои Бог ти ги подарил!
Радувај се,бидејќи од земската мудрост и собрал се што е корисно за спасение!
Радувај се,бидејќи на царскиот син му подари чудесно исцеление во слава на правоверието!
Радувај се,бидејќи не си го презрел целомудреното житије на презвитерот Атанасиј и неговата жена!
Радувај се,зашто кротко им прости на оние што те навредуваа!
Радувај се,зашто со смирение и трпение ја победуваше клетвата!
Радувај се,зашто на монасите им го востановивте уставот за совршен живот!
Радувај се,зашто во семејството си собрал многу монаси!
Радувај се,зашто на Црквата,правилни и спасоносни учења во наследство си и оставил!
Радувај се,зашто својата скапоцена ризница на учења им ја подари на христијаните со богомудри списи!
Кондак 12
Нека ти даде Христос Бог голема благодат,свети оче Василије,не само да ги доведеш заблудените во покајание,туку и да приводиш многу неверници во Христа!Кога смртно се разболе и с приближи до крајот на земјата,го просветли еврејскиот лекар,заедно со сопругата и децата,со светото крштевање,и заедно со нив благодарно и запеа на Света Троица:Алилуја!
Икос 12
Сите верни ти вознесуваат пофалба,о,голем архиереју Василиј,и бидејќи на Земјата до крајот на твојот живот во славата на правоверието си се подвизувал,си влегол во Небесната Светиња на светиљите,и како верен служител Божји пред Света Троица си излегол,каде и сега,преблаг оче,се молиш за нас,за твоите чеда во вера,кои со љубов вака ти воскликнуваат:
Радувај се,царски свештениче,преславни Василије!
Радувај се,преукрасено живеалиште на Света Троица!
Радувај се,зашто Царот Небесен го прослави со чудесни дела!
Радувај се,зашто ни на смртната постела не ја остави својата ревност а славата на верата!
Радувај се,зашто заради преобраќање на неверните го молеше Бога за чудесно продолжување на својот живот!
Радувај се,зашто ти,станувајќи од смртна постела,со свои раце го крсти!
Радувај се,зашто со труд и мудрост силата на зловерието си ја победил!
Радувај се,бидејќи за побожните цареви победа над непријателите си испросил!
Радувај се,бидејќи во трудот си се изедначил со Апостолите!
Радувај се,бидејќи по твоја заповед со светителите Григориј Богослов и Јован Златоуст со еднаква чест блескаш!
Радувај се,зашто си блеснал со непропадливоста на моштите и се овенча со слава на Рајот!
Радувај се,голем и топол застапниче од Бога даруван!
Радувај се,свети Василије,голем архиереју,сцеленска светилко на Православието!
Кондак 13
О,пресвети и голем архиереју Христов Василије,светилко на Православните и оградо на верните!Погледни од Небото на овие пофалби што ти ги принесуваме и огради не со своите молитви од страсти и неволји,сочувај не во правата вера и удостој не со Царството Небесно,за заедно со тебе и со сите Светии во вековите на вековите да и пееме на Пресвета Троица:Алилуја!
(овој Кондак се чита три пати,а потоа повторно Икос 1 и Кондак 1)
Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2025/01/blog-post_95.html