ЧАМЕЦОТ И ГРАБЛИВИТЕ БОГАТАШИ – (ОМИЛИИ)

Example Admin User · 3 years ago

    3 minutes, 30 seconds


Замислете, еден голем и горд кораб да се разбие врз морските длабочини и да почне да тоне. Што станува со патниците?

Еден се фаќа за некоја штица и се држи за штицата.

Друг се фаќа за некое буре и се држи за бурето. Трет успева да приврзе некакви балони на вратот и co нив да плива. Четвртиот скокнува во вода без ништо и почнува да плива.

Петтиот го симнува чамецот од коработ, седнува во него и не брза да весла, туку брза што повеќе богатства да грабне од коработ што тоне и да ги пренесе во својот чамец.

Кој од нив е во најголема опасност? Односно: кој од нив најсрамно ќе погине?

Најсрамно ќе погине оној, кој изгледа најсигурен – оној во чамецот што стои покрај коработ и претовара богатства од коработ во чамецот.

Навистина, тој е во најголема опасност. Најнапред во својот чамец ќе натовари неколку вреќи co брашно.

Па откако ќе ги види сандаците co вино и co ракија, ќе почне и тие да ги пренесува во чамецот. Па потоа ќе грабне да влече облеки, килими, платна, штофови – „ќе ми треба за облека и постела!”

Па откако ќе погледне и ќе види сребрени садови, позлатени свеќници, и тие ќе ги земе.

Но ете, тука се и бурињата co масло, co солено месо, co риба и co ориз и co други разни артикли за прехрана – „ќе ми треба и тоа: како ќе живеам без тоа?”

Па потоа ќе ги види кутиите и торбите co пари и накит.

Секако и ова мора да го пренесе во чамецот. Но зошто да ги остави убавите столови, мазните маси, кадифените фотелји, кога и тоа може да го пренесе?

И пренесува. А чамецот сѐ повеќе се полни и сѐ подлабоко тоне во водата. Потоа се присетува дека ќе му требаат и петролеј и ќумур. Го пренесува и тоа. Па ете, тука се и ормани co многу убави книги;

Ќе му требаат во чамецот да чита и да го убива времето додека стаса до брегот. Пренесува и тоа.

Тука се и пијана, виолини, гудала и свирки. И co тоа времето се убива. И тоа го пренесува.

A чамецот сѐ повеќе се товари и сѐ повеќе тоне во водата. Доволно е, вели, и седнува во чамецот.

Но се присетува дека уште многу работи можеше и требаше да ги земе. И повторно се качува во коработ и зема.

Повторно самиот си вели – доволно е, и седнува во чамецот. Но пустата ненаситна желба за материјалните богатства повторно го тера уште повеќе да граба од коработ што тоне, ризикувајќи го дури и сопствениот живот.

На крајот коработ потонува во водата, и тој жалосно тргнува co чамецот жалејќи дека не можел уште нешто да натовари.

Ненаситниот човек почнува полека да весла кон брегот. Но водата е веќе до самиот раб на чамецот. Ако некој од оние што се во најголема опасност да потонат се обиде да влезе во чамецот, човекот во чамецот понапред би го убил отколку да го пушти кај себе.

И така, претоварувајќи го чамецот, тој ја претоварува и својата душа co злостор.

Наеднаш дувнува ветар, удираат брановите.

Тој почнува да се брани од водата: почнува да ja црпи водата од чамецот. Но кога види дека тоа не помага, почнува co тага да ги фрла во море некои поевтини работи, па потоа сѐ поскапи и поскапи.

Но тој веќе е многу изморен од претоварувањето на предметите во чамецот, па нема веќе сили повторно да ги дига и да ги фрла во море. На крајот, водата надвладува, претоварениот чамец потонува – и тој co чамецот.

Таков е животот и крајот на грабливите богаташи на морето од овој земен живот.

Пред сѐ, тие живеат co лажно убедување дека овој свет е еден разбиен кораб, без капетан, без кормило и кормилар, пустелија која тоне и пропаѓа и која е од полза само за оние кои од неа ќе грабнат што повеќе и ќе пренесат во својот чамец.

Ho среде грабањето и пустењето на коработ на животот се појавува капетанот на коработ, кој ја става својата рака на коработ како на своја сопственост и вели дека коработ не тоне, дека тоа само им се причинува на кратковидните незнајковци, кои се кратко време на коработ.

Тој патува co коработ уште од почетокот, превезувајќи патници. Патниците се менуваат,

но тој е скриен и управува co коработ.

Тој знае од каде коработ тргнал и каде треба да пристигне. Тој го знае патот и не се плаши од морето.

Тој капетан е Господ Исус Христос.

Благонаклоно, но одлучно слегува на брановите и им ја подава раката на оние што се дават.

И тие кои немаат ништо во своите раце и co голи раце пливаат, најнапред се одзиваат и се фаќаат за Неговата спасителна рака. Ho тие што ги преполнија своите чамци, најтешко му се одзиваат, оти се плашат, ако го напуштат својот чамец и co голи раце пo брановите ќе појдат кон Hero, дека ќе се потопат и тие и Тој.

Тие во Hero не веруваат; повеќе се надеваат во својот чамец. Посматрајќи ги овие и читајќи ја нивната жалосна душа и уште пожалосната вера во мртвите предмети, Господ Исус Христос се свртува кон спасените и им вели:

„Вистина, ви велам, богат мачно ќе влезе во царството небесно.”

Господ вакви настани многу пати посматрал и на нив укажувал и од нив изведувал поука за луѓето. …

Преземено од книгата “Омилии”

НЕДЕЛА ДВАНАЕСЕТТА ПО ДУХОВДЕН

Евангелие за товарот на богатството
Матеј 19, 16-26; Зач. 79)

Source: https://pokajanie.mk/2022/02/09/33914/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
5 months ago

Остави го негодувањето, направи нов почеток

Елефтериос Елефтеријадис, психолог Ништо не го уништува човекот толку, колку мизерноста. Негодувањето. Постојаното жалење. Лице намуртено и едно чувство на незадоволство од вечер до утро. Не може човекот така да оди напред. Не може да се заљуби. Да се бори. Да твори. Да живее. Не може болен човек да...

Image Description
2 months ago

Писмо до жена која ја исмеваат што оди во црква

 Писмо до жена која ја исмеваат што оди во цркваОдговорете на подбивањата со насмевка. Нивниот презир доаѓа од злобно срце, нека вашата насмевка е без злоба.Исмејувањето доликува на незнаење, додека знаењето доликува на насмевката. Со својот потсмев тие ја зголемуваат честа на вашата молитва пред ве...

Image Description
3 months ago

Дете мое, секогаш сети се на Господа Исуса Христа за да го најдеш вистинскиот лек за која било болест.

 Дете мое, секогаш сети се на Господа  Исуса Христа за да го најдеш вистинскиот лек за која било болест. Дете мое, секогаш сети се на Господа  Исуса Христа за да го најдеш вистинскиот лек за која било болест. Дали си повреден? Повикувајќи се на Господа Исуса Христа ќе најдете олеснување и просветлув...