Дај ми деца или ќе умрам!

Example Admin User · 10 months ago

    4 minutes, 13 seconds


ШТО ДА СЕ ПРАВИ АКО БОГ НЕ ДАВА ДЕЦА? 

Свештеник Валериј Духањин:

Постојат тајни на Божјата грижа за луѓето и тие се несознајни. Кога Рахил, жената на патријархот Јаков која немала потомство, го прекорила сопругот:

„Дај ми деца или ќе умрам“.

Јаков одговорил: „Зар сум јас, а не Бог, тој кој не ти дава пород?“ (1 Мој. 30, 1-2).

Детето е дар Божји. А ако Господ не дава деца, тоа значи дека за тоа постои Негова Промисла која треба да се прифати, а не да паѓаме во очајание или да мислиме дека животот завршил.

На тоа свртувал внимание и преподобен Пајсиј Светогорец. Тој знаел примери кога некои се обидувале да стекнат деца или со вештачко оплодување или со посвојување на туѓи деца, но подоцна самите се увериле дека Бог не им дава деца затоа што се грижел за нивно добро.

Важно е да не го губиме разумот, да не трчаме панично по било какви средства за да добиеме дете по секоја цена, туку е важно да се потрудиме да ја наслушнуваме Божјата промисла.

Ако Господ не дава деца, пред сè треба На Него да Му се обратиме.

Честопати луѓето добивале деца по усрдните молитви, пост и милостина. Господ ги испитува родителите дали се подготвени да примаат дете токму како Божји дар, а не како производ на најновите медицински технологии.

Секако, во оваа тема има многу нијанси. Понекогаш, бездетноста е резултат на гревовите на родителите од младоста.

Една од статистиките вели дека меѓу русинките кои не можат да зачнат деца, 70% пострадале поради абортуси.

На раѓањето деца исто така погубно влијаат некои форми на контрацепција. Во тие случаи човек самиот себе се лишил од можноста да раѓа деца.

И го добиваме следниот апсурд – прво човек прави сè што е можно за да нема деца, а потоа е подготвен да прибегне кон било што, на пример, кон сурогатно мајчинство, само за да добие дете.

На овие луѓе, пред сè, им е потребно покајание, тие треба да ги отстранат од себе сите гревовни причини за неплодноста, а понатаму како Господ ќе даде.

Се случува и друга ситуација: сопружниците се трудат да живеат по заповедите Божји, но поради здравствени причини не можат да зачнат. Во тие ситуации, секако, треба да се лечат, треба да се испробат сите можни природни средства, но конечниот резултат треба да се препушти на Бога.

Во принцип, секој случај е индивидуален. Врз основа на неголемата пастирска пракса, можам да кажам дека духовникот често гледа дека на некој конкретен човек му е покорисно да биде сам отколку да има дете, а за друг би било подобро да има деца и потполно да се раствори во пожртвувана љубов кон нив.

Некој никако не смее да земе дете од дом за деца, зашто му недостигаат трпение и елементарна нежност и љубов.

А за некој пак, посвоеното станува до таа мера како родено, така што таквото семејство го осенува благослов Божји и во него царува домашна атмосфера.

Дури сум видел ситуации, кога жени што немале семејство земале деца од детски дом и тоа не едно, туку две – брат и сестра и овие жени станувале прекрасни мајки.

Секако, отсуството на татко се одразува, но овие деца имаат барем мајка, а тоа е веќе радост и среќа.

Ќе ви раскажам случај на една моја познаничка. Се вика Евгенија. Се омажила на 25 години и пет години немале дете. Се обраќала на лекари, одела во центар за планирање на семејство кој бил буквално исполнет со жени кои страдале од неплодност.

Евгенија видела дека поставувањето на дијагноза и лекувањето обично многу чинат, а на крајот нема успех и тогаш лекарите предлагаат вонтелесно оплодување (ин витро).

Запознавајќи се со методиката на вонтелесно оплодување, сфатила дека не може кон тоа да прибегне, во себе протестирала против тоа, иако сè уште не била воцрковена.

Се работи за тоа што вонтелесното оплодување претставува груба манипулација со човечкиот живот: се подготвуваат ембриони, се конзервираат, а вишокот едноставно се уништува, односно се случува исто што и за време на абортусот.

Евгенија дознала дека има случаи кога по долготрајна неплодност, луѓе на чудесен начин добиваат исцелување во храмот. Така дошла до заклучок дека децата ги дава само Бог.

Преку својата неплодност Евгенија станала верничка и нејзиниот маж се крстил. Се исповедувала и се причестувала. Читала покајнички канони и молитви за деца.

Еднаш слушнала за Боровскиот манастир во кој постои крстилница и многумина зборувале дека ако човек таму се искапи, неговата болест поминува.

Кога таа и нејзиниот маж отишле на поклонение таму и се искапиле, по две седмици веќе имала позитивен тест на бременост. А пред тоа пет години не можела да забремени!

А после светиот извор сонила сон: како носи корпа со дете; прашува: „Како се викаш?“ – а тоа одговара: „Данило“. А на прегледите со ехо лекарот рекол дека ќе роди ќерка.

Но, се родило момче и му дале име Данило.

Кога Данило веќе одел во градинка, на мајка му ѝ станало лошо и почнала да крвари. Се испоставило дека била бремена, но имала спонтан абортус. Лекарите ѝ зборувале за комликациите и дека треба да се оперира, ѝ зборувале дека сигурно веќе нема да има деца, единствено со помош на вонтелесно оплодување.

Евгенија отишла кај духовникот, тој се помолил и ѝ кажал:

„Мислам дека не треба да се оперираш, ти давам благослов за ќерка.“

Точно еден месец подоцна забременила – лекарите биле шокирани. Навистина се родила ќерка и ѝ дале име Анастасија. Самата Евгенија била сигурна дека децата се од Бога, а тоа значи дека пред сè треба обраќање кон Бога.

Воопшто, секое дело е навистина добро дури тогаш, кога е согласно со волјата Божја. А волјата Божја не се открива толку бргу како што ние сакаме.

Ако брачните сопружници усрдно се обратат кон Бога во своите молитви, ако ги усогласуваат своите желби со духовникот, волјата Божја сепак ќе им се открие и тогаш ќе биде јасно што всушност им одговара на нив: дали да очекуваат чудесна благодатна помош, дали да се лечат или сепак да примат во семејството дете од дом за деца.

Не смееме да се раководиме само со емоциите, потребни се внимателност и расудување.

(Извадок од Троичник бр. 46)

Source: https://pokajanie.mk/2023/01/29/shto-da-se-pravi-ako-bog-ne-dava-detsa-2/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

Авва Евагриј 8, 5-8

Ако сакаш да бидеш познат од Бога, тогаш прави сѐ за да им бидеш што помалку познат на луѓето. Ако секогаш имаш на ум: дека Бог секогаш гледа сѐ што правиш, со душата или со телото, тогаш нема да погрешиш во ништо и Бог секогаш ќе живее со тебе. Човекот со ништо толку не се уподобува на Бога како...

Image Description
3 years ago

Блажена матушка Алипија Голосеевска

Блажена матушка Алипија Голосеевска    Блажената Алипија се родила отприлика во 1910 – та година во Пензенската област во благочестивото семејство на Тихон и Васа Авдееви. Блажената старица раскажувала, дека татко ú бил строг, а мајка и многу добра, голема трудбеничка и многу уредна....

Image Description
6 months ago

Како сефалната Ефимија му се јавила на старец Пајсиј

  Поуки - совети               Еднаш, еден од монасите – духовно чедо на старец Пајсиј – дошол во каливата на Чесниот Крст. Старецот се наоѓал во дворот на каливата и непрестајно, од сесрце повторувал: „Слава Тебе, Боже“. Тој ги повторувал тие зборови повторно и повторно, и обраќајќи се кон мон...