На едно предавање во Универзитетскиот амфитеатар, архиепископот на Тирана г. Анастасиос Јанулатос ја кажа следнава приказна: Еднаш една жена забремени во подоцнежна возраст и лекарите ѝ велеа дека треба да ја прекине бременоста, затоа што детето ќе се роди со пречки во развојот. Таа не ги послуша, туку продолжи да се моли! И се случи чудото, детето со пречки во развој го гледате пред вас – Анастасиос Јанулатос, архиепископ на Тирана. Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев
Source: https://crkvaveles.wordpress.com/2020/11/17/%d0%b4%d0%b5%d1%82%d0%b5-%d1%81%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%87%d0%ba%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%b2%d0%be%d1%98%d0%be%d1%82/