Дојди додека си млад

Example User · 4 years ago

    5 minutes, 4 seconds


TVITER84


    Пред извесно време на интернет страните се вртеше едно видео, во кое еден босански лекар, на хумористичен начин, ја опиша навиката на нашите луѓе да одложуваат сѐ за во последен момент. Тој вели: „Ми доаѓаат луѓе три дена пред смртта и ме прашуваат, што да правам. А јас им велам: па посипувај се со земја и навикнувај се на смртта“. Изјавата беше смешна, но сепак реално ја опишува состојбата на народот. Истиот дух владее во сѐ, па и во однос на верата и Црквата. Чекаме последен момент, па да ни текне на Господ. Кога гледаме дека во храмот преовладуваат стари луѓе, тоа не е за радување. Некој ќе рече: Па добро, ете луѓето дошле во единаесеттиот час, како што се вели и во Евангелието и ќе добијат иста награда како и оние кои дошле порано, во првиот час (младоста). Но замислете ова правило да го користат хирурзите или пожарникарите, и да речат, „ајде, има време, ќе помогнеме подоцна“. Кој би се спасил тогаш? Доаѓањето во црква на стари години, кога ќе отидеме во пензија, кога ќе ја изгубиме животната сила, кога ќе ги изгубиме сетилата – е веќе задоцнета реакција. Каква полза ќе имаат тие луѓе во црквата, кога ни слушаат, ни гледаат, веќе рацете им се тресат, не можат да памтат, не можат да читаат. Кога купуваме свеќи, сите сакаме да добиеме чиста, нова, исправена свеќа, а не полуизгорена, свиткана и догорена. Така треба да светиме и ние, кога доаѓаме пред Господ во храмот.

Зошто младите не доаѓаат во црква? Зошто црквата не е привлечна?

Читав на оваа тема повеќе размислувања, и според мислењето на современите отци на Црквата, оние кои од својата младост му се посветија на Бога, сите едногласно велат дека, најголем непријател на верата кај младите се токму нивните родители! „И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни“ (Мат. 10, 36). Родителите и кога имаат мали дечиња и кога се родители на веќе возрасни личности, постојано им го попречуваат патот кон Христос. Да се потсетиме само каков беше патот на многу млади луѓе кои посакаа да станат монаси и монахињи, колку непријатности и скандали доживеаја од своите родители! Колку деца не посетуваат веронаука поради своите родители! Колку деца се лишени од благодатта на Светата Причест, од молитвите и благословот на Црквата, а наместо тоа, од своите родители се носени кај безбројните демонизирани бајачи и гатачи? Им купуваат безброј додатоци во исхраната, за да имаат силен имунитет, а каков духовен имунитет им даваат на тие детски души, кога ниту еднаш не биле причестени (или само еднаш, после Крштевањето)? Колку родители хулат во своите домови, колку од нив кажуваат навреди и пцовки за свештениците, за верата, за Црквата? И што да очекуваме од тие деца, така (не)воспитани?

Но, очигледно не сме свесни дека со Бог не можеме да бидеме на дистанца, да бидеме рамнодушни кон Него и да мислиме дека тоа е доволно за нас. Два-три пати во годината ќе отидеме во Црква, ќе запалиме по некоја свеќа, ќе кренеме панагија за славата, и толку, завршуваат сите обврски кон Бог. Не го задеваме, нека не нѐ задева. Како што не можеме да живееме без сонцето, така не можеме ни без Бог. Едно растение да го ставите во подрум без сончева светлина, ќе се исуши. Бог е извор на животот, на радоста, на здравјето и нормалноста, и колку повеќе се оддалечуваме од Него, толку подалеку ќе биде од нас и животот, и здравјето, и радоста и нормалноста. Но, овие прашања се решаваат во младоста. Кога сме млади имаме животна сила, ревност за подвизи, за промена, за искреност и љубов. Тогаш трагаме по смислата на нашето постоење и ако не ја најдеме на вистинско место, тогаш ќе залутаме. Ако не Го побараме Бога и не Го најдеме во младоста, тогаш неговото место ќе го заземе некој друг идол: парите, славата, раскошот, суетата, позицијата итн. Но тие лажни богови даваат само привремена наслада, а ни оставаат горчлива празнина во срцето, кое е резервирано да биде престол Божји.

Во младоста имаме и силни желби, силни страсти кои нѐ влечат назад, ни го попречуваат патот кон Бога. И оние кои имаат некаква мала желба да дојдат во црква, најчесто се плашат, мислат дека црквата ќе ги ограничи, ќе им ја одземе слободата и радоста во животот, односно ќе им ги забрани слатките гревови. Искуството на Црквата покажува дека гревот е сладок додека го вршиме, ама потоа долго ќе ја чувствуваме и неговата горчина. Црквата не се состои од забрани, од бесмислени лишувања, туку преку заповедите Божји ни кажува како да бидеме здрави и нормални, како да бидеме среќни, слободни од секоја приврзаност, како да љубиме и да примаме љубов, како да го најдеме патот што води кон Бога. Подобро е да доаѓаме во црква и со многу гревови, отколку да останеме надвор од неа „со малку гревови“. Кога доаѓаме во Црква на Литургија, таму се присутни и членовите на небесната Црква, ангелите, светителите, мачениците, Претечата, Пресвета Богородица и Самиот Бог. Тука е благодатта која ни ја дава Бог за да го почувствуваме Негово присуство и грижа за нас, и токму таа благодат ќе ни помогне да се избориме со нашите гревови и страсти, ќе ни помогне да се покаеме и да ги оставиме гревовите, па да почнеме нов и здрав живот, живот кој продолжува во вечноста.

Голема бариера во црквата сме и ние, самите свештенослужители, кога немаме срдечност, кога повеќе покажуваме двоен и лажен морал, отколку духовен живот. Кога во црквата се создава осудувачки дух, кога верниците помеѓу себе се оговараат, се осудуваат, кога свештеникот ги суди оние кои доаѓаат со многу гревови, кога во црквата владее моралистичко и стерилно студенило, кога не ѝ даваме простор на благодатта да дејствува поради нашето осудување – тогаш црквата ја губи својата привлечност. Но затоа и постојат повеќе храмови, повеќе манастири, па ако на едно место не ни било добро, да отидеме во друго, кај друг духовник. Слава на Бога, Црквата ни во најмрачните периоди Бог не ја оставил без здрави пастири и духовници, а колку повеќе ги има сега. Наша обврска е да ги побараме.

Дојди додека си млад и здрав. Не чекај рак, тумор, леукемија, бездетност, развод и други несреќи за да го побараш Господ. Не чекај твоите деца да пораснат без Господ, па кога ќе почнат да ти ги виткаат рацете, да ти ги кршат прстите за да им дадеш пари, па тогаш да се сетиш на Господ. Дојди додека си млад, слободно и без принуда, од љубов. Во Црквата ќе научиш како да бидеш другар, како да градиш врска, како до нормален брак, како да го одржиш бракот, како да ги воспиташ децата, како да се справиш со сите неволји и тешкотии, како да доживееш добра старост, без тага и очај. Животот е секако тежок и за христијаните, но за оние кои се далеку од Бог и Црквата, животот е неподнослив.

Изборот е пред нас. Или ќе избереме уште во младоста да Го најдеме Господ и да го живееме животот во сета негова полнота и убавина благодарејќи Му на Бога, или ќе стоиме далеку од Бог со сите последици кои произлегуваат од таа одлука, и „ќе се посипуваме со земја, за да се навикнеме“. Да покажеме храброст и да се видиме во недела на Литургија, сите заедно во црква.

Свештеник Јани Мулев

 

https://crkvaveles.wordpress.com/2019/09/28/dojdi-mlad/?fbclid=IwAR0QxSvdjY--sgAEGTpeZLKH2Eo98hTKT-qU5s7MuF1EypNPxPP5bQYjcBc

 

 

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/odgovori-na-sovremeni-problemi/24295-dojdi-dodeka-si-mlad

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
10 months ago

Старец Георгиј Капсанис :Зошто многу луѓе не успеваат на патот кон обожението?

      Зошто многу луѓе не успеваат на патот кон обожението? Иако, како луѓе, сите сме го примиле повикот за таа возвишена цел – да се соединиме со Бога, да станеме богови по благодат и да уживаме во големото блаженство за кое и нѐ создал нашиот Творец, ние често живееме како таа голема и н...

Image Description
10 months ago

Се бореше со луѓето а се радуваше со ангелите ╫ Св. Јован Златоуст за Свети Стефан

Да ја овенчаме пофалбата на Стефан со цвеќиња и да го опсипиме со рози и пофални песни. Самиот тој веќе се круниса со победничката награда на верата. Иако е напишано: И не плашете се од оние што го убиваат телото... (Мт. 10,28), приврзаноста кон телото тешко се надминува.

Image Description
3 years ago

Писма на валаамскиот старец (9)

  29.  1947 г. Го добив твоето писменце и ти одговарам; само моите совети примај ги не како наредба или закон, туку како обичен совет. Можеш и да не ги прифатиш, ако оцениш дека не се сложуваат со Светото писмо и со поуките на св. отци. Не возбудувај се, не стреми се предвреме кон возвишенот...