Духовденска задушница- сабота пред Педесетница

Example Super-Admin User · 1 month ago

    1 minute, 27 seconds


 Духовденска задушница- сабота пред Педесетница

Спомнувањето на сите починати благочестиви христијани во саботата пред Педесетница е востановено затоа што со собитието на слегувањето на Светиот Дух се завршило домостроителството на спасението на човекот, а во тоа спасение учествуваат и упокоените. Затоа, Црквата која на Педесетница упатува молитви за оживотворување со Светиот Дух на сите живи, на самиот ден на празникот, ја проси и за упокоените благодатта на сесветиот и сеосветуваштиот Дух-Утешител, којашто тие уште во својот живот се уподобиле да ја имаат за извор на блаженства, бидејќи преку Светиот Дух „живее секоја душа“. Затоа, навечерието на празникот, во саботата, Црквата го посветува за спомнување на починатите и за молитва кон нив. Свети Василиј Велики, којшто ги составил умилителните молитви на вечерната на Педесетница, во нив говори дека Господ најмногу во тој ден благоволи да прима молења за умрените, дури и за оние коишто се „држени во адот“.


Молитва за упокоени христијани 



Спомни си, Господи, Боже наш за претставениот/ната со вера и надеж во живот вечен, наш/ата брат/сестра и слуга/инка Твој/а (Име), и како добар и човекољубив, Кој гревовите ги отпуштуваш и неправдите ги уништуваш- ослободи,отпушти и прости му/и ги сите волни и неволни прегрешенија; од вечните маки и огнот пеколен избави го/ја ,и дарувај му/и учество и наслада во Твоите вечни блага, приготвени за оние коишто Те љубат: и ако нешто Ти згрешил/а, но не отстапил од Тебе и несомнено верувал/а во Отецот и Синот и Светиот Дух-Бог во Троица славен; Еден во Троица и Троица во Еден, се до последното свое издишување православно исповедал, затоа, смилостиви се кон него/неа, верата место дела прими му ја, и заедно со светиите Твои, како Милостив упокој го/ја, зашто нема човек кој поживеал, а да не згрешил, единиствен си Ти без грев, и Твојата правда е вечна правда, и Ти единствен си Бог на милоста , на добрините и човекољубието, и Тебе слава Ти вознесуваме, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вековите на вековите. 

Амин

Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2024/06/blog-post_22.html

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
1 month ago

Отвори ја устата и кажи што сакаш...

Отвори ја устата и кажи што сакаш...Отвори ја устата и кажи што сакаш...Нема да зажалиш.Колку е убаво да можеш да кажеш „не“.Колку е убаво да можеш да кажеш „не сакам“. Неможам''.Колку е убаво да можеш да кажеш: „Треба да бидам сам некое време“.Многу проблеми започнуваат со тоа што не ја отвораме ус...

Image Description
1 month ago

„Сите тргнаа по лош пат... (Пс. 52:4)“

 „Сите тргнаа по лош пат... (Пс. 52:4)“„За жал, денешната генерација е злобна и изопачена, грешна и горда, чии деца, меѓу кои и јас, последниот од сите и најгрешниот од сите, скршија и станаа изопачени. Го бркаме смирението, го бркаме Бога, Кого со усни го славиме , но нашето срце е далеку од Него.З...

Image Description
4 weeks ago

Литургија на словото (2 дел)

По завршување на песната „Свети Боже…“ следи читањето на библиските текстови. Во современата практика се читаат делови само од Новиот Завет (посланија на апостолите, Дела на апостолите и Евангелие). Во постаро време, се читале прво старозаветни, а потоа новозаветни текстови. Пред и по читање на Е...