Џејмс Клерк Максвел – Научен гениј и посветен христијанин

Example User · 10 months ago

    1 minutes, 51 seconds


Џејмс Клерк Максвел

Џејмс Клерк Максвел Роден е на 13 јуни, 1831 г. во Единбург, Шкотска, како единствено дете на своите родители. Почетното образование го добил од мајка му, која била голема христијанка. И самата се фасцинирала кога Џејмс на 7 години го научил напамет најдолгиот псалм од Библијата, псалмот 119, кои има 176 стихови! За жал, мајка му починала веќе следната година.

Подоцна студирал на универзитетите во Единбург и на Кембриџ. На 16 години имал објавено три научни трудови со многу математика во нив. Го претскажал составот на Јупитеровите прстени, а тоа било
потврдено по 100 години преку вселенскиот брод Војаџер. Неговите откритија довеле до конструкцијата на радиото, телевизијата, радарите и сателитите. Се смета дека Максвел е рамо до рамо со Њутн и Ајнштан.
Максвел силно се противел на дарвиновата теорија за еволуција. Презентирал еден труд во кој вели:

    Никаква теорија на еволуција не може да се формулира за да се објасни истоветноста на молекулите на една иста материја, зашто еволуцијата подразбира континуирани промени…

Успешно ја побил и „Небуларната хипотеза“ на францускиот атеист Лапласт, математички докажувајќи ги грешките во оваа хипотеза. Така била отфрлена хипотезата на Лапласт.

Максвел умрел од рак, на 48-годишна возраст, без деца, иако имал среќен брак со Катерина Дјуар. Бил и ревносен христијанин. Учествувал во изградбата на една христијанска црква во која потоа и самиот бил старешина (ѓакон).

Ги посетувал болните, им читал од Библијата и се молел за нив. Кога неговата жена останала инвалид, ја гледал со многу посветеност. Никогаш не се жалел, дури ни кога дознал дека боледува од смртоносен рак.
Во една од молитвите запишани во неговиот нотес, тој вели :

    Семоќен Боже, Кој си го создал човекот според Твојот образ, и си го направил жива душа, за да Те спознава и да управува со Твоите творби; научи не да ги изучуваме делата на Твоите раце, за да ја потчиниме земјата во наша полза, да си го изостриме умот во Твоја служба; да го примиме Твоето благословено Слово, за да поверуваме во Оној што Ти го испрати за да не запознае со спасението и простувањето на нашите гревови. За сето ова Те молиме во името на истиот Исус Христос, нашиот Господ.

А на неговиот погреб, еден од неговите колеги го рекол следново:

„Ние, неговите колеги на колеџот, во него видовме умствена моќ, голем капацитет и оригиналност, сплотени со длабока понизност што тој ја искажуваше пред Бога, почитта спрема Божјата волја и верата во љубовта и искупувањето преку божествениот Спасител, Кој му беше утеха во тешкотиите и болестите.“

 

Извор

: Бигорски манастир

Source: https://preminportal.com.mk/nauka-kultura/nauka-i-religija/20614-djejms-klerk-maksvel-nauchen-genij-i-posveten-hristijanin

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

Заедница на личности

a.Бездната ја повикува бездната Разликата меѓу суштината и енергијата во Бога ни дава можност да се упатиме во онтолошките размери на верата кои се откриваат во заедницата на љубовта со Бога. Патот на взаемната љубов е единствен и соборностен пат на богопознанието, кој ни е отворен со Божја иницијат...

Image Description
10 months ago

За вистинската љубов, слободата и вечниот живот (Опширни коментари Тетратките на Достоевски-1863-1864)

На 16 април 1863 година, Достоевски остави забелешки по повод смртта на својата прва жена, Марија Димитриевна Достоевски, која, ден претходно починала од туберкулоза. Во таа забелешка тој го пишува следното: „Маша лежи положена на маса. Дали би се виделе некогаш повторно?“ Во продолжението Достоевск...

Image Description
10 months ago

Молитвата е најсилен облик на енергија која може човекот да ја покаже

„Молитвата е најсилен облик на енергија која може човекот да ја покаже. Таа е исто така реална сила како и земјината тежа. Како лекар имав можност да набљудувам пациенти на кои не им помагаше никаква терапија. Тие успеваа да се излечат од својата болест и од потиштеноста само благодарејќи на с...