EPEC- грев на умот, грев на духот! (Свети Игнатиј Брјанчанинов)

Example Admin User · 2 years ago

    5 minutes, 47 seconds


EPEC

• Epec e лажно учење за христијанството. …Христијанството e – учење Божјо, Откровение Божјо.

Како познание кое Бог им го подарил на луѓето, тоа треба да биде примено и чувано co најголема побожност и покорност, како што ѝ доликуваат на таа светиња.

Тоа може да биде примено и чувано само co смирена вера, бидејќи потполно го надвишува човековиот разум.

Тоа е таа духовна таинствена книга (Откр. 22, 18-19), книга на Божјото познание, која ја напишал и ја објавил Самиот Бог, на која ништо не може да ѝ се додаде и од која ништо не може да се изостави.

Оттука е јасно колку тежок грев е ереста.

Таа е негодување и побуна на созданието против Создателот, побуна и негодување на најништожното и најограниченото битие – човекот, против сесовршениот Бог.

Таа е – страшно е да се каже – суд на човекот над Бог и пресуда на Бога од страна на човекот.

Таа е грев на умот, грев на духот. Таа е хула на Бог, непријателство против Бог.

Таа е плод на гордоста, причината за падот на паднатите ангели.

И последиците на падот во ерес се многу слични co последиците на падот на отфрлените духови; ереста го помрачува умот, го разгневува срцето, го разлева својот отров по целото тело, ја води душата во вечна смрт.

Таа не е способна за смирение. Таа го прави човекот потполно туѓ на Бога. Таа е смртен грев. Како плод на гордоста, ереста во железни синџири го држи
својот заробеник и ретки се оние на кои им поаѓа од рака да се истргнат од неа. На еретиците им е својствена упорноста во ереста.

Први еретици биле христијаните меѓу Јудејците, кои надворешно поверувале во Христа, но и понатаму сакале да го држат обредниот и граѓански Мојсеев закон во негова буквална смисла.

…Друг извор на ерес станала незнабожечката философија и воопшто човечката ученост.

…Светото Писмо кое телесните и душевни луѓе го изучувале на зборови (надворешно), им послужило да ја изумат ереста, да се погубат и себеси и другите.

Свети апостол Петар за посланијата на свети апостол Павле рекол дека „неучените и неутврдените ги изопачуваат, како и другите Писма, за своја погибел” (2. Петр. 3, 16).

Овде многу прецизно е употребен зборот „изопачуваат”, бидејќи телесниот и душевен човек, не сфаќајќи ја духовната смисла на Светото Писмо, му припишува смисла според свое мислење.

Поинаку и не може да биде: бидејќи на душевниот човек му е потребно да добие било какво знаење кога го чита или изучува Божественото писмо, а не е во состојба да го сфати онака како што треба; значи тој нужно го усвојува поимот онака како што ќе му се чини дека е добро.

Потеклото на Светото Писмо, како и начинот на неговото сфаќање и толкување, сосема јасно ги претставиле апостолите Петар и Павле.

Свети апостол Петар вели:

„Знајте го прво тоа дека ниедно пророштво од Писмото не е сопствено кажување на пророкот.

Оти никогаш според човечката волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале просветувани од Светиот Дух” (2. Пет. 1, 20-21).

Тоа значи: како што Словото Божјо, или Светото Писмо било произнесено co посредство на Светиот Дух, така само co посредство на Светиот Дух може да биде и објаснето, и сходно на тоа, сфатено.

Свети апостол Павле вели:

„Кој човек знае, што има во човекот, освен човечкиот дух, кој живее во него? Па така и Божјото не го знае никој, освен Божјиот Дух. Но ние не го примивме духот од овој свет, туку Духот, Кој иде од Бога, за да го знаеме она, што ни е дарувано од Бога; па тоа и го проповедаме не co зборови, научени од човечка мудрост, туку научени од Светиот Дух, толкувајќи го она што е духовно на духовни луѓе” (1. Кор. 2,11-13).

…Душевната и телесна состојба претставуваат последица на нашиот пад; тоа е состојба на бунт против Бога и непријателство кон Hero.

Заради неспособноста на душевниот човек правилно да го сфати духовното, светата Црква им забранува на своите чеда самоволно да го толкуваат Светото Писмо, туку им заповеда строго да го почитуваат толкувањето што го дале Светите Отци.

…Ереста е – грев на умот. Суштина на тој грев е богохулење.

Будејќи го токму гревот на умот, ереста не само што го помрачува умот, туку и на срцето пренесува еден посебен гнев, убивајќи го co вечна смрт. Co тој грев човекот најмногу станува сличен на паднатите духови, чиј главен грев е спротивставувањето и хулењето на Бог.

Карактеристично обележје на паднатите духови е – гордоста;

и на еретиците карактеристично обележје им е гордоста, која најочигледно се пројавува преку презир и осудување на сите кои не припаѓаат на нивната секта и лута омраза кон нив.

Но, главната пројава на гордост кај еретиците и расколниците се состои во тоа што, тие, отфрлајќи го Богопознанието и Богослужението кое го открил и го предал Брг, се потчиниле на самоволно, богохулно и богопротивно учење.

Ѓаволот не се труди оној којшто е заразен co ерес и раскол да го искушува co други очигледни страсти и гревови.

А и зошто би го искушувал оној, кој по пат на смртниот грев веќе е убиен co вечна смрт и уште жив претставува негов, удел на ѓаволот?

Напротив, ѓаволот го поддржува еретикот и расколникот во воздржување и други надворешни подвизи и облици па добри дела и доблести, одржувајќи го co тоа во состојба на задоволство со самиот себе и во заблуда, додека православниот го привлекува кон ереста co личната светост која еретикот ja носи на себе, или во крајна линија го наведува на оправдување и своевидно подражавање на ереста, како и на сомнеж во Православието и ладен однос кон него.

Оној кој има богатство е изложен на напади од разбојници, a кој нема ништо, разбојниците не го вознемируваат.

Ѓаволот жестоко го напаѓа оној кој има богатство на вистинска вера, трудејќи се на луѓето да им го покаже победен, токму како што се труди еретикот да го претстави како добродетелен и достоен за почит.

Co такво тешко сфатливо лукавство злобниот дух дејствува во корист на ереста, а на штета на вистинското христијанство. На несреќа, таа
измама лесно му поаѓа од рака!

Илјадници луѓе лови тој co неа и ги носи во смрт.

Многумина воделе најстрог подвижнички живот, живеејќи во ерес или во раскол: кога пак, го примиле Православието, биле подложени на разни слабости.

До каков заклучок треба да доведе тоа?

До тоа, дека во првата состојба ѓаволот не војувал против нив, сметајќи ги за свои, додека во втората состојба, тој пошол во сурова војна против оние кои јавно објавиле и исповедале дека му се непријатели.

Светото Писмо лукавиот дух не го нарекува само непријател, туку и мачител (Псал. 8, 3).

Тој не само што непријателски е расположен кон човекот, туку, бидејќи е заразен co лута завист кон него, не може рамнодушно да гледа како човекот прави добродетели и My благоугодува на Бог, па му се осветува на човекот за неговите богоугодни дела, наведувајќи на него безброј искушенија, како надворешни – од злите духови, така и внатрешни – поттикнувајќи во човекот различни страсти.

Чудно е влијанието кое расколот и ереста го имаат и на човечкото тело!

Озлобеноста на духот се пренесува и на телото. Тоа за време на животот не можат сите да го забележат, но по смртта, телото на еретикот и на расколникот, за миг се скаменува и почнува да испушта неиздржлива смрдеа.

Ова им се случува особено на оние, кои живееле најстрог подвижнички живот и биле значајни учители на својата секта, на оние кои заслужиле сеопшто уважување од заслепениот свет – токму тие по смртта испуштаат најужасна смрдеа;

од нивните испиени тела се отвораат потоци на смрдлив гној; тешко е да се изврши нивниот погреб и да се присуствува на него.

На нивните гробови демоните се присутни и се јавуваат во различни облици или за да плашат или да заведуваат.

Ha еретикот не му е лесно да се покае и да ја познае Вистината.

Покајанието и вистинското Богопознание подостапни им се на прељубниците и на криминалците, отколку на еретикот и на расколникот, особено ако тој е учен човек и подвижник.

И едното и Другото го докажале јавните грешници и учените секташи современи на Христа, кои се спомнуваат во Евангелието: грешниците го примиле и Господа и Неговиот Претеча, додека книжниците, фарисеите и садукеите ги отфрлиле и Исуса и Јована.

Пренесено од книгата “Енциклопедија на православниот духовен живот” од Свети Инатиј Брјанчанинов

Source: https://pokajanie.mk/2022/02/21/34087/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

КОГА ГИ НАХРАНУВАМЕ ГЛАДНИТЕ, ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС ГО ‘ХРАНИМЕ“…- Преподобен Симеон, Нов Богослов

КОГА ГИ НАХРАНУВАМЕ ГЛАДНИТЕ, ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС ГО ‘ХРАНИМЕ“…- Преподобен Симеон, Нов Богослов Не нѐ спасува тоа што еднаш на некого ќе му направиме милост, макар што, ако некогаш некого презреме – сме виновни и достојни за вечниот пламен. Спасителот говори во Светото евангелие: „Гладен бев… жеден...

Image Description
3 years ago

Значењето на бројаницата

Молитвата кажана со помош на бројаница е еден од најстарите начини на молитва, што посебно го негуваат православните монаси, но и мирјани. Бројаниците имаат свое значење. Обично тие се прават во црна боја, а со тоа не потсетуваат на сериозен живот во постојано покајание за...

Image Description
3 years ago

Трол во пеколот

(анегдота) Редица во пеколот. Кај ѓаволот доаѓа еден маж. – Ајде, пофалете се, зошто сте овде? – прашува ѓаволот. – Поима немам. Практично, јас сум безгрешен! – Пиевте? – Само на празници. – Крадевте? – Не, па како е тоа можно? – Можеби… вршевте прељуба? – Генерално, јас...