Господ нè ослободува од бурата на помислите
Кога се чувствуваме оптоварени со тешки мисли, ако сме во состојба да му ги довериме мислите на истомисленик, тогаш и тоа е „исповед“.
Тогаш доаѓа Господ и нè утешува преку овој човек кој се согласува со нас.
Се подразбира дека Господ не утешува во секој момент, дури и кога сме сами, а покрај себе немаме добар христијанин. Но бидејќи многу пати сме збунети и не можеме да го разбереме присуството на Господ, добро е да имаме до нас добар христијанин кој мисли како нас. Господ е кроток и тивок, неговиот глас не е бучен, туку тивок и смирен, а ние, вознемирени, не можеме да го слушнеме.
Меѓутоа, во еден момент имаме една мисла, а во друг момент имаме друга мисла и така натаму. Затоа ретко го слушаме мирниот,тивкиот Божествен глас.
Ако тогаш се трудиме правејќи добри дела, се трудиме да бидеме добри, Господ нè посетува и нè ослободува од тиранијата на тешките мисли. Не ослободува од бурата на мислите. Тогаш ни доаѓаат тивки мисли... Тогаш јасно го слушаме гласот Господов и чувствуваме неопислива радост!
Старец Тадеј Витовнички
Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2024/08/e_21.html