Иконографијата на Воскресението во православниот светопис

Example User · 2 months ago

    4 minutes, 55 seconds


ИКОНОГРАФИЈАТА НА ВОСКРЕСЕНИЕТО ВО ПРАВОСЛАВНИОТ СВЕТОПИС

Воскресението Христово е најголемото чудо со коешто Господ го запечати своето дело на спасението, коешто дојде да го направи во светот. Нашата вера непоколебливо се потпира врз Воскресението: „Ако Христос не воскреснеше“, вели Апостол Павел, „тогаш нашата проповед е празна и вашата вера е лажна”. Претпостави си, значи, какви се тие христијани што веруваат во Христа, но не и во Неговото Воскресение!

Затоа, многу исправно, Христовото Воскресение е најзначајниот и најсветол празник на Православието и нашиот народ го нарекува Светол (Светла Седмица).

Овој, значи, светол празник којшто за нашиот народ е „празник над празниците и слава над славите“, нашата Црква, нашата Првородена Апостолска Црква го украси со сѐ највозвишено што, прекрасните химнографи и чудесните наши зографи, можеа да му принесат на Воскреснатиот Христос.

Православната агиографија е една од црковните техники на нашата Црква. И, бидејќи многумина од нас не знаеме добро што е оваа техника, ќе се обидам подолу да напишам, колку пократко можам, сé што ќе му помогне на читателот да добие една претстава за нашиот православен светопис.

Агиографијата, како и другите црковни техники нема за цел да ги задоволи само очите на оние коишто влегуваат во црквата, како што прави другата, светската уметност, но да ја подигне душата од материјалниот во духовниот свет. Трогнувањето што треба да му го дадат на верникот делата на црковната уметност се поинакви од трогнувањето коешто го чувствува кога гледа или слуша една светска слика или едно музичко дело на светската музика, или, една поезија. Ова посебно трогнување се нарекува умиление. Затоа и делата на црковната иконографија коишто го точат во душата ова умиление се

насликани на поинаков начин од сликите на светската уметност. Прво и основно, не се насликани на реалистичен начин, работа којашто ја бараат многу луѓе и за којашто сметаат дека е многу битна. Оваа неприродност не се должи на фактот дека светописците не знаат да сликаат на реалистичен начин, но на тоа што со природното сликарство не може да се изрази таинствената длабочина на православието, т.е. вероисповедањето на Христа.

Иконите што ги имаат живописано светописците на Истокот, именувани како византиски, изразуваат еден друг свет, и тоа се случува со таканареченото воздигнување. Воздигнувањето е издигнување на сѐ што е прикажано на една икона од сетилниот свет којшто го чувствуваме со сетилата, во духовниот свет којшто го чувствуваме со духовното сетило.

Техниката којашто слика со елементи од сетилниот свет т.е. од материјалниот, и која се обидува да ја подражава природата се нарекува репродукциона, а техниката на иконописот се нарекува литургиска. Репродукционата техника се нарекува репродукциона затоа што така ги репродуцира работите на природниот свет, како што денес се случува со кинематографот. На овој репродукционен начин се насликани делата на италијанската преродба коишто имат религиозна тема, но се насликани со начинот на светската уметност. А, делата на иконописот се насликани со друга техника којашто не изгледа природна (реалистична), и затоа им се чинат чудни и неуметнички на оние коишто бараат да најдат природност во секој вид на уметност.

Во византиските икони, значи во иконите на Православната Црква, светите икони се претставени во нетленост; додека, со природноста можат да се претстават само пропадливи работи, како што се овие коишто ги гледаме. Со благочестието и со верата, иако поаѓајќи од материјалноста, човекот може да слика некои духовни виденија коишто доаѓаат од светот на тајната на вероисповедањето.

Ова, накратко е разликата помеѓу светското сликарство и иконописот. Иконопис постои само во Православната Црква, зашто, како што рековме, во римокатолицизмот постои религиозно сликарство, т.е. светско сликарство, репродукционо коешто од религијата ја зема само темата што сака да ја наслика.

Светописните икони коишто го изобразуваат Воскресението Христово се насликани со литургиски начин на сликање којшто го нарекуваат византиски. Византиските иконописци не го сликаат Христа како излегува од гробот, како што прават западните сликари, но Христа Којшто слезе во Адот, Победителот на смртта Којшто го избави од тление човечкиот род. Затоа оваа икона го носи натписот „Слегување во Адот“.

Во средината е изобразен Христос со едно устремено движење, газејќи ги портите на Адот коишто се скршени од Неговата божествена енергија и коишто го притискаат Адот (односно смртта), којшто лежи во вериги со лицето напред, во една темна пештера. Господ со десната Своја рака го влече Адама од гробот, а со левата Ева, и ова го символизира воскресението од мртвите на целиот човечки род. Од десно и од лево стојат „од века мртвите“ во став на молитва, пророците Давид, Соломон, Исаиј, Илија и други, праведните Авел, Енох и други, како и светиот Јован Претеча којшто откако го проповедаше доаѓањето Христово на земјата, откако му ја отсекоа главата, слезе во Адот и им проповедаше и на „од века таму заспаните“ дека ќе слезе Христос, По бедителот на смртта, за да ги ослободи од проклетството на пропаста. Оваа икона го изобразува она што е напишано во секому познатиот тропар на Пасха, којшто го пеат и големи и мали.

„Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите живот им дарува“.

Сепак, во нашите цркви веќе не се гледа оваа икона на Воскресението, но италијанските слики за копирање коишто Го претставуваат Христа зацрвенето и русокосо (европеизирано) како излегува од гробот држејќи едно знаме! Тешко нас! Ги земаме овие италијански варваризми, затоа што отпаднавме од нашата духовност каде што нѐ вознесе Православието, и не сме веќе во состојба да ги чувствуваме големите и длабоки символи на уважениот наш иконопис, како и повеќето наши клирици.

За да се покаже единството коешто постои во службите на нашата Црква, и симфонијата во црковните техники, давам подолу неколку пасхални тропари од нашата химнографија, процветани од чудесниот и благоухан рај којшто го наследивме без да му се радуваме.

„Кога разбра Адот (долниот свет), Спасителу мој, дека Ти што седиш на тронот на славата, високо на небесата, слегуваш долу, во гробот се потресе гледајќи Те мртов. Зашто се покажа на несфатлив начин мртов, Ти којшто си извор на животот“.

„Адот кога Те пресретна се огорчи, гледајќи еден пропадлив човек да е Бог, и да е изрануван (полн со рани на рацете, нозете и ребрата) а истовремено Сесилен и од страшниот Твој лик се побрка“.

„Сега сé е исполнето со светлина, небесата и земјата и подземјето. Нека го прославува сета твар Воскресението Христово, со кое се утврди“.

„Слезе, Христе, во најдолните места на земјата и ги сруши вековните зандани коишто ги имаа заробено мртвите, и потоа тридневен како што Јона излезе од китот, така и Ти воскресна од мртвите“.

Фотиј Контоглу

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2024/11/21/%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%BE%D1%81%D0%BA%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF/

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 months ago

Психолошка етида монаха Валеријана

Психолошка етида монаха Валеријана Валеријанова дијалектика вере Упознали смо се са животом и радом монаха Валеријана и кроз тај живот и рад уколико смо се више упознавали са природом његове сумње у вредности које је усвајао, утолико смо више стицали поверење у његов коначан став, чији је...

Image Description
8 months ago

Богојавление и Богослужение

БОГОЈАВЛЕНИЕ И БОГОСЛУЖЕНИЕ Најлесно и најприродно човекот се согласува да му служи на оној, кого ќе го возљуби. Детето му служи на својот татко или од љубов, или заради некаква очекувана награда, или, пак, од страв. Истото се случува и во животот кај возрасниот човек. Но, прапричината на сек...

Image Description
4 years ago

Свети Симеон Нов Богослов: Целта на христијанскиот живот

СВЕТИ СИМЕОН НОВ БОГОСЛОВ: ЦЕЛТА НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ Човекот е создаден од Творецот заради вечниот живот, а неговиот земен живот е подготовка за него. Нашата најглавна задача е – да живееме богоугодно и преку Господа Исуса Христа во целост да добиеме блажен живот, кој бил загубен од првосоздаден...