Јеромонах Димитриј Першин: Времето на овој гнил свет

Example User · 3 years ago

    2 minutes, 32 seconds


 3.angeli.so.truba

Пештера на откровението, Патмос

Времето на овој осиромашен свет ќе помине кога, според зборовите на Спасителот, љубовта ќе осиромаши…

Никакви светски катаклизми и социјални немири, војни и епидемии не се дораснати пред претсмртната дијагноза: љубовта ќе осиромаши… Луѓето ќе се отуѓат, дури и од најблиските; ќе станат странци еден на друг. Братот ќе го предаде барата си, пријателот ќе го предаде својот пријател, власта – својот народ, народот – своите пратеници, секој секого, бидејќи љубовта ќе ја нема…

Луѓето ќе престанат да бидат луѓе, во сè ќе посакаат да ја видат единствено сопствената сенка; ќе бидат спремни да обвинат секого за сè; никому нема да му помагаат и никого нема да поштедат; нема да има сострадување и љубов. Ќе престанат да комуницираат, ќе се облечат во навреди и предавство, ќе прават планови за измами, ќе плетат бескрајни долги интриги, ќе сеат туѓа крв на туѓа земја, заборавајќи дека Земјата е една за сите и што ќе си посееш, тоа ќе си пожнееш.

Љубовта ќе осиромаши, а никој друг нема да биде виновен, освен самите ние, бидејќи љубовта е наша задача: наша, моја и твоја.

Не можеме да изнудуваме љубов. Љубов може само да се дава, да се споделува, да се разменува, да се чува, да се негува, да се предава во рацете на Божјата промисла. И на крај, само преку љубовта може да се живее, вдишувајќи ги со полни гради неземните ветрови на Божјото царство.

Но, ќе настапи време на загаден воздух, нетолерантен за тој огнен ветер на Љубовта. И тогаш ќе настапи крајот, зашто Бог ќе влезе во оваа микро вселена, доаѓајќи отаде времето, за да ги спаси оние, кои сепак нашле сили за да љубат.

Нашиот свет нема да биде погубен од антихристот. Самите ние ќе му допуштиме на антихристот да завладее со нашите срца. Кога, пак, тој ќе влезе со нашите души, ние ќе го сметаме за свој – а тој навидум ќе нè почитува, ќе ги оценува нашите сомнителни вредности, давајќи ни мноштво справедливост ред и чистота.

3.angeli.so.truba

„Љубовта ќе осиромаши.“

Ова не е казна, туку перспектива, откриена од погледот на Оној, од Кого е створен овој свет заедно со луѓето во него и нивните животни патишта и раскрсници. Во суштина, ова означува дека самиот збор љубов ќе ја изгуби смислата, ќе премине во групата на животински инстинкти, или добротворни настани. Но, она што се обидувал да ни покаже Андреј Рубљов низ своите икони, нема да може да се објасни со овој збор.

3.angeli.so.truba

Ќе ни остане само слободата да избираме помеѓу контрацептивните средства и виртуелно-добротворните цели, но ќе исчезне изборот меѓу земјата и Небото заради отсуство на највозвишеното во системот на вредностите. Луѓето ќе станат внатрешно плотски, дводимезнионални како паразитски црви, сочувувајќи ги само оние делови на организмот кои овозможуваат корист, апсорбирање и ослободување.

Обемот на душата ќе се претвори во опасен знак за политичка некоретност и нетолерантност, непредвидливост и нестабилност. Љубовта ќе осиромаши и светот ќе се сруши. Што ни останува освен заедно со апостолот на љубовта да ги повторуваме и повторуваме зборовите на последната надеж и последните зборови на последната книга од Книгата (Библијата) – Апокалипсата: „Да, дојди, Господи Исусе Христе!“

Та нели Твојата љубов е Твојот крст, на кој Ти беше распнат заради нас? И таа нема да угасне ниту во овој живот, ниту во вечноста. И единствено што можеме да направиме, е да се соединиме со таа љубов, како што се соединуваат честиците за живи и упокоени кон Агнецот во Евхаристијата.

Јеромонах Димитриј Першин

Извор: http://pravoslavie.mk.

Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/vremeto-na-ovoj-gnil-svet/ .

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/odgovori-na-sovremeni-problemi/17984-vremeto-na-ovoj-gnil-svet

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Отец Харалампиј Пападопулос: Не губи време…

Ќе ти кажам едноставно и човечки, од моето духовно ниво, кое е ниско и земно, зашто се уморив од сложени анализи.Не очекувај животот да те праша дали и колку издржуваш. Тоа никогаш нема да се случи.Не очекувај да се појават совршените услови, за да кажеш: „Ќе живеам!“. Живеј денес и грабни ги можно...

Image Description
3 years ago

За православното богослужение (2)

 Христијанството како свештен материјализам Литургијата (и богослужението воопшто) не претставува само молитви, туку содржи и физички дејствија, обреди или чинови. Според христијанското учење, човекот не е само душа, туку и тело, така што материјалното само по себе е добро. Во таа смисла, прав...

Image Description
3 years ago

Интернет надри-православие

Свети Јован Златоуст во IV век посакувал да има некакво средство со кое, целиот свет би можел да ги слуша неговите проповеди. Не за да се фали, туку сиот народ да чуе за Господ, за Евангелието на спасението. Во денешно време тоа е можно преку радио, телевизија, интернет и...