Каде е местото на срцето? – „последното место“- Дедо Наум

Example Admin User · 11 months ago

    2 minutes, 22 seconds


“Штом е во прашање „свадба“ на која има промена на местата за седење, тогаш во ова евангелско четиво не се зборува и не се мисли толку на есхатолошкото Царство Небесно, туку на Црквата којашто престојува во времето и просторот на овој свет и на нејзината Света Литургија – како предвкус на Царството;

а посебно се мисли на местата што свештенството ги зазема на Светата Литургија.

Како што е убаво речено: едно е да заземеш место по Божја волја, а друго е да заземеш место по Божјо допуштање.

Исто така, едно претставува последното место што го зазема некој откако ќе го засрамат,

а друго претставува последното место коешто повиканиот на свадбата сам, согласно Господовата заповед, си го зазема.

Кога некого прашале каде е местото на срцето, им одговорил кратко:

тоа е „последното место“. Седни на „последното место“ и срцето само се отвора за умно-срдечната молитва.

Токму тоа „последно место“ е скриениот подвиг на Богородица и жените мироносици, тоа е тајната на есхатолошкото свештенство.

Последното место во нашиот живот се пројавува преку несудењето и неосудувањето на другите.

Нема кого да суди и осудува тој што е подолу од сите други. Тоа е главна карактеристика на последното место.

Погоренаведеното е сосема спротивно од тоа да станеш монах во родната земја, но со претходно ветување дека ќе станеш епископ – без долгогодишен монашки подвиг и автентичен монашки пород, без внатрешно духовно покритие на умно-срдечната молитва, и дотолку да „декомпензираш“ од делузивен месијански порив, така што да сметаш дека со секуларни методи ќе спасуваш цела помесна Црква, или цела држава, или цел еден народ, или сето тоа заедно, и наместо добро, да направиш огромна духовна и општествена штета.

Така, според Господовите зборови:

секој што заради човечка слава се воздига себеси – значи, секој што бара внимание, почести и покорност од луѓе и себеси се смета за некој многу важен – ќе биде понижен; а оној, пак, кој се смирува себеси заради Бог, барајќи последно место низ подвигот на самоосудување, прифаќајќи дури и да биде отфрлен од сите, ќе биде воздигнат од Бог.

Сетете се на мачениците, јуродивите и вистинските монаси…”

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 14:1-11

1. Еднаш во саботен ден влезе кај еден од фарисејските старешини и јадеше леб; а тие пазеа на Него.
2. Одеднаш застана пред Него еден човек, болен од водена болест.
3. И кога одговори Исус, им рече на закониците и фарисеите, велејќи: „Дозволено ли е да се лекува во сабота?”
4. А тие замолкнаа. И како се допре, го излекува и го испрати.
5. Потоа им рече: „Кој од вас, ако му падне в бунар вол или осле, нема да го извади веднаш, и тоа во саботен ден?”
6. Не можеа да Му одговорат на тоа.
7. А кога забележа, како поканетите избираат први места, им кажа парабола и рече:
8. Ако те покани некој на свадба, не седнувај на првото место, за да не влезе некој од гостите со поголема чест од тебе,
9. и, да не дојде оној, што ве поканил и тебе и него, па да рече: »Отстапи го местото на овој!« и тогаш, засрамен ќе седнеш на последното место.
10. Но, кога ќе бидеш поканет, отиди и седни на последното место, та оној, што те поканил, штом дојде, да ти каже: »Пријателе, премести се погоре!« Тогаш ќе имаш чест од гостите, што седат со тебе.
11. Зашто, секој што се издига, ќе биде понизен; а тој што се понизува, ќе биде издигнат.”

Source: https://pokajanie.mk/2023/12/30/37361/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

Митрополит Струмички Наум: Романтичарска идеја за христијанството (09.12.2020 11:03)

 Митрополит Струмички Наум:Романтичарска идеја за христијанството (09.12.2020 ) Луѓето сакаат несметано да живеат некоја романтичарска идеја за христијанството, да се залажуваат со некаква сентиментална „љубов“ кон Бог и кон ближните, така што како да забораваат дека „животот“ е конкретен и де...

Image Description
2 months ago

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

  ВЕЛИКОПОСНАТА МОЛИТВА НА СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН 1 За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век на нашата ера. Оваа молитва се повторува на крајот на секоја ве...

Image Description
4 years ago

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла? (15.11.2020 16:51)Сум пишувал и порано на оваа тема, но изгледа дека повторно има потреба. Ајде да ја проследиме демонската помисла на славољубието, на гордоста, на високото мислење за себеси, од почеток до крај; додека да стане опсесија.Н...