Како Светата Православна Црква Ја почитува Божјата Мајка?

Example Super-Admin User · 8 months ago

    2 minutes, 13 seconds


 Како Светата Православна Црква Ја почитува Божјата Мајка? 


Од апостолските времиња па до наши дни, сите оние кои вистински Го сакаат Христос, Ја прославуваат Онаа Која Го роди, воспита и се грижеше за Него додека беше Дете. Ако Неа Ја одбра Бог Отецот, на Неа слезе Светиот Дух, Бог Синот се всели во Неа, Ѝ беше послушен во детството и се погрижи за Неа додека висеше на Крстот, тогаш нели е должен да Ја величи секој кој Ја исповеда Пресвета Троица?

Уште за време на Нејзиниот живот на земјата, Христовите другари, апостолите, Ѝ укажувале големо внимание и биле многу приврзани кон Господовата Мајка, а особено евангелистот Јован Богослов кој, исполнувајќи ја волјата на Нејзиниот Син, Ја зема кај себе и се грижееше за Неа како за мајка, од моментот кога Господ му рече од Крстот: „Еве ти Мајка“.

Евангелистот Лука наслика неколку икони со Неа, некои заедно со Предвечниот Младенец, а некои без Него. Кога тој ги донел и Ѝ ги покажал на Пресветата Дева, Таа ги одобрила и рекла: „Благодатта на Мојот Син нека биде со нив“, и ја повторила песната која била испеана во домот на Елисавета: „Го велича мојата душа Господа и се израдува мојот дух заради Господ, мојот Спасител“.

Всушност, Дева Марија во текот на Својот земен живот се засолнувала од славата, која како на Божја Мајка Ѝ припаѓала. Повеќе сакала да го минува животот во тишина, подготвувајќи се за заминување во вечниот живот. До последниот ден од Својот земен живот, Таа се трудела да се покаже достојна за Царството на Својот Син и за време на смртта се молела Тој да ја избави Нејзината душа од лошите духови, кои ги пресретнуваат човечките души на патот кон небото, пробувајќи да ги дофатат и да ги одвлечат со себе во пеколот. Господ ги исполни молитвите на Својата Мајка и во часот на Нејзиното заминување Самиот Тој слезе од небото со мноштво ангели и ја прими Нејзината душа.

Затоа што Божјата Мајка молела да може да се раздели со апостолите, Господ околу Нејзината смртна постела ги собрал сите апостоли, освен Тома. Со невидлива сила, тој ден, тие беа донесени во Ерусалим од сите краеви на светот во кои проповедаа, и присуствуваа на Нејзиниот блажен премин во вечниот живот.

Со свечени погребни песни апостолите го погребаа Нејзиното пречисто тело. После три дена тие го отворија гробот за уште еднаш да Ѝ се поклонат на Божјата Мајка, заедно со апостолот Тома, кој тогаш пристигна од Ерусалим. Но не наоѓајќи го телото во гробот, со двоумење се вратија дома. Тогаш, со блескава небесна светлина, во воздухот им се јави Самата Богородица и им рече дека Нејзиниот Син Ја прославил и дека Таа воскресната, стои пред Неговиот Престол. И уште им вети дека секогаш ќе биде со нив.

Апостолите со голема радост Ја поздравија Богородица и почнаа да Ја почитуваат не само како Мајка на нивниот сакан Учител и Господ, туку и како своја небесна Помошничка, Покровителка на христијаните и Застапничка на целиот човечки род пред Праведниот Судија. И секаде каде се проповедало Христовото Евангелие, почнале да Ја прославуваат и Неговата Пречиста Мајка.


Свети Јован Шангајски

извор:  Македонска Православна Црква - Охридска Архиепископија, Јустинијана Прима

Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2024/08/blog-post_28.html

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
10 months ago

Слово за денот на славното Вознесение според телото на нашиот Господ Исус Христос

   Слово за денот на славното Вознесение според телото на нашиот Господ Исус ХристосОној кој слезе, и Тој се вознесе, над сите небеса, за да исполни сè (небото и земјата) (Еф. 4,10).Горенаведените зборови ги земам јас, возљубени браќа и сестри, од посланието на Свети Апостол Павле до жителите на паг...

Image Description
6 months ago

Кога на момент би можеле да вложиме во Царството Божјо...

 Кога на момент би можеле да вложиме во Царството Божјо, ќе сфатиме дека онаа што ни се враќа е исклучително скапоцено.Толку скапоцено да во Неговото Царство нема време, нема страв, нема пречки, нема инфериорност, нема несигурност, нема кривица - ниедна работа која не мачи во овој живот.Оваа е благо...

Image Description
8 months ago

Христос ќе победи на крајот и правдата и вистината ќе надвладеат.

  Христос ќе победи на крајот и правдата и вистината ќе надвладеат.Дете мое, ние христијаните немаме ни пари ни моќи.Денес со овој свет владеат моќниците. Моќни држави, банки со многу пари, други, многу големи сили... Ние сме немоќни да се справиме со овие сили и природно е дека овие сили, многупати...