Кажувај – Нека биде волјата Твоја… Св. Јован Кронштадски

Example Admin User · 2 years ago

    3 minutes, 11 seconds


Bo ce’ и во секое време угодувај My на Бога и размислувај за спасение на својата душа од гревот и од ѓаволот, размислувај како Бог да ја усвои твојата душа.

Ако си станал од постела, прекрсти се и кажи:

„Bo името на Отецот и Синот и Светиот Дух”
и „Господи, удостој ме овој ден да се запазам од секаков грев и научи ме да ја творам волјата Твоја”.

Кога ќе се измиеш, во куќата или во купатилото, кажи:

„Пороси ме co исоп, и ќе бидам чист; измиј ме и ќе бидам побел од снег” (Пс 50, 7). Кога облекуваш чисти алишта,
размислува] за чистотата на срцето и барај чисто срце од Господа:

„Создај чисто срце во мене, Боже”;

ако си сошил нова облека и ако ја облекуваш, помисли на обновување на духот и кажи:

“И нов и прав дух стави во мене, Господи” (Пс 50,10);

ако co омаловажување ja одложуваш старата облека, co уште поголемо омаловажување помисли на одложување на стариот човек, грешен, страсен и телесен; ако вкусиш леб или слатки, помисли на вистинскиот леб кој на душите им дава вечен живот – на Телото и Крвта Христова, и биди гладен за тој леб, т.е. посакувај почесто co него да се причестуваш;

ако пиеш вода или чај, co мед или слатки, или некое друго пиење, помисли на вистинското пиење кое ja гаси жедта на душата разгорена од страстите – на пречистата и животворната Крв на Спасителот;

доколку се одмараш во текот на денот, помисли на вечната почивка за оние кои тука се борат co гревот, co духовите на злобата на поднебесјето, co човечките неправди, co незнаењето и co човечката грубост;

кога ноќе ќе појдеш да спиеш, помисли за смртниот сон, кој порано или подоцна, задолжително ќе ни пристапи на сите нас, и на онаа мрачна, ужасна, вечна ноќ во која ќе бидат фрлени сите непокајани грешници;

кога го дочекуваш денот, помисли на незалезниот, вечен, пресветол ден, многу посветол од овој наш сончев ден – на вечниот ден во Царството Небесно, во кое ќе се радуваат сите кои My угодиле на Бога или од се срце се покајале пред Бога во овој привремен живот;

ако некаде одиш, мисли за правината на духовното чекорење пред лицето Божјо и зборувај:

„Управувај ги стапките мои според Твоето слово и не допуштај co мене да овладее никакво беззаконие” (Пс. 118, 133).

Доколку нешто работиш, обиди се тоа дело да го извршуваш co мисла за Бога Творецот Кој се создал co бесконечна премудрост, co Својата добрина,

Својата семоќ, Кој и тебе те створил по својот образ и подобие.

Ако добиеш или поседуваш пари или некое богатство, помисли дека нашето неисцрпно богатство, од Кое потекнуваат сите богатства на душата и телото, нашиот Извор од кој непрекинато истекуваат сите богатства – е Бог, а тогаш заблагодари My од сѐ срце и не го заклучувај своето богатство кај себе, за да не си го заклучиш и влезот во твоето срце за непроценливото и живо богатство – за Бога.

Напротив, од своето богатство подели на оние на кои им е потребно, на своите сиромашни браќа, бидејќи тие и се оставени во овој живот, за ти, на нив, да би можел да ја докажеш својата љубов и
својата благодарност на Бога и за тоа да се удостоиш во вечноста од Бога за добиеш награда.

Погледнеш ли бел, сребрен сјај, т.е. сребро, не измамувај се co него, туку помисли дека и твојата душа треба да биде бела и да заблеска co делата Христови.

Ако пак видиш златен cjaj или злато, не измамувај се од него, туку помисли си дека твојата душа треба да стане како co оган исчистено злато и дека Господ сака и тебе самиот да те просветли како сонце во вечното, светло Царство на Својот Отец, помисли си дека ќе го видиш вечното, незалезно Сонце на правдата, Бог во Трите Ипостаси, Пресветата Владичица Богородица и сите небесни сили, и свети луѓе, исполнети co неискажлива светлина, како блескаат co излевање на светлина.

+++

Нека биде волјата Твоја.

На пример, кога сакаш и co сите сили се трудиш да се ослободиш од болеста и да оздравиш, но и покрај тоа остануваш болен, кажи:

Нека биде волјата Tвoja;

кога нешто преземаш, а твоето преземање никако не успева, кажи:
Нека биде волјата Твоја;

кога на другите им правиш добро, a на тебе ти плаќаат co лошо, кажи:
Нека биде волјата Твоја.

Нималку не се разбеснувај ако се случува нешто спротивно на твојата волја.

Научи се во cѐ да се покоруваш на волјата на Отецот небесен.

Ти би сакал воопшто да немаш искушенија: меѓутоа, непријателот секојдневно те мачи co нив, те разгорува и на сите начини те измачува; не разбеснувај се, туку кажи;

Нека биде волјата Твоја.

Пренесено од книгата “Како да достигнеме светост” од Св. Јован Кронштадски
Подготви Мина Даниловска

Source: https://pokajanie.mk/2022/07/27/34843/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
9 months ago

Злото не доаѓа од Бога, тоа е создадено од луѓето...

 Злото не доаѓа од Бога, тоа е создадено од луѓетоВреме е вистината што произлегува од теологијата на Црквата да заблеска.А ова е: злото не доаѓа од Бога, ниту постои во Него, ниту Тој го создал од почетокот, ниту е дел од Божјата природа;Луѓето го создале го изгубиле концептот за добро и така почна...

Image Description
10 months ago

Како духовно да го започнете денот

Како духовно да го започнете денотПрисилете се да се разбудите рано наутро со овој распоред. Штом ќе се разбудите, свртете го умот кон Бога: направете Крстен знак и заблагодарете Му за ноќта што помина и за сите Негови благослови за вас.Побарајте од Него да ги води сите ваши мисли, чувства и желби,...

Image Description
6 months ago

„Духовниот живот бара храбри одлуки... Светлината и темнината заедно не можат да постојат“

 Духовниот живот бара храбри одлуки... Светлината и темнината заедно не можат да постојатМногу луѓе одат и многупати ги признаваат истите гревови.Секоја година пред големите празници истата фраза: Знаеш Отец, ова го правам цело време, што да правиме сега, не ти е досадно, работите не се менуваат. Се...