Кое е – неправедно богатство? (Дедо Наум)

Example Admin User · 4 years ago

    1 minutes, 44 seconds


Неправедно богатство (03.12.2020 15:34)

Деца, го слушнавте денешното евангелие: „И Јас ви велам: создадете си пријатели со неправедно богатство, па кога осиромашите, да ве примат во вечните живеалишта“ (види: Лука 16, 1–10).

Кој е тој несправедлив настојник; со какво неправедно богатство управува и располага; и зошто Господ го пофалил?

Секој еден од нас е несправедлив настојник. Ако сега не ти е јасно – читај понатаму.

Неправедно богатство е сѐ она што Бог ни го дарувал и надвор од Црквата, а уште повеќе сѐ она внатре во Неа.

Самото наше постоење и целиот наш живот е дар Божји, а камоли благодатната можност што во Црквата ја добиваме за благобитие и за вечно благобитие.

Со сите овие природни и благодатни дарови ние слободно управуваме и располагаме.

Господ го пофалил несправедливиот настојник затоа што, на крајот од управувањето, му текнало дека не со свое богатство располага, туку со туѓо, и така полесно можел да се истргува со должниците; оти туѓото со кое располагаш ти доаѓа како некој вишок.

Така и сите ние (а посебно оние што се поставени на високи позиции во која било област од животот на општеството), ако простуваме и ако покажуваме милост, со конкретна помош, кон оние кои душевно и телесно страдаат, само од нашиот вишок – од сѐ она, духовно и материјално, со кое Бог нѐ дарувал, ќе бидеме пофалени од Господарот на нашите животи, односно откако крајно ќе осиромашиме од живот, ќе бидеме примени во вечните живеалишта.

Е, сега, ако се вложиме себеси со целото свое срце, со целиот свој разум, со целата своја душа и со сите свои сили во Божјото дело и ако согориме во тоа давање, за спасение на човекот и светот, тогаш нашиот Небесен Отец за друго ќе нѐ смета и со други зборови ќе ни се обрати, односно не како на настојници, туку како на законски наследници и сопственици.

Што ли тогаш човек, и како, да каже за Богородица и Секогашдева Марија?

На несправедливиот слуга, вообичаено, на крајот од животот му текнува дека сѐ е суета и ништавило пред неизбежната и неискажлива средба со Живиот Бог,

а малата Марија на почетокот од својот живот согоре во Светињата на Светињите, во копнеж за лична средба со Оној Кој што Е – Вечносуштниот, за на сите нас да ни засветли вечно, како Светилник на несоздадената светлина, кој нѐ води и спасува низ бурното море на овој живот, кон сигурното пристаниште на Очевите прегратки, преку Христос во Светиот Дух.

Пресвета Богородице, спаси нас!

Митрополит Струмички Наум

Source: https://pokajanie.mk/2020/12/03/30080/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

Свети Григориј Богослов

СВЕТИ ГРИГОРИЈ БОГОСЛОВ Поет меѓу епископите, подвижник со божествена убавина, човек, кој до богопознанието дошол преку љубовта и преку евангелскиот начин на живеење, а се издигнал на висината на духовното набљудување на несогледливите Божји тајни – ете така накусо би можела да се дефинира ли...

Image Description
4 years ago

Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

  Секташко однесување во Црквата (17.10.2020 09:41)(Да застанеме смирено, да стоиме со страв)Браќа, ве молам, во името на нашиот Господ Исус Христос, сите вие да зборувате едно и исто, и помеѓу вас да нема делење, туку да бидете соединети во еден дух и во една мисла.Оти од домашните на Хлој чув...

Image Description
10 months ago

24. Недела по Педесетница – д. Наум „…Некои луѓе бараат чуда…“ од горе за да поверуваат.

“Некои луѓе бараат чудо од горе за да поверуваат. Забораваат дека чудото ја ограничува слободата на човекот и, на некој начин, го принудува да верува, состојба која се коси со слободата на православната духовност. Односот со Бог треба да го градиме слободно и љубовно, а Бог знае точно кога и како да...