Кратка историја на Антиохиската Патријаршија

Example Super-Admin User · 4 months ago

    4 minutes, 5 seconds


Антиохиската Патријаршија е автокефална помесна православна црква која зазема трето место во диптихот на автокефалните помесни цркви. Таа е една од четирите древни патријаршии на Истокот. Според преданието, основана е околу 37 година во градот Антиохија (денешна Антакија, во Турција) од апостолите Петар и Павле. Од Делата апостолски дознаваме дека по маченичката смрт на првомаченикот Стефан (во 35 година) мноштво Христијани го напуштиле Ерусалим и нашле засолниште во Антиохија. Од таму своите мисионерски патувања ги почнале светите апостоли Варнава и Павле. Според сведоштвото на светиот апостол Лука: „Најнапред во Антиохија ги нарекоа учениците христијани“ (Дела 11, 26). Антиохија била центарот на христијанството надвор од Палестина, и местото од каде што христијанската вера била проповедана во светот.

Се смета дека прв епископ на Антиохија бил самиот апостол Петар. Негов наследник е Евод, кој пак е наследен од светиот Игнатиј Богоносец, кој, според преданието, е првиот кој ги научил луѓето да се крстат со три прста, во името на Света Троица, обичај што го имаме до ден-денес.

Од 451 година Антиохиската Црква има статус на патријаршија. Помеѓу Црквите кои се произлегле од Антиохиската црква, односно нејзини т.н. „ќерки Цркви“ се: Цариградската патријаршија (која стекнала автокефалност во 381 година), Кипарската Црква – чија автокефалност била признаена во 431 година и Грузиската Црква – на која Антиохиската црква ѝ доделила автокефален статус во 486 година.

Во Антиохија се развила богословска школа, која била еден од двата главни богословски центри – другиот бил во Александрија. Иако од Антиохија произлегуваат мноштво велики богослови и заштитници на верата, како светиот Јован Златоуст и, подоцна, свети Јован Дамаскин, и иако антиохиската школа била основоположник на православната христологија, сепак нејзиниот сјај бил засенет со тоа што од таму произлегле и некои еретици, како Нестор – Цариградски Патријарх (како и Златоуст), и Севир Антиохиски. Христолошките спорови довеле и до одвојување на дел од христијаните од Антиохиската Црква во т.н. Дохалкидонски Цркви, кои постојат до денес.

Во 637 година Сирија паднала под власт на Арапите-муслимани. Положбата на христијаните значително се влошила, бидејќи Арапите во нив гледале не само „неверници”, туку и сојузници на Византија. Поради оваа причина, антиохиските патријарси биле принудени да живеат во прогонство во Константинопол, а по смртта на Патријархот Георгиј II (околу 702 година) линијата на патријарсите била целосно прекината. Обновена е во 742 година кога калифот во Сирија дозволил да се избере сириски монах за антиохиската катедра.

Византискиот император Никифор II Фока (963-969), извојувал низа победи над Арапите и ја ослободил Антиохија, по што следувал краток период на обновување на Антиохиската патријаршија.

Во 1084 година, Турците-селџуци завладеале со Антиохија. А во 1097 година во Источното Средоземје се појавиле крстоносците. Латините ги гледале православните христијани како неполноправни христијани. Па затоа, веќе во 1100 година, Антиохискиот Патријарх бил истеран од Антиохија, а на негово место бил поставен латински прелат. Латинските патријарси наскоро започнале да ги заменуваат и другите православните епископи со католички, во освоените територии. Антиохиската катедра повторно морала да биде во егзил во Константинопол. Од егзил, Патријархот се вратил во 1269 година. До 1291 година, крстоносците ги изгубиле своите последни поседи на Истокот, но христијаните, кои во XI век сочинувале речиси половина од населението на Сирија и Палестина, во рок од 200 години биле речиси целосно уништени, смалувајќи се до мали групи од локалното население.

Во 1342 година катедрата на Антиохиската патријаршија била префрлена во Дамаск, каде што останува до денес. Седиштето се наоѓа на улицата „Права“, која е спомната во Делата апостолски (9, 10-12).

Во 1517 година, Дамаск бил окупиран од Отоманската империја, и Антиохискиот Патријарх се нашол под административно раководство на Константинополскиот Патријарх.

На почетокот на XVIII век во Антиохиската православна црква се појавило движење кое застапувало унија со Рим. Како последица на тоа движење се оформува Мелкитската гркокатоличка (унијатска) црква.

Во 1860 година, сириските христијани доживеале трагедија кога во Дамаск се случил погром и бил уништен значителен дел од христијанската заедница на градот, а сите цркви биле разурнати.

Во април 1899 година бил избран првиот арапски патријарх Мелетиј (Думани). Оттогаш се задржала праксата на избирање антиохиски патријарси од редовите на православните Арапи.

Во 1923 година, на Соборот во Константинопол, Антиохиската Црква го усвојува за користење новиот календар.

Јурисдикцијата на Антиохиската Патријаршија денес се протега на териториите на Сирија, Либан, Ирак, Иран, Кувајт, Обединетите арапски емирати, Бахреин, Оман, дел од Турција и Катар (за чија јурисдикција има спор со Ерусалимската патријаршија). Антиохиската патријаршија има значајна дијаспора на Американскиот континент, во Западна Европа и во Австралија, каде што има бројни иселеници од Сирија и Либан. Освен иселениците, Антиохиската Патријаршија во дијаспората е позната по својата мисија преку која во православната вера преминуваат значителен број верници. Се смета дека од вкупно 7,5 милиони верници на Антиохиската Патријаршија 5 милиони се во дијаспората.

Антиохиската Патријаршија е официјално именувана Грчка (на арапски јазик „Рум“, т.е. „Римска“) православна патријаршија на Антиохија и на целиот Исток.

Целосната титула на поглаварот на оваа црква е: Блаженејши Патријарх на Великиот Божји град Антиохија, Сирија, Арабија, Киликија, Иберија, Месопотамија и на целиот Исток.

Source: https://liturgija.mk/bogoslovie/istorija/kratka-istorija-na-antiohiskata-patrijarshija/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
3 months ago

Живот во изобилие

 Живот во изобилиеI„Јас дојдов за да имаат живот вечен и да имаат изобилие“ ( Јован 10:10 ).Спасителот сака да ни даде изобилен духовен живот. Бескрајно снисходлив кон човечките слабости, секогаш спремен да сочувствува со нашите слабости, Тој, сепак, сака да нè види силни, цврсти, непоколебливи во н...

Image Description
2 months ago

Недела 32. по Педесетница

Пишува: Игумен Фотиј, манастир Св. Јоаким Осоговски Возљубени во Господа браќа и сестри, народ Божји. Собрани денеска во светата Црква, се радуваме на сите заеднички молитви кои ги принесуваме заедно сега и постојано преку целиот живот, во секој момент. Се радуваме што сме собрани заедно, на едно...

Image Description
4 months ago

Како можам да ја дознаам Божјата волја за мене?...

 Како можам да ја дознаам Божјата волја за мене?Која е Божјата волја за мене? Што треба да направам во ситуација на избор? Кој треба да биде мојот пат во овој живот? Овие прашања, во суштина, се најважни за секој верник. На крајот на краиштата, ако јас не дојдов на овој свет по моја волја, ако Бог м...